Плински уреди

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Dzish, конечно на работа, закачив неколку фотографии на нет, сега ќе ги постирам.

Голема заинтересираност имаше за метанот (земјен гас или КЗГ), како гориво, и метанските уреди. Меѓутоа, повеќето посетители се разочараа поради цената која ја најавуваат за килограм метан (60 ден), тежината на метанскиот резервоар, и радиусот на движење со еден резервоар. На технома 2011 имавме изложено Mercedes 200 compressor со вграден метански уред.
Добро, не требаше метанот да биди 25-30 денари, според цените шо ги има во околните земји? Претеруваат да му се сневиди...

Имавме изложено два мотоцикли, едниот е од минатата технома (Kawasaki Z 750), другиот е Suzuki B King 1340 куб. Во сузукито го вградивме новиот уред ,,Landi renzo evolution”, новитет кај овој уред е што нема потреба од одржување на одредени интервали (промена на филтери и слично) после неговото вградување во возило.
Кај е пикнат резерварот за плин на сузукито?

И ланското кавасаки, како се покажа со уредот? Помина барем 3000-4000 км годинава за да се добие некаков впечаток или служи само за изложба?
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Со сиромашна смеса се зголемува потрошувачката,а зголемената температура настанува од неправилно штелувани вентили и поголема топлотна вредност на плинот во однос на бензинот

Дали се исти октаните на плинот со безоловниот 95 или суперот 98 па компјутерот да ги добие истите податоци од бензинскиот.Нормално за да добие повеќе октани компјутерот ке бара поголема смеса,а тоа значи и поголема потрошувачка.
Земено од податоци на производителите на автогасна опрема, губитокот на снага кај секвенционалните уреди (новите генерации на уреди) е 2%. Од податоци добиени од клиентите, губитокот на снага се движи од нула до десет проценти, кое би го класифицирал во групата на ,,прифатливо". Доколку губитокот на снага е поголем, треба да се побара од кај потекнува проблемот.

Да не го повторувам nikola_bb, накратко:
-сиромашна смеша кај бензинските мотори доведува до зголемување на температурата на главата на моторот
-Богата смеша кај дизел моторите доведува до зголемување на температурата на главата на моторот.

Потрошувачката е 10% повеќе, од потрошувачката на бензин.

Со осиромашување на смешата до одредена ,,граница", се намалува потрошувачката на гориво. Доколку се помине таа ,,граница", потрошувачката драпидно се зголемува.
--- надополнето: Oct 24, 2011 12:25 PM ---
Добро, не требаше метанот да биди 25-30 денари, според цените шо ги има во околните земји? Претеруваат да му се сневиди...

Кај е пикнат резерварот за плин на сузукито?

И ланското кавасаки, како се покажа со уредот? Помина барем 3000-4000 км годинава за да се добие некаков впечаток или служи само за изложба?
Интересно е што, повеќето со кој разговарав, се збунија околу цената. Дури, разговарав со господин, кој работи во компанија која се бави со гасификација и испорака на гас (метан), и тој тврдеше дека цената е 25-30 денари (неможеше да дефинира, во која единица мерка го мерат метанот при испорака).

Цената на килограм метан пред неколку години беше 24 денари, меѓутоа многу го поскапеа последниве три, четири години. Во Бугарија килограм метан чини 1.6 лева = 52 денари, кај нас, најавуваат 60 ден/Кг.

Кај Suzuki B King, под седиштето се наоѓа лонецот од издувот. Тој е исфрлен, на неговото место сместивме ,,Home made" плински резервоар (10 литри), додека издув му вградивме од страна. Поради малата тежина и немањето отпор при движење (а и не сме некој моторџии :)), не се осеќа разлика, додека потрошувачката на плин, неможам да ја одредам, пробав да го дефинирам сузукито, меѓутоа се јавуваат големи разлики во поминати километри со еден резервоар.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
i sto e fintata so METANOT ako e 60 den, da bese 20-30 den aj ke menuvam boca ili sto treba ama za 60 den???pak ke si vozam na plin??
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
потрошувачката на плин, неможам да ја одредам, пробав да го дефинирам сузукито, меѓутоа се јавуваат големи разлики во поминати километри со еден резервоар.
Стално е така... потрошувачката на гориво многу зависи од режимот во кој што ќе се вози моторот. Пример, сузукито да го возиш на бензин, градско нормално возење без форсирање ќе троши 5-7 литри. Ако го форсираш, таа бројка се зголемува трикратно.

Е сега рачунај како би се одвивало истото на плин..

Патем, дали сте размислувале за кастом боца во резервоарот? Пример, го оставаме само надворешниот дел од резервоарот (да не се наруши изгледот на моторот) и да се постави една боца (или две помали по една од страна + таа под седиште да дојди некои 20-25 литри ако е воопшто изводливо) како би се зголемил обемот на изминати километри со едно полнење....
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Земено од податоци на производителите на автогасна опрема, губитокот на снага кај секвенционалните уреди (новите генерации на уреди) е 2%. Од податоци добиени од клиентите, губитокот на снага се движи од нула до десет проценти, кое би го класифицирал во групата на ,,прифатливо". Доколку губитокот на снага е поголем, треба да се побара од кај потекнува проблемот.

Да не го повторувам nikola_bb, накратко:
-сиромашна смеша кај бензинските мотори доведува до зголемување на температурата на главата на моторот
-Богата смеша кај дизел моторите доведува до зголемување на температурата на главата на моторот.

Потрошувачката е 10% повеќе, од потрошувачката на бензин.

Со осиромашување на смешата до одредена ,,граница", се намалува потрошувачката на гориво. Доколку се помине таа ,,граница", потрошувачката драпидно се зголемува.
--- надополнето: Oct 24, 2011 12:25 PM ---

Како сакаш кажи ама губитокот на сила на возило со плин е 20%,за разлика од истото на бензин

Со сиромашна смеса не доведова до греење на главата на моторот,тоа настанува од неправилно наштелувани или воопшто не штелувани вентили.

Со осиромашена смеса+помината граница потрошувачката не се зголемува драстично,троши исто меѓутоа се осеќа кога работат перките за моторот или климата
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Јас неможам да ,,кажам како сакам". Ако подобро го прочиташ постот, ќе приметиш дека јас пренесувам технички податок од производителите на автогасна опрема, кои несмеат да бидам лажни (бар во државите од кај што потекнуваат), и искуства на корисници на возила кои користат плин како гориво.
Ќе те замолам , доколку изнесуваш свои мислења, да го наведеш изворот, врз кој се базираш.
--- надополнето: Oct 26, 2011 5:30 PM ---
колку чини плински уред за opel corsa 1.2 80ks, 11.2008?
570 евра, со резервоар на местото на резервното тркало, од италијанско потекло...
--- надополнето: Oct 26, 2011 5:40 PM ---
Патем, дали сте размислувале за кастом боца во резервоарот? Пример, го оставаме само надворешниот дел од резервоарот (да не се наруши изгледот на моторот) и да се постави една боца (или две помали по една од страна + таа под седиште да дојди некои 20-25 литри ако е воопшто изводливо) како би се зголемил обемот на изминати километри со едно полнење....
Колегата кој го вози кавасакито, прво, сакаше да го изведеме на тој начин, плински резервоар, а над плинскиот, проѕирен бензински резервоар. Визуелно, резервоарите на мотоциклите изгледаат доста ,,набилдани", меѓутоа, од долната страна на кавасакито и сузукито се наоѓа филтерот за воздух кој навлегува длабоко во резервоарот. Така да самиот резервоар за бензин е со плоснат облик (се надевам добро објаснив). Накратко, нема простор, а доста интересна замисла...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Јас неможам да ,,кажам како сакам". Ако подобро го прочиташ постот, ќе приметиш дека јас пренесувам технички податок од производителите кои несмеат да бидам лажни (бар во државите од кај што потекнуваат), и искуства на корисници на возила кои користат плин како гориво.
Ќе те замолам , доколку изнесуваш свои мислења, да го наведеш изворот, врз кој се базираш.
--- надополнето: Oct 26, 2011 5:30 PM ---

Мислев дека е по техниките податоци на производителите и истото го кажав и таму кај што ставав плински уред,ама податоците од производителите и податоците од улицата и од плинските станици драстично се разликуваат.Исто така во нашата фамилија се вози на плин од'88-90,па и од таму имам некои сознаниа
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Чоек научи се да цитираш, неможе да се познае што е твое а што цитираш
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Колегата кој го вози кавасакито, прво, сакаше да го изведеме на тој начин, плински резервоар, а над плинскиот, проѕирен бензински резервоар. Визуелно, резервоарите на мотоциклите изгледаат доста ,,набилдани", меѓутоа, од долната страна на кавасакито и сузукито се наоѓа филтерот за воздух кој навлегува длабоко во резервоарот. Така да самиот резервоар за бензин е со плоснат облик (се надевам добро објаснив). Накратко, нема простор, а доста интересна замисла...
Убо објасни, за тие шо имат некогаш вадено резервар од мотор надвор, па имаат представа како изгледа :)
За тие шо немат представа, бујрум сличе

Знам дека е интересна замислата и дека најголем проблем е неправилната форма на резервоарот од внатрешната страна, надополнета не само од филтерот за воздух... туку и од комплетната електроника на моторциклот која е прицврстена за централниот носач.

Е сега, мене ако ме прашате, би зел некакво ендуро... на нив има доста простор за изведување на ваквата идеја, бидејќи моторот е помал, и рамот е поинаков.

Ова е Хонда XR 650, без резервоар...

2 боци комотно можи да се сместат без мака.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:19 AM ---
Патем, можиш да ми дајш инфо колкави се боците (ширина висина дијаметар)?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
i sto e fintata so METANOT ako e 60 den, da bese 20-30 den aj ke menuvam boca ili sto treba ama za 60 den???pak ke si vozam na plin??
гледам те скокнаа со одговор па јас ќе ти одговорам, како “горд“ сопственик на возило со метански погон...

возењето на метан со цена од 60 денари по килограм, сепак е околу 30% поекономично одколку на плин. зашто? затоа што метанот има висока запалливост, и силна експлозија (народски кажано ова) и соодносот наметан во однос на бензин е 1:0,65 т.е. да претпоставиме дека некое возило трошо 10 литри бензин, одприлика истото ке троши околу 11 плин, а на метан ке троши 6,5 килограми.
удрете математики по цени на бензин-плин-метан по овој податок и ке се уверите во неговата економичност, (а башка екологија што ке терате) метанот е по еколошки во однос на плинот, ама само ако се користи во бензинските мотори. во дизел моторите исто така се употребува метан, но во микс со нафта (така се штеди) но издувните гасови не се така еколошки како кај бензинските мотори...
 
Член од
25 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
4
Ме интересира таа црвената ламба која покажува усте колку плин има во боцата од колку литри почнува да свети. пред недела дена ставив во лукоил 28 литри плин(боцата ми е 42) и сите 4 лабицки светеа. Извозив 160 км и почна да ми свете црвена што ептен ми падна чудно(од тие 160 100 беа отворено на автопат а само 60 градска) Потоа со црвена тргнав и извозив 100 км на отворено и уште возеше на плин. Потоа ставив усте 18,5 литри(километражата во тој момент беше 260км) и пак светеа сите 4 ламби зелено. Сега сум на 400 км (значи 100 км отворено и 40 градска) и пак сум на црвена ламба. Значи се на се 400 км од кои 300 отворено со 47 литри плин и сега сум на црвена ламба?????????????????
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
vozam na plin i sto treba da napravam za da vozam na metan i kolku kosta toa ako treba nesto da se smeni
 
P

Princ

Гостин

Јас не би верувал многу-многу на ламбите. Полни 28-30-колку и да полниш литри, чувај за секој случај бензин доволно во резервоар (јас пример пола резервоар бензин чувам) и вози додека не почне да бипчи/префрли на бензин. Што знам, мене по практично ми е ова решение за ако сакаш да знаеш колку трошиш. Сијаличките се страшно непрецизни. Пример јас со 4 зелени сијалички возам 100км град, после уште 50-100 со останатите 3 зелени сијалички, и уште некои 50 со црвена сијаличка уклучено.
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
vozam na plin i sto treba da napravam za da vozam na metan i kolku kosta toa ako treba nesto da se smeni
Метанскиот систем има доста поголеми притисоци во резервоарот и метанските елементи од притисоците кај плинските системи. Кај плинските системи работниот притисок е дефиниран на 16 бари (резервоар), а кај метанските е 200 бари (резервоар). Ќе мора да се заменат сите механички елементи од уредот. Електронските и електричните делови остануваат исти (сепак и тоа зависи од типот на метански уред и типот на возило)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Мотор Каваскаки на плин.Дали некој ќе купи ферари па да му стави плин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom