Што користиш ти од one ?
Ние тука споменавме дека префрлување на број од една во друга фирма трае толку време, а ти ако користиш 3 во 1 пакетот(1300денари или колку и да беше..) од предтоа, нормално дека нема потреба да се префрлуваш, туку самите ќе ти префрлат ..
Еве јас ќе се надоврзам на ова, јас имам фикс/нет/тв, и бев во саботата во салон, потпишав некаква согласност за миграција на пакет, ама системот не го прифаќаше барањето, според зборовите на продавачката поради огромната навала која ја имале уште првиот ден, и пребукирани биле. Денес бев пак и статусот на барањето е сеуште на чекање. Со оглед дека морав да потпишам такво барање, нема да оди префрлањето автоматски, барем во овој момент не им е така спроведено тоа, туку мора со миграција на пакет.
Што се однесува за дечкото со WADSL, кому му рекле да му истече сегашниот договор, па после да се префрли на жичан интернет, само му препорачувам да не дозволува договорот сам да истече, туку да го најави прекинувањето на време, зошто барем во мојот договор стои, ако не се најави прекинот најмалку еден месец пред истек, договорот автоматски се продолжува.