Абе друго е во помалите градови...
Мал град, неколку средни, сакал несакал некогаш ќе учиш со некој од противничката група. Помал простор на движење, комшиски линии, плус со фејсбуков секој го знае секого и знае дали е пропадник во навивачка група.
Реално единствено непријателско ривалство во Македонијава е Комити и Шверцери.
Ќе кажам дека Чкембари ни се главни ривали, традиционални, но се се сведува тука на спортски план.
Скопје е град каде што можеш да бидеш ултрас во секој момент од животот. Не ти е сигурно ако излезеш со реквизит низ град. Има неколку непријателски групи кои може да те нападнат од некаде. Е сега пошто другиве се маалски и Македонски и во глобала пола нашиве членови се знаат со нив, реално единствено ривалство ни е со Шверцери. Од друга страна, омраза на национален план.
Они си учат во неколку школи, и ние со нив немаме никаков допир во секојдневниот живот, но тепачки има насекаде...
Не се познаваме лично иако во поново време ФБ служи како место каде што бар можеш да дознаеш кој се по име и презиме
Самото тоа што во другите градови доаѓа до секојдневна интеракција помеѓи членовите на две групи, се доаѓа до тоа ривалството да се базира само на мечевите, и по/ пред нивното одигрување.
Ќе се тепаш ли со некој кој ти е комшија од детство? Со некој чии родители растеле со твоите во една поинаква заеднива? Нема шанси...
Е во Скопје нема такви случаеви. Ептен ретки се училиштата во кои Комити и Шверцери учат заедно .... (има такви во кои се во различни смени па е избегната секаква интеракција).