Православието ерес или вистина?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
]
Мики1 , незнам што ти е денес, но си невозможен друже.... Не ти е денот изгледа...
Јасно е дека крштевањето на бебињата стапи на сцена кога почна да се развива идејата за „Оригиналниот грев“ (гревот на родителите). И крштевање не е само да те исчисти од гревовите ... Жално е што јас како неверник треба да ви ги кажувам овие работи на вас „разбудените“...
Nessa,

почнуваш да „звучиш„ ка протестант, кој смета дека верата во Христа постои откако (протестантот) го допрел Светото Писмо...

Крштевањето постои од кога постои Црквата Христова, како една од 7-те Свети Тајни. Црквата не измисли кртштевање на бебешка возраст „подоцна„ или не знам кога, оти ако Црквата практикува крштевање, тогаш или практикува или не практикува. Кршетавето не го измисли Црквата, туку е заповед Христова, во која не постои гарница на возраста ради која некој треба или не треба де биде крстен. Да, во раниот период од Црквата, услов за крштевање не било простото прифаќање на верата, туку постоеле и минимални услови, како на пример, присуството и подучувањето на идните рисјани за содржината од верата од страна на свештенство. Од 2-от век, постои кумството, така да „недостатоците„ кои ги имаат бебињата, ги превзема кумот, кој и самиот треба да е верник.

Од друга страна, ако чекаме на исполнување на протестантските услови за крштевање, како моментот каде идниот верник треба прво да поверува па дури потоа да се крсти, таман работа: до тогаш, човекот може да биде згазен од кола на пешачки премин и онака некрстен, да го напушти овој Свет, па за него ќе биде уште полошо да умре некрстен, отколку да биде крстен на бебешка возраст.

Во крајна инстанца, зашто на Христа воопшто Му треба(ше) крштевањето од Јована? Тоа е клучната работа, а не возраста на која некој треба или не треба да се крсти.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ај, биди ми поздравен и пријатен о(п)станок на форумов. На вакви прилепско-битолски квази-духовитости и агресивност, веќе сум навикнат....
Во право си Мики, тоа Битолчаните за ништо не ги бива...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Nessa,

почнуваш да „звучиш„ ка протестант, кој смета дека верата во Христа постои откако (протестантот) го допрел Светото Писмо...

Крштевањето постои од кога постои Црквата Христова, како една од 7-те Свети Тајни. Црквата не измисли кртштевање на бебешка возраст „подоцна„ или не знам кога, оти ако Црквата практикува крштевање, тогаш или практикува или не практикува. Кршетавето не го измисли Црквата, туку е заповед Христова, во која не постои гарница на возраста ради која некој треба или не треба де биде крстен. Да, во раниот период од Црквата, услов за крштевање не било простото прифаќање на верата, туку постоеле и минимални услови, како на пример, присуството и подучувањето на идните рисјани за содржината од верата од страна на свештенство. Од 2-от век, постои кумството, така да „недостатоците„ кои ги имаат бебињата, ги превзема кумот, кој и самиот треба да е верник.

Од друга страна, ако чекаме на исполнување на протестантските услови за крштевање, како моментот каде идниот верник треба прво да поверува па дури потоа да се крсти, таман работа: до тогаш, човекот може да биде згазен од кола на пешачки премин и онака некрстен, да го напушти овој Свет, па за него ќе биде уште полошо да умре некрстен, отколку да биде крстен на бебешка возраст.
Ете така бе Мики, знам дека си тука некаде... Како луѓе да се разбереме. :)
Ај сега оставам простор на Нокиа да ти одговори, бидејќи тој се декларира како Протестант, па кое е неговото гледиште на ова...
(Не за друго да не ја свртиме дискусијата помеѓу верници и неверници повторно :) )
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
ти мислиш дека ова е Ринг! ако сакаш да почнеме, Јас сум протестант, пентакосталец. Повели почни гледам храбар си, ама спреми се да одговараш и образложуваш нововерства од вашата заедница која ја нарекуваш црква
Аман бе ај протестант, па уште еден епитет си додаваш ПЕНТАКОСТАЛЕЦ:P

Нововерства??!??

Ти си СТАРОВЕРЕЦ ли?

Ај додека е млада темава кажи на што дрога си, за да го предвидиме текот на дискусијата, бива?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Можеби негирате еволуција на живиот свет, ама еволуцијата на религиите мора да ја признаете.
Јас се откажав и разочарав за да ве читам на другата тема за еволуцијата. Ама кажете ми го убедивте Мики1 дека постои еволуција, стана нешто јасно :D
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас се откажав и разочарав за да ве читам на другата тема за еволуцијата. Ама кажете ми го убедивте Мики1 дека постои еволуција, стана нешто јасно :D
Ќе го разјасниме со кригла пиво, на тоа остана:)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас се откажав и разочарав за да ве читам на другата тема за еволуцијата. Ама кажете ми го убедивте Мики1 дека постои еволуција, стана нешто јасно :D
Да де, еве, ја више признав (јавно!) дека се откажувам од верата и дека се приклонувам кон еволуцијата, а све то ради онија клипојне што и глеав, по препорака од BDack-от....:pos:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Не си до толку запознаена изгледа, штом поставуваш вакви прашања...
Матеј 3
13 Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него.
14 А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?”
15 А Исус му одговори: „Позволи го сега тоа, зашто така ни прилега да ја исполниме сета правда.” Тогаш тој Му позволи.
16 А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17 И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!”
--- надополнето: Nov 15, 2011 1:51 PM ---

