Ласерско отстранување на диоптрија - митови и прашања

Ласерска корекција на видот?

  • Да, но само во странство

    Гласови: 45 28,7%
  • Да

    Гласови: 66 42,0%
  • Не

    Гласови: 12 7,6%
  • Не ми е сигурно, незнам...

    Гласови: 34 21,7%

  • Вкупно гласачи
    157
T

Tetro

Гостин
Не ти препорачувам да си играш со окото. Подобро носи си очила или леќи, ако не.
- Кои се последиците? Дали и после тоа ќе треба да носам наочари во темница/да не се изложувам на јаки светла итн.? Ќе има ли јаки болки?
- Од што зависи дали ќе ти помогне операцијата или не?
- Цена од прилика?
- Последиците, може, секогаш може нешто да тргне наопаку. Дедо ми, беше прецизен човек и ги трошел очите како млад. Цел живот немал проблеми со очите и кога остаре, се пензионира, почна да се жали. Го напраија операција на едното, па после на другото око,... После 5-6 месеци го загуби видот начисто. За цена незнам, мислам дека беше бесплатно (за борци). Ако знае некој цена, нека каже,
 
М

Мартин`

Гостин
Имаш цела тема за ова каде што повеќе членови имаат дадено мислење/искуства за тоа.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57157-%D0%9B%D0%B0%D1%81%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D0%BF%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B

Инаку @mettalhammer; сигурно било во државна болница тоа, тука шансите за негативни ефекти се 0.0001% ..
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Леле јас се извинувам, бришете ја темава.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Минусот никогаш не се намалува, најмногу што може да сториш е да ги носиш редовно очилата/леќите за да си го задржиш диоптерот до кој си стигнал, да не расте уште повеќе.
Оф леле озбилно? И зошто вака? Зошто плусот се намалува, а минусот не?
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Никако немој да си праел/а тоа ! Има последици еден куп за шо прво ти потпишуваш договор пред операција дека на твој ризик си идеш.

Со вежби за очи најбезбедно е да го подобриш видот ако немоеш да се замараш носи си леки ласер никако:nenene: Ласерот ти го сече предниот дел на окото (корнеа) при што може да има низа компликации пошо нели не секое око е исто

--- надополнето ---

И да се дополнам дека ниеден ликар не гарантира дека проблемите нема да ти се вратат после некоја година! Така да се на се ич не вреди
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Отворија нова очна со странски инвестиции,болницата и кадарот се до перфекција.
Само неможам линк да најдам,мислам дека се до Јахја Кемал,да прашам и повторно ќе пишам.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Јас носам наочари за вид, одамна и веќе скурчени ми се.
Знам дека постојат некакви лекарски интервенции за тоа, но ме интересира:
- Кои се последиците? Дали и после тоа ќе треба да носам наочари во темница/да не се изложувам на јаки светла итн.? Ќе има ли јаки болки?
- Од што зависи дали ќе ти помогне операцијата или не?
- Цена од прилика?
Добра тема, и јас го имам истиот проблем, ама ако одам на операција ми е страв потоа да не ги добијам очекуваните резултати( да ми се влоши состојбата) а леќи не сакам да носам, така да ми останува само наочариве да ги носам.
 
С

сашенко

Гостин
Баба ми правеше операција пред некоја година во државна болница и супер излезе и немаше никакви проблеми.Зависи што точно оперираат, баба ми едното око го оперираше незнам од што и 20,000 плати таму ама и го средија окото.Сега имаш многу приватни болници само за вид што се и прашај си таму ке те прегледаат и ке ти кажат и цена и ризик .Неможе да биде за сите луѓе исто зашто немаат исти проблем и за тебе може и друга цена и ризик може помал/поголем, значи ке те прегледаат и ке ти кажат.Сепак се работи за вид и ризична операција е како и за тебе така и за докторите скапо би требало да биде по моја теорија зашто сепак таквите ризични операции се скапи.Прашај и ако има ризик поголем немој да ја правиш, не е толку лошо да носиш очила на крај краева, подобро тоа одколку да не гледаш воопшто.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Јас носам наочари за вид, одамна и веќе скурчени ми се.
Знам дека постојат некакви лекарски интервенции за тоа, но ме интересира:
- Кои се последиците? Дали и после тоа ќе треба да носам наочари во темница/да не се изложувам на јаки светла итн.? Ќе има ли јаки болки?
- Од што зависи дали ќе ти помогне операцијата или не?
- Цена од прилика?
Доколку имаш мал диоптер не ти препорачувам да правиш операција, а и да ја направиш кога ќе читаш и седиш пред монитор ќе носиш наочари кои ќе ти ги одреди докторот.

Темата ќе ја префрлам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Доколку имаш мал диоптер не ти препорачувам да правиш операција, а и да ја направиш кога ќе читаш и седиш пред монитор ќе носиш наочари кои ќе ти ги одреди докторот.

Темата ќе ја префрлам.
Па имам 1.5 диоптер, за далечина. За мене тоа е голем ама ко што читав во темава мал бил.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Види никој нема точно 0 диоптер.
Незнам кој е нормалнот диоптер ама од + 0,9 до -0,9 е прифатливо.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
абе кога ке ве видам се жалите за диоптер 1 или 1.5 ми иде да ве утепам.. шо да кажам ја со моево око шо НЕГЛЕДАМ !!! 3.5 диоптер ми акнаа у геталдус и џабе и да носам и да не носам наочари кога по цел ден сум на компиутер.. дома на ПЦ на факултет на ПЦ.. утре и на работа кога ке бидам пак цел ден на ПЦ...
 
П

Паган-др

Гостин
Искрено сум размислувал за ова, у средина на пубертет сум, диоптерот ми се смени од +2 негде (мање више) на -1, па -2 сеа ми е -2.75 на едното око. Све тоа у рок од 4 години негде. Доколку некој размислува за ова нека се распраша убаво. Многу убаво. Не се битни парите, битни се резултатите.

Не е отстранување диоптрија, ама перде на баба ми и вадеа отиде во државна овде и едното око и го искомплицираа. Многу помалце гледа со тоа око сега.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Во Бугарија се магионичарите за очни операции за совет таму да прашате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom