Атеистите и бракот

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Атеисту, ситничариш џабе, не ги читаш болдовите кои ти ги пуштам
, first exemplified by Abraham, and outlined in the last Talmudic tractate of the Nashim (Women) order, where marriage consists of two separate acts, called erusin (or kiddushin, meaning sanctification), which is the betrothal ceremony, and nissu'in or chupah, the actual ceremony for the marriage. Erusin changes the couple's interpersonal status, while nissu'in brings about the legal consequences of the change of status. (However, in the Talmud and other sources of Jewish law there is also a process, called shidduchin, corresponding to what today is called engagement.

Или -прва веридба има дадено Аврам, наведено во последниот трактат од Талмудот....., каде бракот се состои од 2 посебни активности, наречени ерусин, која е betrothal (веридбена) церемонија и chupah, правата церемонија на бракот.
....
Во Талмудот и други извори на Еврејскиот Закон постои и процес наречен shidduchin, кој кореспондира со она што денес го нарекуваме веридба.

Можи не ти е јасно оти не земаш предвид различните церемонии сега и во минатото се малку поинакви во она што го претставуваат.

Лурц, текстов што си го пастирал ти е за ВЕРИДБА, и се објаснува потеклото на веридбата, не на бракот.
Веридба и брак се два различни поим.
На темава се дебатира за граѓански брак, склопен во матично, не за веридби.
 
Да, поимот кој се објаснува во википедија е веридба, но ќе може да ја преведеш оваа реченица? само прочитај што значи ова и преведи го ако не ти е тешко
The origin of European engagement in marriage practice is found in the Jewish law (Torah), first exemplified by Abraham, and outlined in the last Talmudic tractate of the Nashim (Women) order, where marriage consists of two separate acts,
 
Да, поимот кој се објаснува во википедија е веридба, но ќе може да ја преведеш оваа реченица? само прочитај што значи ова и преведи го ако не ти е тешко

Човече, со реченицата се објаснува дека веридбата како
придружна церемонија при склопување на бракот е за прв пат спомната во Тората, а бракот си постоел и пред веридбите и пред Тората.

Значи пред тоа си постоел брак, ама без веридба.

Не знам што си се фатил за веридбата, нема никакво значење, ти можеш слободно да отидеш во матично и да се потпишеш без веридба, никој не те прашува веридба дали си правел.

Поентата на темата е дека на верниците им пречи што атеистите склопуваат ГРАЃАНСКИ БРАК ( значи не во црква , туку во матично ), верниците сметаат дека тие поседуваат ексклузивно право на бракот, а атеистите требало да живеат во вонбрачни заедници.
 
Човече, со реченицата се објаснува дека веридбата како
придружна церемонија при склопување на бракот е за прв пат спомната во Тората, а бракот си постоел и пред веридбите и пред Тората.

Значи пред тоа си постоел брак, ама без веридба.

Не знам што си се фатил за веридбата, нема никакво значење, ти можеш слободно да отидеш во матично и да се потпишеш без веридба, никој не те прашува веридба дали си правел.

Поентата не темата е дека на верниците им пречи што атеистите склопуваат ГРАЃАНСКИ БРАК ( значи не во црква , туку во матично ), верниците сметаат дека тие поседуваат ексклузивно право на бракот, а атеистите требало да живеат во вонбрачни заедници.
...само те замолив за точен конкретен од збор до збор превод. Ако не сакаш да го преведеш, ок
од сите постирани текстови... јас најмалку се фатив за нешто...постирав разни текстови од разни извори за историјата и влијанието на црквата и религиите.
Значи пред тоа си постоел брак, ама без веридба.
дали мислиш на моногамен брак во форма слична на сегашната и со слични правила на однесување? Ако да, те молам цитирај текст каде може ова да се прочита нешто за тоа
 
Мачорка,

бракот склопен во „матично„, за Црквата не е важечки брак и таквиот брак Црквата не го „брои„, независно што таквиот брак за власта е законски, но според световните а не според црковните правила. Така, бракот склопен во „матично„, гледано од црковна позиција, не е ништо друго, туку световно озаконување на блудни дејанија помеѓу идните сопружници, со последици кои не се тешко предвидливи, имајќи ги на ум сите искуства и учења кои ги поседува Црквата. Во „матично„ никој (матичарот) нема даде благослов за идната брачна заедница, па и децата од таквите сопружници, ќе бидат деца од не благословена заедница меѓу маж и жена, но не и деца од домашна Црква/заедница, благословена од свештенството.
 
Јас не сум венчан во црква и не носам бурма. Јас и мојата сопруга склучивме брак во матично, каде што единствено и има смисол да се склучува брак.

Во црква се прави венчавка - таму не се склучуваат бракови.

Низ целава тема се карате поради мешање на поими.
Ти Дибек си склучил брак (си потпишал брачен договор) во матични и од таму ти издале документ ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА ВЕНЧАНИ. И ти си венчан но само од службено лице матичар. Договорот си го потпишал пред двајца сведоци, кои што си можел и од улица да ги собереш и да им речеш да викат ДА на сите прашања што ќе ги праша матичарот.
Во црква попот венчава исто со двајца сведоци кои што мора да се обврзат да бидат КУМ и СТАРОСВАТ. Титулата КУМ во црква има сосема друго значење од онаа кај мафијата, но тоа е друга тема иако е многу битен момент од венчавката во црква.
Баш ме итересира како ги викаш ти твоите сведоци од венчавката во матично, сведок 1 и сведок 2. :pos:

Граѓанскиот брак е формално правна рамка во која се дефинираат улогите, правата и обврските меѓу брачните другари и едноставно е наметнат од државата за да подобро, полесно, функционира самата таа. (државата си ја олеснува контролата) (семејството е основна клетка на државата)
Ти како деклариран атеист и анархист самиот си признаваш дека си принуден на тој чин.
Брак во матично според мене нема потреба да се склучува доколку семејството (заедницата на двајца) не вклучува деца. Двајца што се сакаат може да си живеат сами заедно колку им душа сака (додека им е убаво заедно) без тоа да го “озаконуваат“ и официјализираат.
Ако смејството вклучува деца (заедничи или посебни од едиот или другиот) таа заедница во голема мера е потребно да се официјализира пред државата.

Венчавката во црква за тие што веруваат дава друга димензија на предходно потпишаниот лист хартија кај матичарот.
Во црква освен материјалното поврзување, се потенцира и духовното поврзување на двајцата идни брачни другари.

Поради материјалистичкото општество во кое живееме, после склучувањето на брак двајцата партнери се придржуваат до некои морални норми од чисто материјална побуда. Ќе го цитарам едниот од серијата рулс оф енгеиџмент. „Душо никогаш не би те изневерил, ќе изгубам пола куќа“ :vozbud:
Не е дека генерализирам но и од некои постови на темава се наметнува истиов заклучок. Атеистите се материјалисти. :P

Колку што го разбрав поставувачот на темава на него му прави дилема терминот БРАК.
Граѓански брак = материјални права и обврски.
Црковен (религиски) брак духовно поврзување на двајца.
Според него граѓанскиот брак е плагијат, односно украден, материјализиран, присвоен, како придобивка од религиите.
Јас делумно се сложувам со него и јас би ги поделил на семејства со деца и тоа да се вика брак, а граѓански унии договори и сл. за семејства без деца. Во овие вториве можат да се најдат (озаконат) и “загрозените“ од ЛГБТ групациите.
Семејсвото со деца сепак функционира на друг начин, отколку заедничкото живеење, уживање на двајца сами партнери.
 
Мачорка,

бракот склопен во „матично„, за Црквата не е важечки брак и таквиот брак Црквата не го „брои„, независно што таквиот брак за власта е законски, но според световните а не според црковните правила. Така, бракот склопен во „матично„, гледано од црковна позиција, не е ништо друго, туку световно озаконување на блудни дејанија помеѓу идните сопружници, со последици кои не се тешко предвидливи, имајќи ги на ум сите искуства и учења кои ги поседува Црквата. Во „матично„ никој (матичарот) нема даде благослов за идната брачна заедница, па и децата од таквите сопружници, ќе бидат деца од не благословена заедница меѓу маж и жена, но не и деца од домашна Црква/заедница, благословена од свештенството.
Па што ако (за болдот)? Кому му треба благослов ќе си побара, кому не, не. Не е тоа тема на муабетов. А велиш не го признава световниот брак, а? А зошто за да се венчаш во црква бараат потврда од световен брак?
 
Мики дај бе не трескај секакви зелени сеа.
Не можеш да се венчаш во црква ако не си венчан предходно во матично. Попот прво ти ја бара венчаницата од матично од која ги запишува личните податоци.
 
Мачорка,

бракот склопен во „матично„, за Црквата не е важечки брак и таквиот брак Црквата не го „брои„, .

Брои...хахаха подобро кажано не може да биде
 
Венчавката во црква за тие што веруваат дава друга димензија на предходно потпишаниот лист хартија кај матичарот.
Во црква освен материјалното поврзување, се потенцира и духовното поврзување на двајцата идни брачни другари.

Поради материјалистичкото општество во кое живееме, после склучувањето на брак двајцата партнери се придржуваат до некои морални норми од чисто материјална побуда. Ќе го цитарам едниот од серијата рулс оф енгеиџмент. „Душо никогаш не би те изневерил, ќе изгубам пола куќа“ :vozbud:
Не е дека генерализирам но и од некои постови на темава се наметнува истиов заклучок. Атеистите се материјалисти. :P

Колку што го разбрав поставувачот на темава на него му прави дилема терминот БРАК.
Граѓански брак = материјални права и обврски.
Црковен (религиски) брак духовно поврзување на двајца.
Според него граѓанскиот брак е плагијат, односно украден, материјализиран, присвоен, како придобивка од религиите.

Браво бе машко. Духовно се поврзуваат само паровите кои склучиле црковен брак, а овие со службениот брак се покварени материјалисти, кои се прават од интерес.

Добро, како ви текнуваат вакви глупости? Никогаш не сум го разбирал агресивниот атеизам, но вакви бисери ми го доближуваат (духовно, замисли)...

Тешко на тој што има мака....
 
Па што ако (за болдот)? Кому му треба благослов ќе си побара, кому не, не. Не е тоа тема на муабетов. А велиш не го признава световниот брак, а? А зошто за да се венчаш во црква бараат потврда од световен брак?

Па нормално дека од Црквата ќе бараат и световна потврда за идниот брак, оти Црквата не ги негира световните закони (до некаде...) , оти според црковното учење, „..нема власт која од Бога не е дадена...„ па затоа Црквата и бара валиден правен документ за бракот склопен во „матично„. Но, во времињата кога, на пример, македонците немале национална држава (во турско...), тогаш токму Црквата ја превземала државната улога, по прашањето на склопувањето бракови и уредувањето на нивната правна валидност. Сега, кога имаме своја држава, државата си ја гледа својата работа а Црквата својата, без мешање на надлежностите.
 
...само те замолив за точен конкретен од збор до збор превод. Ако не сакаш да го преведеш, ок
од сите постирани текстови... јас најмалку се фатив за нешто...постирав разни текстови од разни извори за историјата и влијанието на црквата и религиите.
дали мислиш на моногамен брак во форма слична на сегашната и со слични правила на однесување? Ако да, те молам цитирај текст каде може ова да се прочита нешто за тоа

Although the institution of marriage pre-dates reliable recorded history, many cultures have legends concerning the origins of marriage.

Еве ти Лурц, од статијата за Marriage na Википедија.
Јасно си пишува дека бракот како институција датира пред пишаните историски извори, а вие и понатаму тврдете си дека Библијата или Тората или Куранот го измислиле и патентирале бракот, па сега само верниците имаат ексклузивно право да стапуваат во брак.
 
Мики дај бе не трескај секакви зелени сеа.
Не можеш да се венчаш во црква ако не си венчан предходно во матично. Попот прво ти ја бара венчаницата од матично од која ги запишува личните податоци.

Веќе одговорив.
 
Браво бе машко. Духовно се поврзуваат само паровите кои склучиле црковен брак, а овие со службениот брак се покварени материјалисти, кои се прават од интерес.

Добро, како ви текнуваат вакви глупости? Никогаш не сум го разбирал агресивниот атеизам, но вакви бисери ми го доближуваат (духовно, замисли)...

Тешко на тој што има мака....

Добро бе Ставро што се напна толку.
Кај виде агресивност во мојот пост? Смешкото на крајот од реченицата не го приметуваш?
Брее да несмее човек ни да се нашали.
А ако не го разбираш поимот “духовно“ нематеријано, нетелсно јас неможам да те подучувам.
Прочитај го уште еднаш мојот пост ама целосно (неселективно) и можеби ќе ја разбереш суштината на тоа како јас го гледам бракот и семејството.
Поз.

ПС. Ок Мики се поправи во следнот пост. (y)
 
А ако не го разбираш поимот “духовно“ нематеријано, нетелсно јас неможам да те подучувам.

Не бе, не го разбирам. Оние што продаваа лопати подобро го разбираат, во сите негови финеси...
--- надополнето: Oct 25, 2011 2:03 PM ---
Да резимираме, некој е со некоја девојка, и се работи за голема љубов. Арно ама, мораат да склопат брак в црква, за да им се признае дека се работи за длабока врска, инаку ќе бидат материјалисти. А тоа склопувањето на црковен брак нематеријалстички кошта 100 евра.

Море, лопати за вас, но не продажба, по глава треба...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom