Неколку прашања, кои од секогаш ме интересирале...

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Гледај си за себе, не се секирај за другите дали одат или не одат во црква, џамија или било што. Незнам по кој основ се наоѓаш ти повикана да ги “упатуваш“ луѓето. Тоа што си ја “превоспитала“ баба ти мислиш дека ти е некој успех? За пофалба? Не си ми јасна баш.

За фискална, верските заедници си се договорија со државата и се надвор од законот. Исправо или не, тоа е друга тема.
Во сите цркви имаш допис од синодот на МПЦ со важечки тарифник. Не ја одредува цената попот.
За сиромашни, загрозени социјални случаи, секогаш поповите прават отстапки. Барем тие попови што јас ги познавам. Ако желба на покојниот била да биде закопан со поп, ќе му дојде поп на погребот, без разлика дали семејството има или нема пари да плати.
Не реков јас дека сите попови се цвеќиња за мирисање ама вулгарно е поради неколку примери, сите да ги оцрнувате а плус при тоа да ја обвинувате и верата дека виновна за ова или она.
1. Ме мрзи да објаснувам, повикана сум почесто од што сакам, веќе цел форум знае што е и зошто е, нема потреба да се повторувам, досадно е.
2. Попот ја одредува цената зошто никој не може да го казни. И реков сакам официјален тарифник од МПЦ да ми обезбедиш, како верник треба да го знаеш.
3. Секогаш? Тоа на друго место да лажеш. Или може и тебе те лажат, што знам.
4. Покојниот најчесто цеф го боли дали некој му пее и му бае, покоен е, аш, не постои. А и во моментите на умирачка, не му е до поповите. А макар и да сака, еве дедо ми да сакал на погреб да му пеат... немало, оти пости беа.
5. Далеку повеќе се од неколку.
6. Верата е виновна за многу работи, море за повеќе од многу, ама тоа е - друга тема.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328

Не постои професија чија намена е да ги убедува луѓето во што да веруваат или неверуваат односно дали да посетуваат верски објекти или не. Тоа си е некоја твоја лична мисија. Ти по професија ако се сеќавам се изјаснуваше психолог или нешто како социјален работник не е битно, погоре наведеното не ти спаѓа во опис на работно место.
За да обвиниш некого дека лаже треба да имаш доказ за тоа. Јас во постот пишав за однесување на попови кои што јас ги познавам. Омразата ви е толку голема што дури и ве заслепува, не дочитувате до крај. (односно читате како што ви одговара)

Значи да резимираме.
Сите попови се педофили, пијаници, коцкаришта, го лажат и крадат народот и имаат минимум по два мерцедеса.
Верниците се идиоти со IQ колку собна температура, незнаат да соберат два и два и слепо им веруваат на поповите.

Секоја ви чест на ограниченоста.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Мислам дека грешиш, уствари сигурен сум дека грешиш;), кога зборуваш за постоење на некоја заслепувачка генерализирана омраза кон поповите, и дека преовладува мислење дека верниците се идиоти со низок IQ.

Точно е дека се повеќе има нетрпеливост, пред се кон професијата ПОП, од најразлични причини, а пред се согледување на реалноста. Многу верници, знаат самите дека поповите не ја извршуваат функцијата дадена од Христос, но сепак го посетуваат Храмот божји од едноставна причина што веруваат дека преку тоа место ќе допрат до Бога и Исус.

Нивната Вера не е поврзана со поповите. Верувам дека и ти ќе се сложиш дека треба да се направи дистинкција помеѓу вербата во нешто на една персона и улогата на поповите во истата таа верба.

Ако Ал Каеда го користи Исламот и Џихадот да ги оправдува своите терористички дела, и многу исламисти не ги осудат тие дела (без разлика дали од страв или оправдување на истите) тогаш е неминовна блага генерализација дека исламот е милитантна вера. Дали е оправдана генерализацијат аили не, не е важно, мнозинството во светот одлучило дека е така.

Исто е и со поповите. Ако проповедаат скромен и посветен на бога живот, а од друга страна покажуваат развратност, богатство и непосветеност на бога, а не се осудени од другите попови, неминовна е генерализацијата за нив. Колку и да има исклучоци во сето тоа, толпата веќе има утврдено мислење за таа фела.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
..истите тие луѓе утре пак ќе одат на вечнавка во некоја од експозитурите на МПЦ и ќе си платат ..
:pos:
Оригинал еј, како не ми текнало :pos:
Браво, ми го напраи денов.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Се обложувам дека над 50% од оние кои пишуваат на оваа тема против ...
Се збори за намалување или ослободување од давачки за некои услуги во црквата. Голем број од луѓето пишуваат и против (укажуваат) ценовниците на евн, против зонско паркирање, против беспоштедното трошење на државен буџет на излишни работи...но што да сториме...едино решение ни е во планина. Таму не постои неправда.
Или сите да станеме атеисти (ако неправдите се само кај верските заедници и верата), трето нема.
Бтв, ако не си во МПЦ не плаќаш ни за венчавка ни за крштевка (освен како што сфатив донации, доброволни прилози и членарина-кои пак јас не мора да ги плаќам).
Јас не гледам МТВ, но плаќам секој месец...
 
Член од
25 јули 2008
Мислења
53
Поени од реакции
6
Отсекогаш ме фасцинирала римата "попови лопови". Никогаш не сум бил сигурен дали е чиста случајност или пак можеби има нешто повеќе...:)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, има „нешто повеќе„. Поимот „поп„ не е баш македонски израз, туку повеќе латински, „папа„, што означува лице во уога на „духовен отец„. Поимот „папа„ скратено му доаѓа „поп„, слично како што американците го читаат поимот „папа„, како „поуп„.

Верните им се обраќаат на свештениците од своите парохиски храмови со изразот „отец„ а не со изразот „попе„. Зависно од чинот од свештеникот, различен е и начинот на обраќање.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не ми е јасно како не разбирате дека на поповите тоа им е РАБОТА. Не се тие во мисија па да работат беспари.
Не ми е јасно како не разбираш дека поимот работа подразбира работење. Поповите не работат. Поповите чатат, пеат и лажат прост народ.

Работа е сукање ракави или напрегање мозок. Лажењето и заканувањето НЕ СЕ РАБОТА. Тоа се манипулација и застрашување. И едното и другото се третирани од законите на државата како криминал.

Инаку, според намерата на секоја религија, свештениците СЕ мисионери. Така, поповите кои ги браниш, се мисионери чија мисија би требало да биде беспоштедно ширење на учењето БЕЗ НИКАКВИ ОЧЕКУВАЊА за световен надоместок. ...а нашиве „мисионери“ си изработиле тарифник, пази молим те.

Тарифник за попски услуги е срамота на повеќе нивоа - срамота за учењето, срамота за сиромавите од кои се цицаат најмногу од парите и срамота за државата која дозволува финански криминал под својот нос.

Не постои никакво оправдување за попски тарифник.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.725
Не постои професија чија намена е да ги убедува луѓето во што да веруваат или неверуваат односно дали да посетуваат верски објекти или не. Тоа си е некоја твоја лична мисија. Ти по професија ако се сеќавам се изјаснуваше психолог или нешто како социјален работник не е битно, погоре наведеното не ти спаѓа во опис на работно место.
За да обвиниш некого дека лаже треба да имаш доказ за тоа. Јас во постот пишав за однесување на попови кои што јас ги познавам. Омразата ви е толку голема што дури и ве заслепува, не дочитувате до крај. (односно читате како што ви одговара)

Значи да резимираме.
Сите попови се педофили, пијаници, коцкаришта, го лажат и крадат народот и имаат минимум по два мерцедеса.
Верниците се идиоти со IQ колку собна температура, незнаат да соберат два и два и слепо им веруваат на поповите.

Секоја ви чест на ограниченоста.
1. Не станува збор за никаква професија, уште помалку за разубедување верници.
2. Не мразам јас никого, друже, нешто си се помешал
3. Не сите, туку повеќето. Не правиш ти разлика меѓу неколку-многу-сите?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бтв, ако не си во МПЦ не плаќаш ни за венчавка ни за крштевка (освен како што сфатив донации, доброволни прилози и членарина-кои пак јас не мора да ги плаќам).
Донации и доброволни прилози е речици едно те исто. И донациите се доброволни, и прилозите се донации. Зборувам за протестантските цркви.
Сум бил во многу протестантски цркви, во земјава и странство, и се уште не сум сретнал црква која наплаќа чланарина на членовите. Сум слушнал дека такво нешто прават адвентистите, но не и нормалните протестантски цркви.
--- надополнето: Oct 19, 2011 2:36 PM ---
Верните им се обраќаат на свештениците од своите парохиски храмови со изразот „отец„ а не со изразот „попе„.
Точно, им се обраќаат токму онака како што Христос забрани да им се обраќаат:

"И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец."
(Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата)

Но нели кој го ферма Исус, битно е чест да им се укаже, да се задоволи нивното честољубие и славољубие.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно, им се обраќаат токму онака како што Христос забрани да им се обраќаат:

"И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец."
(Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата)
Да, само што Он во евангелијата секогаш им се обраќа на конкретни јудеи, а не Вам во Дебар-маало или нам во Црквата.

