Те молам објасни ми го терминот и значењето на граѓанскиот брак. Значи те замолувам фино лепо.
Кажи ми една причина зошто ти како атеист склопуваш граѓански брак?
И немој да ми даваш одговори како: општествени бенефиции, социјални потреби, бла бла, бидејќи истите се здобиваат и со т.н. вонбрачна заедница, не мора да биде брачна.
Зошто ти сакаш да склопиш граѓански брак? Објасни ми.
Да глупа сум. Те молам, објасни ми. Зошто?
Ако си глупа, не мора да се мачиш да пишуваш по форумов, пошто многу ќе ти биде напорно. Овде пишуваат доста луѓе кои се поприлично не-глупави. Ќе се мучиш за џабе и ќе се фрустрираш - после чир, хипертензија - ово-оно и, бап - на клиника... не... у црква да се молиш дедо боже да те оздрави...
Причини за тоа
зошто атеистите склучуваат бракови имаш на секоја страница од темева. Тоа што
миракулозно ти бега од перцепцијата е
фактот дека атеистичките бракови се статистички далеку потрајни од христијанските, на пример. Имаш цитати - прочитај ги истражувањата.
Оттаму, прашањето кое
би требало да си го поставиш е
ЗОШТО ВЕРНИЦИТЕ СТАПУВААТ ВО ДВАТА БРАКА КОГА НЕМААТ КАПАЦИТЕТ ДА ЗАЧУВААТ НИТУ ЕДЕН?
Ја не знам ти што оценка си имала по општество у основно, ама да пишеш „бенефиции, социјални потреби“ па после да додадеш „бла-бла“ кажуваат многу за твојот капацитет да разграничиш што е
правна институција (граѓански брак), а што е
фантазерска жими-мајка-тралалајка (венчавка у црква). Ти живееш во
држава која има демократско уредување и во која
владеат ЗАКОНИ. Односниот закон ја третира и признава институцијата БРАК која
нема апсолутно никакви допирни точки со НИТУ ЕДНА РЕЛИГИЈА.
Државата НИКАКО не ја третира црквената венчавка и како ли се вика тоа што го праат муслиманите или евреите. За државата, Црквата и она што се случува во неа се
не-бит-ни!