Логично е дека Барни и Робин нема да бидат уште отсега заедно, не иде во сериите хепи-енд на средина на сезона. Но како го решија, кога ќе го искомбинирам со некои cheesy шали кои ги има во секоја сезона, само потврдува дека некои од сценаристите или се деца, или пак се неталентирани шовинисти.
Да демонстрирам што не научи епизодава:
Кога машко одлучува со која жена да биде, он мисли длабоко и си ги враќа сите моменти и едноставно знае.
Кога женско одлучува, го прашува едниот "Абе, зашо сакаш да си со мене?", го прашува другиот "Абе зашо сакаш да си со мене?" и кој даде подобар одговор, оди со тој.
Дебилно, детско, шовинистичко...