Секако, поимот „Отец„ навистина се однесува само на Бога Отецот, Кој Е исходиште и за Синот и за Духот и за се‘ видливо, тоа не го спорам, а во Црквата, поимот „отец„ се однесува на конкретен свештеник, со име и презиме, кого можам да го видам и слушнам и контактирам, кој не ме створил или родил, од кого можам да барам духовен совет, а не на Бога Отецот, Кого никој жив не Го видел.
--- надополнето: Oct 19, 2011 2:55 PM ---
Но нели кој го ферма Исус, битно е чест да им се укаже, да се задоволи нивното честољубие и славољубие.
Вакво хулење, посоечено во болтуваниот текст, ретко се среќава...:rolleyes:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Секако, поимот „Отец„ навистина се однесува само на Бога Отецот, Кој Е исходиште и за Синот и за Духот и за се‘ видливо, тоа не го спорам, а во Црквата, поимот „отец„ се однесува на конкретен свештеник, со име и презиме, кого можам да го видам и слушнам и контактирам, кој не ме створил или родил, од кого можам да барам духовен совет, а не на Бога Отецот, Кого никој жив не Го видел.
Ако не спориш дека поимот „отец“ се однесува само на Бога Отецот, тогаш зошто ги нарекувате вашите свештеници со титулата „отец“? Што е нејасно или двосмислено во едноставната Христова заповед:

никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец."
(Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата)

Од една страна се обидувате да се поистоветите со Христовата Црква, а од друга страна непослушни сте му на Христос дури и во најмалите работи како оваа. Има ли во вас барем еден грам страв Божји штом вака смело и за инает го правите токму она што Христос го забранил?
 
I

Iblis

Гостин
Да, има „нешто повеќе„. Поимот „поп„ не е баш македонски израз, туку повеќе латински, „папа„, што означува лице во уога на „духовен отец„. Поимот „папа„ скратено му доаѓа „поп„, слично како што американците го читаат поимот „папа„, како „поуп„.

Верните им се обраќаат на свештениците од своите парохиски храмови со изразот „отец„ а не со изразот „попе„. Зависно од чинот од свештеникот, различен е и начинот на обраќање.
Абе ни лопов не е македонски израз, ниту е македонски збор ,ама одлично ја опишува поентата.
Лопов иначе значи крадец на српски, макар што би требало да има поблиско значење до она што се нарекува арамија(не ајдут/хајдук), нашите предци правеле разлика во тие два поими, ама нас денес крадец ни е крадец, а дали он бил "преварант", џепчија, апаш, се едно ни е веќе, каква титула нека има, штом продава муда за бубрези, тоа ти е тоа бачко.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не ми е јасно како не разбираш дека поимот работа подразбира работење. Поповите не работат. Поповите чатат, пеат и лажат прост народ.

Работа е сукање ракави или напрегање мозок. Лажењето и заканувањето НЕ СЕ РАБОТА. Тоа се манипулација и застрашување. И едното и другото се третирани од законите на државата како криминал.

Инаку, според намерата на секоја религија, свештениците СЕ мисионери. Така, поповите кои ги браниш, се мисионери чија мисија би требало да биде беспоштедно ширење на учењето БЕЗ НИКАКВИ ОЧЕКУВАЊА за световен надоместок. ...а нашиве „мисионери“ си изработиле тарифник, пази молим те.

Тарифник за попски услуги е срамота на повеќе нивоа - срамота за учењето, срамота за сиромавите од кои се цицаат најмногу од парите и срамота за државата која дозволува финански криминал под својот нос.

Не постои никакво оправдување за попски тарифник.
Ооо здраво Дибек, одамна не сме си поприкажале. Не требаше да се сомневам дека ќе се појавиш, тема во религија без твој осврт не поминува. :)

Поповите се школувале за тоа што го работат, поповите се пријавени како вработени, повите си плаќаат придонеси. = Поповите РАБОТАТ. Тоа што не ти е по ќејф нивната работа е мање битно.
Јас не сум лично засегнат околу бранењето на поповите (нити јас нити некој близок ми е поп или владика) но ми се виде нефер тоа што ги правите погрешни од црни ѓаоли, поради неколку залутани во таа професија.

Околу “тарифникот“.
Јас ама баш никаде не го оправдав неговото постоење или пак реков дека е во ред тоа. Башка го посочив и директниот виновник односно виновници (синодот). Ама тоа на вас не ви се чита поради познати причини.

Поздрав и секое добро.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Aj sto ne sum mozel da gi podnesuvam i prethodno ok, ama otkako pocinaa moite pa sega ne mozam ni da gi pomirisam, vednas averzija mi se stvara kon site takanarecheni bozji pratenici. Pa dobro koj uste ostana da veruva deka ovie tipovi navistina se bozji slugi a ne grubo kazano lopovista i sobirachi na arach i pari? Covece gi pogrebav dvajcata moi roditeli , tazen si ne znaes sto e veke poentata na zivotot doagja tip ti pee radi reda i na sred pogreb ti vika 2.500 den a be mi idese da mu aj fuknam edna direkt tuka. Normalno li e ova? Ako sakas da pogrebas najmil te trchaat vamu tamu se pojavuvaat sekakvi sumnjivi tipovi od trista privatni pogrebni pretprijatija, i ovie od butel ti nudat sve pop ovo ono ko na oglas da si se javil a ti seuste ne mozes da se nosis so bolkata deka ti zaminal nekoj blizok! Ne mozam da gi podnesam i do krajot ke se boram protiv niv! Ne mi treba mene pop ogja i sve toa gjubre da mi kazuva vo sto da veruvam.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom