Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.153
- Поени од реакции
- 34.691
Законодавецот има обврска да го донесе законот, дали и како ќе се применува тоа е обврска на друг.Е сега, доколку се случи (мислам дека нема регистрирано повеќе од 5 напади на куче миленик кај нас) некој нежелен настан тогаш идеме со тој строгиот т.е. контрола кој и зашто чува, чипување на кучето, евиденција во какви услови се чува и слично пожелна контрола 2-3 пати годишно како за сопственикот така и за кучето.
Безполезен е секој донесен закон додека тој не се применува.
Не заборави дека не одговараш од перспектива на Хелсинг власникот на хаски, туку одговараш од гледна точка на законодавец и како таков имаш целосна и примарна обврска да се грижиш за човечката безбедност.
Ти значи, при полна свест и со знаење за фрекфенцијата на овие напади на светско ниво би решил да чекаш да прво да се случат повеќе немили настани како унаказувањето на девојчето во Белград? Колку повеќе човечки жртви ќе бидат потребни за да убедат тебе? 5 не се доволно, колку треба? 50? 500?
Добро е што ти не си законодавецот тука.
Иако сепак мислам дека сега подобро разбираш каква е одговорноста на оние што би го донеле овој закон.
За мене и една жртва е премногу, кога веќе толку многу други поголеми држави што имаат и поопремени и поискусни и поразвиени служби и логистика и го испитале проблемот многу подетално од она што ние како држава можеме и да се надеваме, па одлучиле да воведат вакви закони.