CafeDelMar
Luminance
- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 6.507
- Поени од реакции
- 14.693
Морав да те цитирам.Зрна кафе
Потребни состојки:
- 250 гр. шеќер
- 75 мл. вода
- 125 гр. маргарин
- 100 гр. ореви
- 100 гр. мелени бисквити
- 80 гр. + 100 гр. чоколада за готвење
- 1-2 лажички кафе (македонско или нес по избор)
- 3 лажици зејтин
Подготовка:
Во сад на шпорет ставете го шеќерот заедно со водата 3-4 минути да проврие и да се растопи. Тргнете од шпорет и додајте ги маргаринот и 80 гр. чоколада за готвење и мешајте додека не се растопи. Истурете ги мелените ореви, бисквитите и кафето, па мешајте додека да се соединат состојките. Кога ќе се излади смесата формирајте топчиња со големина на орев и со помош на чепкалка хоризонтално поставена направете вдлабнување по средината на топчињата за да добиете облик на кафе. Оставете ги убаво да се изладат, а потоа направете глазура од 100 гр. стопена чоколада за готвење со 3 лажици зејтин, па секое зрно кафе потопете го во глазурата и повторно со чепкалка направете вдлабнување.
За глазура на овие слатки оди околу 150 грама чоколада за готвење, да си спремате навреме или да ги правите поголеми за да заштедите на чоколадо. ( барем кај мене беше така)