D
dystopian
Гостин
Oтсекогаш сум се прашувал што е тоа што ги мотивира негативците а и нивните главни помошници во многу од филмовите. Значи гледаат како главниот протагонист/херој со леснотија масакрира цели легии нивни ко-заговорници, обично на грозоморен и крвав начин. Сите рационални луѓe на светов во таква ситуација веднаш би избегале или барем би се посрале вo гаќи.
Но, што прават тие? Дали бегаат? Не, тие остануваат и се борат против херојот, за потоа да умрат на ужасен начин. Ама замислете ја храброста потребна за да се стори тоа. Да застанеш и да се бориш за твоите злобни идеали покрај сознанието дека шансите за преживување се премали, речиси непостоечки. Мислам дека сите ние треба да ги погледнеме овие момци во ново светло и да почнеме да ја почитуваме нивната храброст и посветеност. Сепак, тоа е само мое мислење...
Зошто веќе има тема "најиритирачки филмски негативци", овде набројте ги тие негативци за кои сте навивале, ако има такви... Кажете и зошто.