Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
Е сега, доколку се случи (мислам дека нема регистрирано повеќе од 5 напади на куче миленик кај нас) некој нежелен настан тогаш идеме со тој строгиот т.е. контрола кој и зашто чува, чипување на кучето, евиденција во какви услови се чува и слично пожелна контрола 2-3 пати годишно како за сопственикот така и за кучето.
Безполезен е секој донесен закон додека тој не се применува.
Законодавецот има обврска да го донесе законот, дали и како ќе се применува тоа е обврска на друг.

Не заборави дека не одговараш од перспектива на Хелсинг власникот на хаски, туку одговараш од гледна точка на законодавец и како таков имаш целосна и примарна обврска да се грижиш за човечката безбедност.

Ти значи, при полна свест и со знаење за фрекфенцијата на овие напади на светско ниво би решил да чекаш да прво да се случат повеќе немили настани како унаказувањето на девојчето во Белград? Колку повеќе човечки жртви ќе бидат потребни за да убедат тебе? 5 не се доволно, колку треба? 50? 500?

Добро е што ти не си законодавецот тука. :)
Иако сепак мислам дека сега подобро разбираш каква е одговорноста на оние што би го донеле овој закон.

За мене и една жртва е премногу, кога веќе толку многу други поголеми држави што имаат и поопремени и поискусни и поразвиени служби и логистика и го испитале проблемот многу подетално од она што ние како држава можеме и да се надеваме, па одлучиле да воведат вакви закони.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Мислиш дека било кој од власта го заболе за безбедноста на граѓаните?
Освен колку дебело салдо ќе направат за ништо друго не ги бива дали едните или другите.

Законодавецот има обврска и донесениот закон да се погрижи да се применува, се се може ако се сака.
Збориме за светско ниво, многу е поразлично за разлика од ниво на држава конкретно во случајов дискутираме за Македонија.
Зашто после нападот во Прилеп никој не крена иницијатива слична или донекаде иста како оваа твојава, м?

И повеќе од што мислиш ми е јасно каква е одговорноста на тие што го носта законот, но за жал кај таквите во Македонија зборот "одговорност" е мисловен поим.

Тие држави верувај се соочиле со многу поголеми проблеми и затоа кренале иницијатива за таков закон и истиот е донесен и стапен во сила и најважно од се се применува.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
Јас те разбирам и иако имам слични гледишта за оваа и воопшто за сите наши досегашни (верувам и идни) влади, ќе те подесетам дека треба да се задржиме на темата на оваа дискусија. Законодавецот не се грижи за спроведување на законите, туку само ги носи. Законите ги спроведува министерството за внатрешни работи.
Елементарно, драг мој Хелсинг.

Тие држави верувај се соочиле со многу поголеми проблеми и затоа кренале иницијатива за таков закон и истиот е донесен и стапен во сила и најважно од се се применува.
Тие држави, како што ете и сам кажа, донеле ваков закон заради нападите, сакатењата и убиствата од овие опасни раси на кучиња. Ама ние, според тебе, треба да чекаме првин кај нас да се случат напади и убиства? Зошто нашите питбули се генетски различни во однос на нивните питбули, а нашите газди се најпримерните, кај нас воопшто нема малтретирање и кучешки борби?
Дали би сакал да ти се случи убиствен напад на тебе или на твој близок?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
И министерот за внатрешни го дава својот глас во донесувањето на тој закон и како најодговорно лице од МВР треба да преземе иницијатива и тоа да се спроведува на дело.
Значи нема да постои поголемо сакатење од тоа да се забрани цела раса а со тек на време и истата исчезне како што е случај со многу диви животни низ целиот свет.
Не говорам дека тоа тука е различно со тоа таму или пак дека кај нас нема малтретирање и борби туку тоа е во мал број со оглед колкава нација сме за разлика од други земји.
Да разјасниме, никој ама баш никој на никого не му посакува било каков напад врз него самиот па камоли на некој близок.

