Помош, проблеми, прашања, совети...

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Првиот. А за од АМЦ искуства, па ако го прочешлаш подфорумов 90% ќе видиш дека имале лошо искуство, затоа и никој овдека нема да ти препорача од АМЦ да купиш. Последниве години се стварно тиња.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Во план ми е да земам нов компјутер, па сакам да чујам (видам :) ) ваше мислење. Се мислам помеѓу овие два модела овој и oвој, па ме интересира кој е подобар и поисплатлив во однос цена - перформанси, и исто така ме интересира дали има некој купувано од АМЦ и искуства од истото.

Фала.

П.С. Се надевам дека мислењево е напишано во права тема
првиот е подобар затоа што има доста појака графичка, вториот има подобар процесор ама има доста слаба графичка.
иначе лично јас имам од АМЦ 2 компјутера, едниот стар 7 години другиот 7 месеци и сум задоволен затоа што на стариот немам ништо сменето освен двд режач...
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
првиот е подобар затоа што има доста појака графичка, вториот има подобар процесор ама има доста слаба графичка.
иначе лично јас имам од АМЦ 2 компјутера, едниот стар 7 години другиот 7 месеци и сум задоволен затоа што на стариот немам ништо сменето освен двд режач...
Да беше тоа K верзија на 2500 ај, али вака не се исплати, а GTS450 ја тепа GT520 на велико, така да јасен е изборот.
И уште нешто што ме нервира кај АМЦ, никогаш не пишуваат за кој модел на матична, хард диск, рам (и конфигурација на рамот) и напојување се работи (n)
 
па да јас на тоа мислев ГТ 520 e многу послаба од ГТС 450
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Првиот. А за од АМЦ искуства, па ако го прочешлаш подфорумов 90% ќе видиш дека имале лошо искуство, затоа и никој овдека нема да ти препорача од АМЦ да купиш. Последниве години се стварно тиња.
Фала на одговорот. Значи првиот е подобар. Ти лично имаш ли некое лошо искуство? Да бидам искрен и јас имам слушано некои негативни работи за АМЦ, но исто така имам и позитивни. :) И ако не дај предложи некоја друга фирма со попристапни цени.

првиот е подобар затоа што има доста појака графичка, вториот има подобар процесор ама има доста слаба графичка.
иначе лично јас имам од АМЦ 2 компјутера, едниот стар 7 години другиот 7 месеци и сум задоволен затоа што на стариот немам ништо сменето освен двд режач...
Фала ти и на тебе на одговорот, и ако не ти е тешко кажи дали вреди ПЦ-то за тие пари
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Немам искуство со делови, само со услугата, еднаш барав еден дел кај нив у продавница и освен еден дечко никој не те ферма, у превод услуга скоро на нула. А за деловите/сервисот, кажав веќе.
Што се однесува до други фирми, можам да ти склопам компјутер во граници на бучет од Анхоч/СЕТ ако сакаш, воопшто не би ти препорачал да зимаш готови конфигурации.
 
Се тоа е во ред, и јас би сакал конфигурација по своја желба, но работата е што планирам да земам на рати, а плус и други работи ке земам така да ...
А и имам гледано во Анхоч и мислам дека цените се доста посолени.
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Абе ти само ќе им кажеш во Анхоч кои делови да ги кладат в куќиште, наместо готови конфигурации. И ќе го земеш на рати :)
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Да не знае некој добра алатка за windows која ќе мери не само real time туку и ќе има историја на користењето на процесорот и меморијата ,да најде минимум,максимум,средна вредност за тоа време додека е уклучена апликацијата и која ќе може да се направи export на податоците во excel или csv?

Барав доста време на нет,најдов една апликација се вика WebTemp имаше се што ми треба само што немаше како да ги сочува податоците,единствен начин и беше да ти се пратат на e-mail ако ја имаш целосната верзија и незнам во каков формат ќе бидат тие.

Дали има некој да препорача некоја слична апликација,многу ми е важно.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Фала на одговорот. Значи првиот е подобар. Ти лично имаш ли некое лошо искуство? Да бидам искрен и јас имам слушано некои негативни работи за АМЦ, но исто така имам и позитивни. :) И ако не дај предложи некоја друга фирма со попристапни цени.

