Ти ако сакаш да не ти како што си се изразила "улетувам како падобранец"оти воопшто и ги пишуваш работите.Што вака улетуваш како падобранец, не ми е јасно
Не го сфати муабетот, али нема везе.
Не носам крзна, не носам ништо од животинско потекло (кожа, свила).
Активист сум за правата на животните
И те молам, пред да ми кажуваш дека е е се во купувањето гардероба, ајт кај мене на профил ѕирни некое мислење што сум напишала. Чисто да не се осеќам идиотски кога ти одговарам.
Во принцип не се замарам. Не носам Версаче, ама не купувам ни од пазари. Во шкаф имам се и сешто, на пример денес комбинација -- штикли Адамс, пантолони Фиори (и тоа на попуст купени!) каиш и маица Мотиви (нова колекција, малце ме боцкаше цената), и наметка од времето на младоста на мајка ми
Што ми е убаво - тоа носам. Бренд или не... сеедно.
--- надополнето: Sep 29, 2011 11:58 PM ---
Омилено!!! Имам акано по други земји само за нив! Се израдував на New Yorker vo Веро9, ама кога видов дека има само отпад од она што го има во, на пример, Австрија, се разочарав.
Во Теранова и Калопе купувам само на попуст. Затоа што имав можност да споредам. Пред неколку години, кога Теранова уште кај нас беше ,,бренд,, во Италија од Теранова купив неколку маички по 2 евра, и тоа кај нас истите никогаш не стигнаа до таа цена (истите најефтини во наша Теранова беа околу 500-600 денари). Кога дојдов тука, купив уште една иста од кај нас. Овие од Италија, ги носев барем 2-3 години. Оваа нашава, едвај летото ја носев, цела се развлече, апликацијата се распадна. Затоа, дури ми е смешно да давам ненормални суми во оваа продавница, зошто прво не е истото што го продаваат на други места, а второ е поквалитетно да купам од било која друга продавничка, за далеку помала сума.епа марката не ми е многу битна, а и не се расфрлам у пари и гледам каде можам да заштедам..
идеш у теранова и глеаш маичка за 500. идеш у елит и глеаш иста маица за 400. и коа ќе те прашаат од кај ти е, битно ли е да се каже дали е марка или не? не дека теранова е нешто марка, ама зашто да давам 100 денари плус коа ем ќе ослабнам додека да стигнам до елит ем со таа стотка кредит ќе си стаам
Се сложувам со тебе за Фиори, Теранова и сл. Тоа ти е исто ко кинеските телефони. Затоа и не купувам од кај нас гардероба, све се чкартови.Уф многу е кул ако теранова, калиопе, фиори, бодилајн, овс ги сметате за брендови.
Не кажувајте на некој странец ќе ви се смее.
Кај нив тоа на пазари се продава и е ултра ефтино. Или Фиори ти е се кинеско апла као Гари што увезува.
Ај ќе сватам бренд од тип на Зара, Бершка, Страдивариус, Акцесорис, Х&М, Пулл&Беар, Тејли зашто тоа се брендови за широка потрошувачка по пристапни цени но со просечен квалитет.
Не се дизајнерски имиња, но сепак ги копираат истите. И најбитно имаат фантастични попусти.
Едно е Dolce&Gabanna, а друго е D&G(иначе истата фирма се, само што овие вторите се класа подоле). Тие се класа подоле од Dolce&Gabanna. Но скоро го затворија D&G, најверојатно не им идел бизнисот.e aj sega malku ozbilno okolu toa ...brendirano.,., kolekcijata na D&G za 2008-09 zhenski kostimi za plazha se shieja vo astibo shtip., ., i se distribuira niz cel svet kako kolekcija na D&G., e sega kako go tretirash toa kako brend ili neshto stokmeno vo astibo.,