За илустрација еден пример:
На враќање дома после работа негде околу 23:30 некоја жена со торби идеше или на автобуска или на железничка станица. Имаше куче скитник и тоа од тие "магарињата" кое е "пирсано" на увото.
Жената од страв да не ја нападне ме замоли да ја попратам понатаму, истото го направив и на поминување му се пушти на кучето да го избрка а кутрото ништо не направи. Верувам дека истото ќе нападнеше, (во овој случај чуствува дека му е загрозена територијата и има потенцијална опасност кон него) но не го направи тоа благодарение на тоа што е кастрирано што и мислам дека тој пирс го кажува.
Истото може да се случи доколку се направи и кон некое друго куче па да истото нападне. Пак проблемот го лоцирам во човекот иако не застанувам комплетно ни на едната ни на другата страна.
 
L

Lu

Гостин
Жената од страв да не ја нападне ме замоли да ја попратам понатаму, истото го направив и на поминување му се пушти на кучето да го избрка а кутрото ништо не направи.
Е значи вакви луѓе најмногу ме нервираат :mad: , без никаква причина ги провоцираат кучињата и после кога кучето ќе изреагира бидејќи е испровоцирано од страна на човекот, веднаш вината ја префрлаат на кучињата дака се агресивни вакви такви, а уствари луѓето не се свесни дека со самото нивно понашање и со самите нивни потези ги провоцираат кучињата.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Е значи вакви луѓе најмногу ме нервираат :mad: , без никаква причина ги провоцираат кучињата и после кога кучето ќе изреагира бидејќи е испровоцирано од страна на човекот, веднаш вината ја префрлаат на кучињата дака се агресивни вакви такви, а уствари луѓето не се свесни дека со самото нивно понашање и со самите нивни потези ги провоцираат кучињата.
Тоа и ми беше целта, очекував од тебе да го разбереш ова не од некој друг. Токму и затоа го пишав примерот да се каже дека кучето е испровоцирано за напад, среќа беше кастрирано иначе можев и јас да го јадам. :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
И министерот за внатрешни го дава својот глас во донесувањето на тој закон и како најодговорно лице од МВР треба да преземе иницијатива и тоа да се спроведува на дело.
Значи нема да постои поголемо сакатење од тоа да се забрани цела раса а со тек на време и истата исчезне како што е случај со многу диви животни низ целиот свет.
Не говорам дека тоа тука е различно со тоа таму или пак дека кај нас нема малтретирање и борби туку тоа е во мал број со оглед колкава нација сме за разлика од други земји.
Да разјасниме, никој ама баш никој на никого не му посакува било каков напад врз него самиот па камоли на некој близок.
Oф леле Хелсинг, сега ме тераш да одам навистина најелементарно и да банализирам до невкус.

Ама во ред. Велиш „нема да постои поголемо сакатење од тоа да се забрани цела раса„?
За луѓе збориме. Ме читаш? За правата на луѓето да не бидат осакатени и убиени!
Kаква бре врска има колкава нација сме со ова?!?!?!?

Не се разбираме што е сакатење? Еве повели па види што е сакатење!

Само ако имаш слаб стомак, подобро не отварај.
(Предупредување, следуваат ужасни ужасни слики на жртви од питбул и ротвајлери.)

За оние кои не знаат што е „спојлер„: само кликни на копчето Прикажи спојлер.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Последнава жена на сликава не е осакатена од куче,туку од некој вид на мајмун,горила којзнае што беше.Така да сликиве и не се баш веродостојни.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
Убаво од тебе што се потруди да провериш дека другите се од питбул.

Благодарам за твојата помош.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Oф леле Хелсинг, сега ме тераш да одам навистина најелементарно и да банализирам до невкус.

Ама во ред. Велиш „нема да постои поголемо сакатење од тоа да се забрани цела раса„?
За луѓе збориме. Ме читаш? За правата на луѓето да не бидат осакатени и убиени!
Kаква бре врска има колкава нација сме со ова?!?!?!?

Не се разбираме што е сакатење? Еве повели па види што е сакатење!

Само ако имаш слаб стомак, подобро не отварај.
(Предупредување, следуваат ужасни ужасни слики на жртви од питбул и ротвајлери.)

За оние кои не знаат што е „спојлер„: само кликни на копчето Прикажи спојлер.
Значи потруди се да убаво го прочиташ пишаното и сватиш со која цел е напишано.
Кога сме кај сакатења и слично и луѓе - луѓе осакатуваат и убиваат.

Игра улога колкава нација сме во поглед на процентуално изразени напади врз човек на жител во држава и слично, вајда ме разбра што сакам да кажам.

Слаб стомак, хахахах. Доручкував додека го гледав ова, така да со тоа немам проблем. Ќе кажам само огромно жалам за случувањата и она што на тие луѓе им се случило понатаму нејќам да коментирам.

А кога сме кај спојлерот мислам дека само тој што вчера научил како се користи да подучува други.
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Викате дека кучињата се криви, и дека треба да се банираат по секоја цена, заради нашата безбедност?

Епа Ванлок, види го видево, како газдата се иживува на својот миленик, пошто ова сака да влезе вантре. И после зашто кучињава напаѓаат?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Викате дека кучињата се криви, и дека треба да се банираат по секоја цена, заради нашата безбедност?

Епа Ванлок, види го видево, како газдата се иживува на својот миленик, пошто ова сака да влезе вантре. И после зашто кучињава напаѓаат?
Vanlok,кажи ми дали и после видеово ќе кажеш дека кучето е криво,и дека во ген му е да напаѓа ?

Човек,што се сматра за најпаметен на планетава,нема да трпи вакво тепање за без потреба,а кучево трпи.

И ти пак ќе кажеш дека се е до кучињата и до нивниот ген ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
Вие изгледа не разбирате дека целта на темава е дискусија за закон што ќе ги заштити луѓето од нападите и убиствата на неколкуте опасни раси на кучиња.

Прочитајте го горниот пасос 10 пати.

Сега со мислата од горниот пасос сеуште во глава, размислете за што зборуваме тука.
Тука не зборуваме за закон што ќе ги заштити животните од идиотите што ги малтретираат. Повелете па отворете нова тема за тоа.

Идиотите што малтретираат кучиња се дел од Вас власниците. Власник морон што кучето не е способен да го чува како што треба и што ја загрозува целата заединица со куче што го прави темпирана бомба која кога еднаш ќе пукне ќе има и невини жртви а не само газдата што си го барал.

Затоа што мороните не можеш со закон да ги забраниш, останува да се регулира со закон алатката на моронот. Можеби не е фер за алатката, ама на кој му е гајле за тоа кога збориме за човечки животи и судбини.
 
Баш от такви морони, треба да се воведе РЕД. Не треба секој да има куче, и да има и ако не е искусен треба да се оди на дресура, со тоа државата му го плаќа дресирањето, како што има во повеќето европски држави.

И нема потреба да се заштитуваме од, таканеречени опасни раси на кучиња, ти Ванклок не разбираш и не разбираш, нема ТАКВИ, тие што се, се или МАЧЕНИ ИЛИ НАПУШТЕНИ од страна на најопасната раса во светов ЧОВЕКОТ, Тебе ова ти е јасно или не? Или што ти е проблемот? Копаш на интернет статии, и се разбираш ти од кучињата нели? Ние ти викаме друго, ти продолжуваш со твоите непросмисени постови на темава. Пу`јзк од вакви како тебе.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.153
Поени од реакции
34.691
Баш от такви морони, треба да се воведе РЕД. Не треба секој да има куче, и да има и ако не е искусен треба да се оди на дресура, со тоа државата му го плаќа дресирањето, како што има во повеќето европски држави.
Носењето закон за кој зборуваме во целава оваа дискусија е еднакво на воведување ред.

А тоа државата да му го плаќа дресирањето на секој морон што потоа пак нема да знае што тој самиот да прави со кучето...

Најопасната раса во светов е човекот? Нема да дискутирам за тоа во оваа дискусија, темата на оваа дискусија ја имаш во насловот на твојот интернет бровсер.
Со среќа иницијативата во врска со закон за забранување на човекот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom