- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Точно така, човекот е грешен и постојано прави гревови. Но мораме да имаме предвид дека некои од тие гревови се и накалемувањето на човечки учења и традиции врз Христовото изворно учење и праксата на апостолската црква. Некои од тие се:Covekot e gresen, takov se rodil i postojano pravi grevovi, se ona sto se slucuvalo vo vrska so inkvizicijata, ili bilo sto vo katolickata i pravoslavnata crkva e od luge, toa ne e od Gospod,
- Изработувањето на икони, нивното осветување, кадење, молење пред нив и сл.
- Молитви упатени кон починати верници (ткн. светци)
- Култивизирањето на блажената Марија (богородица) со идолопоклонски титули (над 40 во православието и над 50 во католицизмот!).
- Култот на моштите
- Митарствата
- Принесување бескрвни жртви (свеќи) за живи и мртви, за здравје, бериќет и сл.
- Осветување водички и изработување на разни фетиши.
- Монаштвото
- Побратимувањето на црквата со власта и политиката (најстрашното нешто што може да и се случи на една црква)
Итн.
Сите овие човечки традиции, историски и објективно гледано, си имаат свој корен во паганските религии кои си постоеле и пред христијанството. Ништо од ова не можеме да најдеме во учењето и праксата на Христос и апостолите. Апостолите биле скромни и понизни, никој од нив не подавал рака за да му ја бацат, никој од нив не се кител со свештенички одора и огромни златни крстови со цел да добие почит и авторитет од луѓето и сл.
Историски и канонски гледано (Согласно тогашните канони на црквата) православните се одделија од католиците. На 16 Јули 1054 година папските легати на чело со кардиналот Хумберт, во името на папата Лео IX, го екскомуницирале патријархот на Константинопол (Михаел Керулариј) по што тој престанува да биде член на католичката црква (согласно нејзините канони).Rimokatolicite vo 1054 godina se odvoija od Pavoslavieto i otidoa vo raskol,
Понатаму источната црква продолжува да го следи анатемисаниот патријарх со што јасно се отцепува од мајката католичка црква.
Се разбира долго време пред тоа и целата католичка црква забегала со новотариите што ги вовеле во црквата и се оддалечиле од првобитното Христово учење, но тоа е друга приказна. Затоа е потрбно и неопходно итно враќање кон првобитното изворно библиско Христово и апостолско христијанство запишано во евангелијата, делата на апостолите, посланијата т.е. во Новиот Завет.
Христос помеѓу нас!