Мики1 , незнам што ти е денес, но си невозможен друже.... Не ти е денот изгледа...
Јасно е дека крштевањето на бебињата стапи на сцена кога почна да се развива идејата за „Оригиналниот грев“ (гревот на родителите). И крштевање не е само да те исчисти од гревовите ... Жално е што јас како неверник треба да ви ги кажувам овие работи на вас „разбудените“...
Сигурно е тоа дека јас не сум доволно запознаена со христијанството. Јас не се пофалив дека ја знам Библијата на памет и дека знам најправилно да ја толкувам. Ниту пак се декларирав како експерт теолог.
Само кажувам мое мислење, мое сфаќање и размислување кое е настанато како резултат на читање (освен на Библијата) на книги со христијанска верска содржина.
На крајот на краиштата поставува прашања тој што е целосно незапознаен со нешто или пак што недоволно разбрал. Само не знам како некој кој исто така не е теолог да оценува дали другиот делумно, целосно или воопшто е (не) запознаен со некоја тематика која и тој не ја знае. Туку исто така лаички ја чита и толкува.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Да де, еве, ја више признав (јавно!) дека се откажувам од верата и дека се приклонувам кон еволуцијата, а све то ради онија клипојне што и глеав, по препорака од BDack-от....:pos:
Ни треба пак дружба... Ептен забегавме .... Да организирам пак? :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да де, еве, ја више признав (јавно!) дека се откажувам од верата и дека се приклонувам кон еволуцијата, а све то ради онија клипојне што и глеав, по препорака од BDack-от....:pos:
Море признај ти се припи пак пивце во добро друштво.....признај...:D
Ни треба пак дружба... Ептен забегавме .... Да организирам пак? :)
Обавезно
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Сигурно е тоа дека јас не сум доволно запознаена со христијанството. Јас не се пофалив дека ја знам Библијата на памет и дека знам најправилно да ја толкувам. Ниту пак се декларирав како експерт теолог.
Само кажувам мое мислење, мое сфаќање и размислување кое е настанато како резултат на читање (освен на Библијата) на книги со христијанска верска содржина.
На крајот на краиштата поставува прашања тој што е целосно незапознаен со нешто или пак што недоволно разбрал. Само не знам како некој кој исто така не е теолог да оценува дали другиот делумно, целосно или воопшто е (не) запознаен со некоја тематика која и тој не ја знае. Туку исто така лаички ја чита и толкува.
Вистински верник не поставува прашања туку ги одговара. Вистински верник ги знае сите одговори бидејќи така е запишано во Библијата. Ако некој се декларира како верник има фино лепо да седне и да си ја прочита Библијата и да оди по неа. Нема трте-мрте од стилот, Јас верувам ама... читам и други книги и таму не е така напишано... Во тој случај неможеш да се декларираш како верник.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Вистински верник не поставува прашања туку ги одговара. Вистински верник ги знае сите одговори бидејќи така е запишано во Библијата. Ако некој се декларира како верник има фино лепо да седне и да си ја прочита Библијата и да оди по неа. Нема трте-мрте од стилот, Јас верувам ама... читам и други книги и таму не е така напишано... Во тој случај неможеш да се декларираш како верник.
Каде јас се декларирав како верник? Прочита некаде?
И ако ти си неверник(еве јас не знам што си) од кај знаеш каков треба да биде верникот? Да не имаш разговарано со Митрополитот струмички Наум или пак со пасторот Иван Грозданов или со некој друг?

До: Nokia Music

Морам да се извинам што ми требаше време да ги најдам цитатите од Библијата од проста причина што кога имав намера да пишам пост на овој подфорум немав спремено цитати. Сметав дека ќе се дикутира без голема потреба на постирање на стихови. Иако се' парцијално читаше и цитираше од овие досегашни мои два-три поста, сепак еве ги:

Дела 16 глава 33 стих
„Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни.“
Дела 18 глава 8 стих
„А Крисп, началник на синагогата поверува во Господа заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани слушајќи го Павле поверуваа и беа крстени.“
Дела 16 глава 15 стих
„А кога беше крстена таа и нејзините домашни не замоли и ни рече...“

Е сега ако може да ми кажеш. Во сите овие куќи немало деца т.е. сите биле бездетни семејства (не можеле да имаат деца или пак не ја исполнувале Господовата заповед) или пак апостолите ги игнорирале децата, броеле денови да наполнат 18 и потоа доаѓале да ја извршат својата должност? Нешто од ова мора да е? Или нешто сосема друго?






 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
А зошто вие не ги љубите Православните? Нели во ист Бог верувате? Зошто толку омраза?
Нема омраза кај сите.
Ја ги љубам ( - го користам твојот израз) сите кои го прифатија Господ Бог Исус Христос за свој личен спасител.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom