MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Nessa,]
Мики1 , незнам што ти е денес, но си невозможен друже.... Не ти е денот изгледа...
Јасно е дека крштевањето на бебињата стапи на сцена кога почна да се развива идејата за „Оригиналниот грев“ (гревот на родителите). И крштевање не е само да те исчисти од гревовите ... Жално е што јас како неверник треба да ви ги кажувам овие работи на вас „разбудените“...
почнуваш да „звучиш„ ка протестант, кој смета дека верата во Христа постои откако (протестантот) го допрел Светото Писмо...
Крштевањето постои од кога постои Црквата Христова, како една од 7-те Свети Тајни. Црквата не измисли кртштевање на бебешка возраст „подоцна„ или не знам кога, оти ако Црквата практикува крштевање, тогаш или практикува или не практикува. Кршетавето не го измисли Црквата, туку е заповед Христова, во која не постои гарница на возраста ради која некој треба или не треба де биде крстен. Да, во раниот период од Црквата, услов за крштевање не било простото прифаќање на верата, туку постоеле и минимални услови, како на пример, присуството и подучувањето на идните рисјани за содржината од верата од страна на свештенство. Од 2-от век, постои кумството, така да „недостатоците„ кои ги имаат бебињата, ги превзема кумот, кој и самиот треба да е верник.
Од друга страна, ако чекаме на исполнување на протестантските услови за крштевање, како моментот каде идниот верник треба прво да поверува па дури потоа да се крсти, таман работа: до тогаш, човекот може да биде згазен од кола на пешачки премин и онака некрстен, да го напушти овој Свет, па за него ќе биде уште полошо да умре некрстен, отколку да биде крстен на бебешка возраст.
Во крајна инстанца, зашто на Христа воопшто Му треба(ше) крштевањето од Јована? Тоа е клучната работа, а не возраста на која некој треба или не треба да се крсти.