Што недостасува во македонските филмови?

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Да се надоврзам на членот над мене(hank moody) оти мислам дека на иста бранова должина сме и мене ми е најголем проблем тематиката и самата сценографија.Значи нема филм кај шо нема да сретнеш ќумбе,дрвена порта,баба со шарпа,сиромаштија и слично.Знам дека се инспирирани од околината ама сериозно дајте нешто поживо и у смисла на тематика и сценографија и у смисла на бои,оти кога глеам македонски филм се ми е ко црно бело до нијанса на сиво.И да, има еден гоооооооолееееем проблем шо ја сам си го крсти македонски синдром кој се состое од неколку обележја на нас македонците и едно од тоа обележје е тоа шо се шо е на Македонски звуче некако безвучно.Да и мене ми звуче така значи не сум ништо подобар од другите...ваљда е до тоа шо се навикнаме на идејата дека се шо е наше не чине па некогаш дури не му даваме ни шанса.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.458
Поени од реакции
2.013
нема креативност, нема хумор..некако вештачка е глумата како без волја да се работи
Да, и јас добивам таков впечаток, дека без воља се работи, и дефинитвно фали хумор, мноооогу хумор :)
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
нема студио,нема актери,нема кеш,слабо квантитет,а за квалитет ич да не прајме муабет.Еден филм се снима во две години...е па што друго треба да недостасува
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.441
Поени од реакции
6.096
Една од многуте недостатоци е тоа што ни фали несериозност. Сите филмови до еден се занимаваат со сериозни теми ,го гледам панкот не е мртов и одма за меѓуетничките проблеми, гледам балкан кан и мораше да има сериозна тема за трговијата со органи...
А ќе заборавев и сценаријата не ни се некоја јака страна (со чест на исклучоци).
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Akcija !! ni fali akcija !!
tepanje prestrelki beganje od cajkani po gradov brzi koli i se soto diga adrenalin..:vozbud::vozbud:
se ostanato si kazavte ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Akcija !! ni fali akcija !!
tepanje prestrelki beganje od cajkani po gradov brzi koli i se soto diga adrenalin..:vozbud::vozbud:
se ostanato si kazavte ;)
Тоа е што привлекува публика... експлозии, бркотници, пукање, мафија... а не магариња, села, беда и сиромаштија. После се чудат оти никој не ги гледа македонските филмови.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Фантазија фали. Сите филмови се сериозни, без грам малце фантазија. Се нешто тешко секојдневие, беда, сиромаштија, криминал...Како што кажав во една тема - кул е да си сериозен во последно време, да направиш секојдневие. Уметност е тоа, брат, сериозно мора да го направиш. Ебате народот...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Мене многу работи ми фалат во македонскиот филм, кој морам да признаам, со многу ретки исклучоци, не ми е баш омилен. На нашиот филм му фалат (дури и кога не е лош), меѓу повеќето работи, финеси, полирање, некаква завршна обработка. Фали и креативност во пишувањето на сценариото, во јазикот - речиси никој не зборува кај нас на таков начин (или премногу извештачено, според сите можни граматички правила, или пак секој збор е пцуење, па дури и сленгот е извештачен. Темите, како што е забележано погоре, се повторливи, беда, и духовна и материјална, очај, дисфункционалност, хумор во кој нема ништо смешно и сл.
Фалат и пари. Ама фали и ентузијазам, желба да се направи нешто добро, од ќеф. Многу убави филмови се снимени за ич или малку пари.
За глумата, мислам дека имаме неколку добри актери и уште неколку кои можат да пројдат. Режисери и сценаристи малце потенка работа (посебно вториве).
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Многу би сакал да гледам некој македонски филм со историска тематика.Нели имаме богата историја од 2000 и кусур години.Како Тајната Книга нешто,еве и овој Трето полувреме ми е интересна приказната,ќе видиме каков ќе биде.Би сакал да гледам македонски филм за Цар Самоил рецимо или некој антички македонски крал (не мора Александар) или некоја дешавка од тие времиња (макар и измислена).Мислам дека народот повеќе ќе се обедини преку гледање на вакви филмови.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На македонскиве филмови недостасуваат режисери, сценарио, добри кадри за промовирање на Македонија, облека.
Зошто во секој филм мора да се пцујат, тепаат и е*ат? Зарем сме такви како народ? Во секој македонски филм многу лошо се презентира македонскиот народ и земја. Да, знам дека сме сиромашна земја...ама у 21 век да снимаш НОВ македонски филм во некое затуцано село, со 2-3 жители? Па чекај бе имаме златни села (ако веќе му е таква замислата на режисерот, да снима филм во село), прекрасни природни убавини кои вреди да ги погледне и посети цел свет и после не треба да мољакаш туристи да доаѓаат и да ја посетат Македонија. Зарем сме толку насилни како шо не прикажуваат по филмовиве? Па ако беше така до сеа и гејлада ќе беше наша. И тоа шо највеќе ме нервира е недостаток на сценарио. Саат и пол филм, а зборење се на се 45 минути., од кои 30 минути пцуење. Остатокот е секс, дрога, алкохол и насиље:tapp:
Кога гледам македонски филм се срамам од извитопереноста на макдонштината, се срамам што на толку лош начин е прикажана македонската нација и Македонија.
Секој Македонски филм треба да служи за промовирање на Македонската земја, народ, култура и традиција.
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
пред дождот
прашина
викенд на мртовци
тетовирање
балкан-кан
среќна нова 49та
збогум на 20от век

се друго е дно.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Пари фали, само пари! Тоа им да ва и мотивација, и желба и акција и љубов и се! И кометал кога имаше пари беше шампион во европа.......
--- надополнето: Nov 3, 2011 5:11 PM ---
.
Зошто во секој филм мора да се пцујат, тепаат и е*ат? Зарем сме такви како народ?
За првата реченица последниот збор се согласувам! Дури и да има филм со невидена акција пукање цело време, обавезно ќе се појави некоја апсолутно апла нелогична голотија или една квалитетна порно секс сцена што ќе трае околу 2 минути и ќе се повтори уште еднашш во некој уште понелогичен момент.... напатени умови! Иначе ова со тепањево пошироко кажано насислството.... тоа е голем комплекс на македонскиот народ, а еве се гледа и на нашите уметници, сите филмови се изи за војните со турците или со бугарите или со грците... па чекај бе човече, викаме дека никој нас не не сака..... а уствари испаѓа дека ние се замараме беспотребно со тие некој си икс фактор ,,сите‘‘.... и сега кој е проблемот! Трето полувреме филм за окупацијата од бугарија! Абе јеби ги бугарите бркај си своја работа, изгледа кај нас менталитетот е таков да ни е интересно да гледаме како покажуваме некоја национална супериорност или незнам што.... како што американците имаат неизлечен комплекс па во секој филм победуваат руси!
Жално е 20 години македонија..... уште постари филмови, а ние уште (филмски) седиме неподвижно во еден мртов пиксел, во една мртва мртва мртва точка на насилства!
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Никој нормален не може да се запише на режија во Македонија ако нема врски. Значи врски>талент=филм>добар филм. Плус сите врски и компромиси што му требаат на режисерот да добие пари за филмот. Плус глумците. Плус критичарите и гледачите...
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Нешто као, тим од Македонци летаат до месечината и тамо се нападнати од чопор диви диносауруси. Би сакал да гледам таков филм.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ко прво и основно актери, а за понатаму не ни правам муабет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom