Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вака сеа. Имав MSI матична за AMD ама ми прегоре кога имаше невреме. Пошто ми е стар компјутеров (4 години) барав некоја поевтина матична затоа што планирам да го пензионирам за година - две. Ми ставија ASRock N68C-S. Е сеа ми се јави проблем со RAM меморијата. Имено ми се појавуваше плав екран со испишано курци палци за хардвер и меморија и тој што ми ја набави матичната констатираше дека бил проблемот со RAM меморијата. Пред година дена го надоградив компјутеров со 1GB RAM и наводно новата и старата RAM картичка не биле компактибилни односно старата картица (512MB) била 622Hz, а оваа поновата (1GB) била 800Hz. И чоеков ми рече формат да му напраел ќе се средел проблемот. Напраи формат ама пак ми се појави плавиот екран. После форматот (пред 4 дена) само еднаш ми се појави ама сепак у сред работа ако ми се укочи ќе ме заебе. Е сеа на старата матична немав проблем ваков, ова почна од кога ја сменив матичната.
Прашањето ми е, дали може да се среди некако или да ја вадам старата картица? И исто така приметив дека од кога сменив матична перформансиве ко да му се намалени, конкретно јутјуб кога имам пуштено у позадина, ако отворам фајл подзакочуваат. И дали ова има врска со RAM меморијата или до матичната е?
И дали софтверското подесување на фреквенцијата (Hz) има врска со брзината?
Фала однапред.
@SenSei - Ај види RAM-от на која фреквенција работи ( CPU-Z, BIOS ) и пробај успори го малце ( стај го 533 Mhz ако е на 667 Mhz, или на 667 Mhz ако е на 800 Mhz - во BIOS!!! ), ако не се среди пробај со поспори ( поспори=повисоки ) latencies ( ako e 4-4-4-12, staj 5-5-5-15 на пример ) и тестирај барем саат време ( memtest или било кој поасален тест ) и пиши.
Во случајов твојот компјутер би работел "побрзо" со 1.5 GB поспора меморија споредено со 1 GB побрза, затоа пробај успори го малце и тестирај.
Ако проблемот е во RAM-от тогаш и 1000000 пати да форматирате и реинсталирате оперативен систем пак нема да го опраете.
*Постов е напишан под претпоставка дека правилно е дијагностициран проблемот ( дека стварно RAM меморијата ти прави проблем )
Има проблем со лап-топот. По некое време работа на него, едноставно самиот се исклучува. Не сум до толку упатен, но можно ли е да нешто во врска со кулерот !?!?!?
Изгледа се прегрева некој дел. Симни AIDA64 и провери ги температурите на процесорот и графичката, јас мислам дека процесорот е во прашање.
Ако е ова ништо страшно, ако незнаеш сам ќе го однесеш во сервис ќе ти го исчистат, веројатно се гуши во прашина.