Фала ти и на тебе на одговорот, и ако не ти е тешко кажи дали вреди ПЦ-то за тие пари
па вреди за тие пари, имаш процесор од новата генерација, добра графичка...........
Се тоа е во ред, и јас би сакал конфигурација по своја желба, но работата е што планирам да земам на рати, а плус и други работи ке земам така да ...
А и имам гледано во Анхоч и мислам дека цените се доста посолени.
така е во Анхоч цените се повисоки, истиве овие делови да ги земеш од Анхоч ке те фати
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=32746 матична
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=32692 процесор
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=11639 рам
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=32708 графичка
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=31814 хард диск
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=10813 двд режач
вкупно 26430 денари ама без напојување и без куќиште-додај тоа ке излезе 30000 илјади. сега ти одлучи како сакаш да земеш...
 
Член од
13 март 2011
Мислења
42
Поени од реакции
12
Najprvin izvinete sto pisuvam na latinica.. neznam kade se menuva formatot na ubuntu, taka da ke moram da pisuvam na latinica, a ne na kirilica..
Imam eden problem...Ne sum bil na kompjuter koga se slucilo toa.. Kako sto mi objasnija od doma, pri otvaranje na facebook , se pojavile nekoi prozorcinja od X pricini.. E sega nekako gi izgasnale tie prozorcinja.. Potoa desktopot stanal crn, se izgubile site aplikacii, folderi i drugi fajlovi sto bile na desktopot..Task menagerot ne funkcionira, proveriv isto taka deka i c,d,e i f drajverite se prazni, iako seuste stoi deka se polni kako sto pisuvase porano.. Go restartirav kompjuterot i po restartiranje se pojavi Data Restore.. po skeniranje se pojavija nekolku greski od koi 5 se "popraveni" , a 9 seuste se ostaveni (pricina: odbien pristap). Pritoa mi pisuva deka ima 217673 izgubeni fajlovi.
Prv pat mi se slucuva ova, taka da sakam da ve prasam sto e ova i dali nekako moze da se popravi..t.e. sam da go popravam ili da go nosam utre na servis.. :/
 
Attachments

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Вака сеа. Имав MSI матична за AMD ама ми прегоре кога имаше невреме. Пошто ми е стар компјутеров (4 години) барав некоја поевтина матична затоа што планирам да го пензионирам за година - две. Ми ставија ASRock N68C-S. Е сеа ми се јави проблем со RAM меморијата. Имено ми се појавуваше плав екран со испишано курци палци за хардвер и меморија и тој што ми ја набави матичната констатираше дека бил проблемот со RAM меморијата. Пред година дена го надоградив компјутеров со 1GB RAM и наводно новата и старата RAM картичка не биле компактибилни односно старата картица (512MB) била 622Hz, а оваа поновата (1GB) била 800Hz. И чоеков ми рече формат да му напраел ќе се средел проблемот. Напраи формат ама пак ми се појави плавиот екран. После форматот (пред 4 дена) само еднаш ми се појави ама сепак у сред работа ако ми се укочи ќе ме заебе. Е сеа на старата матична немав проблем ваков, ова почна од кога ја сменив матичната.

Прашањето ми е, дали може да се среди некако или да ја вадам старата картица? И исто така приметив дека од кога сменив матична перформансиве ко да му се намалени, конкретно јутјуб кога имам пуштено у позадина, ако отворам фајл подзакочуваат. И дали ова има врска со RAM меморијата или до матичната е?
И дали софтверското подесување на фреквенцијата (Hz) има врска со брзината?

Фала однапред.
 
W

WildChild

Гостин
Вака сега. Едно мое другарче има еден проблем:
Тастатурата и глушецо нејча да работа ни во bios, ни во Windows.
Глувчето арно однапред го преместивме (глувчево има usb џекче) и сега чини, ама за тастатурава нема чајре. Донесов моја тастатура ама пак ништо.
ЗНАЧИ ТАСТАТУРАВА НЕМА USB ЏЕКЧЕ, ТУКУ Е ОДНАЗАД ПРИКЛУЧЕНА!!!
И уште еден проблем: USB џекчината не работат одназад (затоа го преместивме глувчето однапред).
Отворивме Driver Genius Professional (ја имавме претходно симнато и КРАКИРАНО), и никаков драјвер за тастатура не најде(што и не се надевав, зошто и во bios-от тастатурата не работеше). :(

Ве молам дајте ми решение за проблемов.
Благодарам браќа!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom