За првпат овој анимозитет помеѓу Скопје и останати го доживеав уште како многу мал.
Тоа беше кога се враќавме од одмор во Претор требаше да се возиме со некој автобус.Тоа е, моите беа доста сиромашни тогаш, немавме сопствено возило, моравме да користиме автобуси... Но кога разбраа дека сме од Скопје не исфрлија од автобусот со најразлични погрдни зборови, па немало место за Битолчани а не пак за Скопјани, иако нема врска имаше место а моите родители беа со две малолетни деца, јас и сестра ми + куфери. Дури и рачката на куферот но ја откорнаа за да имаме повеќе проблеми, а само да се изјаснам дека ваков однос со ништо не е предизвикан, моите не се конфликтни личности, дури и кога ќе ги предизвикаат татко ми настојуваше да се смири ситуацијата.
Подоцна лоши искуства сме имале и во Охрид (не до толку како првонаведената), сега според парите и не сме оделе на некоја поскапа понуда, најчесто приватно сместување, но некоја основна култура и однос спрема оној кој што ти плаќа секако дека сме очекувале.
Сега да не биде само негативно, кога студирав имам доста добри сеќавања за колегите од другите градови, но ете постои тој голем анимозитет, не може тоа да се негира, можеби е предизвикан од нерамномерниот развој на државата, од секогаш се вложувало многу во Скопје па заради тоа се јавила таа миграција од сите градови према Скопје.
Но тоа е вина на политичарите, а од ваквата состојба не гледам дека некој е задоволен, Скопје стана град од 700 000 жители што предизвика многу проблеми од хигиена до инфраструктура, остатокот од државата е недоволно развиен и вината ја гледаат во Скопјани.
Но тоа не смее да биде причина за омраза помеѓу обичниот народ, немам зошто јас некого да го мразам врз основа на тоа од кој град е, впрочем мајка ми е од едно Велешко село.