Со сиромашна смеса се зголемува потрошувачката,а зголемената температура настанува од неправилно штелувани вентили и поголема топлотна вредност на плинот во однос на бензинот
Дали се исти октаните на плинот со безоловниот 95 или суперот 98 па компјутерот да ги добие истите податоци од бензинскиот.Нормално за да добие повеќе октани компјутерот ке бара поголема смеса,а тоа значи и поголема потрошувачка.
Земено од податоци на производителите на автогасна опрема, губитокот на снага кај секвенционалните уреди (новите генерации на уреди) е 2%. Од податоци добиени од клиентите, губитокот на снага се движи од нула до десет проценти, кое би го класифицирал во групата на ,,прифатливо". Доколку губитокот на снага е поголем, треба да се побара од кај потекнува проблемот.
Да не го повторувам nikola_bb, накратко:
-сиромашна смеша кај бензинските мотори доведува до зголемување на температурата на главата на моторот
-Богата смеша кај дизел моторите доведува до зголемување на температурата на главата на моторот.
Потрошувачката е 10% повеќе, од потрошувачката на бензин.
Со осиромашување на смешата до одредена ,,граница", се намалува потрошувачката на гориво. Доколку се помине таа ,,граница", потрошувачката драпидно се зголемува.
--- надополнето: Oct 24, 2011 12:25 PM ---
Добро, не требаше метанот да биди 25-30 денари, според цените шо ги има во околните земји? Претеруваат да му се сневиди...
Кај е пикнат резерварот за плин на сузукито?
И ланското кавасаки, како се покажа со уредот? Помина барем 3000-4000 км годинава за да се добие некаков впечаток или служи само за изложба?
Интересно е што, повеќето со кој разговарав, се збунија околу цената. Дури, разговарав со господин, кој работи во компанија која се бави со гасификација и испорака на гас (метан), и тој тврдеше дека цената е 25-30 денари (неможеше да дефинира, во која единица мерка го мерат метанот при испорака).
Цената на килограм метан пред неколку години беше 24 денари, меѓутоа многу го поскапеа последниве три, четири години. Во Бугарија килограм метан чини 1.6 лева = 52 денари, кај нас, најавуваат 60 ден/Кг.
Кај Suzuki B King, под седиштето се наоѓа лонецот од издувот. Тој е исфрлен, на неговото место сместивме ,,Home made" плински резервоар (10 литри), додека издув му вградивме од страна. Поради малата тежина и немањето отпор при движење (а и не сме некој моторџии
), не се осеќа разлика, додека потрошувачката на плин, неможам да ја одредам, пробав да го дефинирам сузукито, меѓутоа се јавуваат големи разлики во поминати километри со еден резервоар.