Лек за брзо закрепнување од настинка!

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
темава ме потсети на она време ко мал- кога за кашлица морав да пијам препечен шеќер со млеко :pos:
Незнам дали некои од вас пробале?
Блааааго, поблаго и неможе да биде, ја пиете таа мешавина, ве пие и таа вас , а од страна слушате глас- -Браво, одлично, тоа ќе ти помогне да престанеш да кашлаш , браво, браво, а сега голтка за мама, голтка за тато, голтка за баба, за дедо....за цела знана и незнана роднина, а вие што друго и можете освен да пиете. :pos:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678

Да знаеш дека помага :D
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
и ти ли?
значи не’ има:pos:
Се пријавувам и јас! Млеко со горен шеќер до лани пробуваа да ми увалат на секое поткашлување! А и еден сируп од иглички од бор, и тој им беше главен хит едно време.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.713
Поени од реакции
35.456
Најбрз начин за закрепнуванје од настинка - кратко и јасно SEX

помага, проверено;)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Најбрз начин за закрепнуванје од настинка - кратко и јасно SEX

помага, проверено;)
:pos: а уште поубаво ако и двајцата се настинати- со едно препотување- двајцата КУКУРЕК;)
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Не ја дочитав темава ама сакам да кажам како јас се лечам ако не успеам да спречам...

Срепсил, фервекс, прашкови и остало се конзумира кога е во старт фаза, кога малку ќе не загребе грло или се затне нос...

Доза за еден ден:
Минимум 6л лимонада може и мешана со портокал,
Минимум 5 чајчиња,
По 2 парацетамола на 5 часа интервал,
Помеѓу парацетамолот кафетин колд,
Чорапите во оцет обавезно, пожелно преспивање додека се во оцет барем еднаш,
Тоа го правиш цел ден и вечерта мочаш 100 на саат и утре си кикиритка :) мене ми успева...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.162
Поени од реакции
828
Си ја видел онаа рекламата на телевизија за еден прашок за против настинка?Не беше fervex незнам како беше а можно е и за тоа да било незнам.Тргај оцетот од список и земи си едно такво и лимон земи се искочи на воздух да живнеш малку, ти треба чист воздух и нешто што ке те освежи земи...јогурт некој, портокал можеш да земеш или било какво овошје и витамини на приоден начин...оцетот чувај го за салати мој совет
Грешиш за винскиот оцет тотално,.поарно с-во за намалување на температура,здравје! Чорапи,маица и крпа за на глава намокрени со вински оцет и облечени,за пола саат стануваат барут-суви,а твоето тело значително поладно,проверено во пракса и докажано безброј пати,бе дете! Премногу си во комерцијален филм,намали тоа рекламите на ТВ за прашоци и детерџенти,се е тоа маркетинг(барем 2/3 од рекламите)
Инаку,летово едно прегорено дете на плажа од сонце се спаси од изгореници и висока температура баш со оваа метода,поздрав (y)
 
С

сашенко

Гостин

Ма, ми го применувале милион пати како мал ама не е тоа работата.Рекламата беше само пример каде се исмејува оцетот, затоа го спомнав.Фервекс и онака не користам, јас кога ке настинам мавам чај и лимон и витамини директно од овојшје не прашоци.Ама мислам дека фервексот влијае побрзо и подобро од оцетот.Истите што мене ми го ставаа кога бев мал, сега оцетот го заменија со фервекс и се позадоволни.Фервекс го имаше и пред реклмата а и не е само фервекс има милиони такви.Ама темава беше за лек за брзо закрепнување.Да легнеш во кревет, да се моташ у кебиња и да се мачкаш со оцети е најлошиот начин да го направиш тоа.Напи се такво нешто, земи лимон, земи витамин некој природно, искочи на воздух, совежи се и ке ти помине.Рекламата не ме убедува за квалитетот на прашокот ама идејата им беше убава, и тоа што го кажува реклатама е паметно без разлика дали ке користиш ти фервекс или ке маваш овошје како јас.Заеби ти оцет и такви ствари...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.162
Поени од реакции
828
Јас незнам како мачкање со ракија ке намали темература кога ракијата го грее телото?Некоја логика?
1. Кога ја пиеш ракијата дел од неа испарува преку кожата во вид на топлотна пареа и ствара топлотна обвивка околу телото(балканец го има преживеано Титаник со оваа шема пиејќи литро џин а тоа било пред сто години,тој го знаел ова а вие деца на 21 век не ви е познато,брее деца,шчо напраифте? Ама не сте вие криви,рекламните и фармацевтски мафии ве бомбардираат нон-стоп со реклами!
2. Кога се мачкаш однадвор(поефикасно е ако е појак алкохолот) тогаш се случува обратно,се праќаат сигнали до нашиот климатроник кој одма се активира и те лади поинтензивно(за повеќе информации го имаш чичо Google) (y)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
1.Медицински јаглен
2.Ракија
3.Супа/сок
4.Вода 4-5 литри

кога ќе ме фати настинка минимум еден ден ми трае.. ова е убиствена комбинација :D
 
С

сашенко

Гостин
1. Кога ја пиеш ракијата дел од неа испарува преку кожата во вид на топлотна пареа и ствара топлотна обвивка околу телото(балканец го има преживеано Титаник со оваа шема пиејќи литро џин а тоа било пред сто години,тој го знаел ова а вие деца на 21 век не ви е познато,брее деца,шчо напраифте? Ама не сте вие криви,рекламните и фармацевтски мафии ве бомбардираат нон-стоп со реклами!
2. Кога се мачкаш однадвор(поефикасно е ако е појак алкохолот) тогаш се случува обратно,се праќаат сигнали до нашиот климатроник кој одма се активира и те лади поинтензивно(за повеќе информации го имаш чичо Google) (y)
1. Не, реков дека не функционира.И да, престани со тоа деца на 21 век, ништо не разбирате, вакви сте онакви сте, рекламите ве направија ова она и такви ствари.Стана досадно уште по втората реченица.

2.Фервекс не користам, пијам природни чаеви и витамини директно од овошје.А тоа што не користам оцет, не ме прави тоа што ме нарече ти.Користам колку можам природно, ама оцет нееее

3. Баба ми го користела оцетот, и сигурен сум дека функционира.Ама човек денес кој настинал и гледа да се среди за утре на работа да може да отиде или на факултет на пример јас, нема сигурно да се мачка со оцети и ракии и такви работи.Влегувам под туш, ке се освежам, директива еден лимон мавам како што си го јадам цел, чајче некое ептен и тоа е.Не сум дошол да имам температура одамна, а и да имам фервекс дури тогаш и симнува темература и те средува без да се мачкаш и да смрдиш на километар.По практично решение ми е и ме боли стапот мене дали рекламите го рекламираат како добро или лошо.Работата е што јас знам дека оцетот функционира, ама си користам нешто што ми одговара повеќе.Ама ти со тие мислења за рекламите, некако не ми ветуваш многу.Нормално е дека земам во предвид тоа што рекламите гледаат да продадат ама станува збор за лекови.Не смеат да рекламират нешто што го нема тоа дејство.А има многу корисни и квалитетни работи кои одат на реклама исто, жал ми е ако го немаш истото мислење.Дај им шанса на работите, не е лошо ако е на реклама.Пробај или распрашај се па зборува после.Јас велам и двата функционираат и оцетот и фервекс ама кога бирам второто го одбирам...поздрав
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
и ти ли?
значи не’ има:pos:
И јас се пријавувам. :LOL:
Јас пак млеко со загорен шеќер да се каже ај го пиев некако, ама ич не сакав зејтин и шеќер, не знам дали некој е пиел ама мене баба ми често ми даваше кога кашлав, демек ја ублажувало кашлицата, грлото омекнувало така ми викаше таа. Во супена лажица ставаше малку шеќер и зејтин, со едната рака ќе ме фатеше за обравчињата, ќе речеше ајде чедо зини и ќе ми ја гурнеше лажицата а јас сирото морав да пијам :sick:

Инаку сега при настинка практикувам да пијам повеќе чај со лимон, мед, понекогаш и фервекс.
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
7
Поени од реакции
3
varen kromid (violetov) , prva liga e za belite drobovi
smesno mi e ama ozbilno pomaga :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom