Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com
Не можеш да пишуваш за демократија и слобода,а во истовреме да немаш проблем со НАТО како светски полицаец.Во свет во кој владее законот на џунглата нема демократија и слобода.Тоа што Гадафи го правеше во Либија,НАТО го прави со цел свет.И кажи ми ти мене,како е НАТО подобар од Гадафи???Очигледно дека не значи, судејќи, ако по ништо друго, тогаш гледајќи по нашава земја.
Но што значи тоа, дека ако не сме способни да спроведеме демократија треба да се угледаме на примерот на Либија? Да воспоставиме диктатура? Или да се угледаме на „релативно“ подобрите примери како Скандинавија или Средна Европа?
Зарем толку идеолошки поблиску ни изгледа Либија и Гадафи отколку поразвиената Европа? (Колку и да звучи тоа парадоксално и мазохистички - мислам дека не е и изненадувачки).
Точно дека демократијата е релативна. Најчесто таа релативност почива на различните култури во различните краеви на светот. Ете на пример за Либија основа за новата демократија е Шеријатското право - нешто што мене ми е неразбирливо. Демократијата пак на истокот е насочена кон социјалната правда, додека демократијата на развиениот запад се повеќе е насочена кон поголема партиципација во носење на одлуките. Меѓутоа основата на демократијата секаде е иста - власта која произлегува од народот, почитување на основните човекови права и слободата на изразување. Се друго е навистина релативно, во право си.
Тоа што ме револтира на темава е морбидната одбрана на Гадафи, која е бесмислена. Факт е дека либискиот народ 42 години немал право да каже слободно што мисли за него, односно да му даде легитимитет. Ние произволно сега изнесуваме некаков став дека таму се живелео добро и дека ќе биде полошо, занемарувајќи дека половина век народот немал можност да каже што навистина сака.
Според мене демократијата се освојува чекор по чекор. Ние денеска во нашава земја сеуште имаме проблем со основните демократски постулати, да не правиме муабет за некакви повисоки нивоа на слобода, правда или влијание на власта. Не е само фраза тоа што устите на нашите политичари се полни со изразот „ние сме млада демократија“... ни треба уште многу време за вистински да созрееме - но за тоа ни треба угледување кон поквалитетни демократски примери и прифаќање на дел од нивните идеали, а не кон диктаторски заедници.
Јас не ги бранам големите западни сили и нивната недвојбена дволичност, интерес и непринципиелност, но како држави никогаш не го доведувам во прашање нивното повисоко ниво на демократија, политичка култура или општествен развој. Најпосле токму демократијата и слободата од нив направи сили и глобален политичко-економски фактор. Точно е дека често тие ја злоупотребуваат демократијата кога не е во нивен интерес, односно се става во заложништво на економскиот и политичкиот интерес. Јас повторно ќе се навратам на моето мислење за „освојувањето на демократијата“, можеби нашава или идните генерации ќе успеат да стават крај и на таквата злоупотреба на демократијата.
Мене воопшто не ми пречи НАТО да претставува светски полицаец, се додека тоа се одвива во рамките на меѓународните концепти и правила. Инаку како што веќе многупати кажав, никогаш не оправдувам употреба на сила и агресија врз друга земја. Тоа за жал во политиката е крајна нужда - кога дијалогот и преговарањето е безвредно и нема резултат. Би бил најсреќен кога таков полицаец не би ни бил потребен, и кога употребата на сила ќе биде недозволива, но сеуште сме далеку од таква утопија.
И САД има протести и барања за поголема слобода и демократија исто како и Шведска, исто како Русија, исто како и Грција и.т.н. Повеќето вакви земји живеат многу подобро од Либија, па не значи дека треба да се откажат од барањата за повеќе.
Никогаш нема да има перфектна демократија, ниту неограничена слобода... секогаш може повеќе и подобро... но тоа значи да се оди напред и да се развива граѓанската свест на индивидуите.
Бушманите можеби имаат поголема демократија, ама сепак немаат држава.
Гадафи направи од една неразвиена сиромашна и необразована земја најбогата земја во Афика и пошироко.НАТО секаде носи само смрт и страдање.Каде поминал НАТО,таму трева не пораснала.
Демократија и слобода.Такво нешто не постои денеска другарче.