Поранешниот главен научник во FDA кој бил задолжен за клинички студиии во истражувањето за ласерска хирургија на око популарно познат како LASIK, апелира до јавноста за поддршка за запирање на LASIK
FDA (Food and Drug Administration) ја одобрила употребата на ласерската хирургија на очи по негова препорака.
Денес тој признава дека додека тој бил задолжен за истражувањата немале начин да ги контролираат резултатите од клиничките студии кои им ги праќале од компаниите и се потпирале на индустријата да им испраќаат искрени резултати за несаканите ефекти.
Но, според него, се покажало дека индустријата испраќала пристрасни резултати во кои негативни ефекти имало кај 1% процент, за разлика од 20% во шестмечесниот период после одобрувањето на LASIK.
Тој вели дека од одобрувањето, операција имаат направено милиони луѓе, а кај значајно малцинство од нив имало непоправливи негативни ефекти. Пациентите се жалеле на суви очи, непопустлива болка и проблеми со гледањето кои не можат да се поправат со очила или со леќи.
Тој повикува ако сте имале проблеми или познавате некој кој имал да потпишете петиција за запирање на LASIK и за правење на независни испитувања.
Ова не е нова порака, човеков се обраќа до јавноста можеби две или три години, ама текстов ќе ви помогне подобро да размислите пред да се одлучите.
Иако во текстот нема ни една референца или научен објективен податок на кој би се оснавале неговите тврдења, сепак проблеми после операцијата кај значаен дел од оперираните постојат и тие информирано или не се согласуваат на ризиците пред да се изведува операцијата.
FDA
вели дека разгледувајќи ги клиничките студии утврдила дека правилно изведената операцијата кај индицирани пациенти има повеќе позитивни отколку негативни ефекти. Тие тврдат дека негативните ефекти се појавуваат кај пациенти кои не биле добри кандидати, односно имале суви очи, тенка рожница или голема зеница. Сепак операцијата е дозволена, им помага на многу луѓе да си го подобрат квалитетот на животот, ама и им создава проблеми на некои.
Прашањето е дали вреди за ризиците да се оставаат да проценуваат самите пациенти или потребно е поригорозни истражувања како што тврди докторот кој ја одобрил операцијата.