Како се спасуваат луѓето кои се надвор од Црквата?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Без кавги ќе ве молам :P
Нити едниот е хендикепиран ни другиот, тоа го знаете и двајцата.
Кој сам си признава.... не спорам, ако вели така за себе, му верувам
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
Заслужува одговор кој што ти нити си го дал ниту пак твојот интелект знае да даде. Твојот интелектуален проблем и хендикеп ги разбирам, но не можам да ти помогнам.
koga go gubish tloto pod nozete., i ostanuvash bez argumenti stanuvash nervozen i se gubish ., vo tvojot vokabular., shto ne bil svojstven za tebe ., no kako odminuva vremeto., izleguva na povrshina ateistichkata vistinska priroda na lichnosta., koja nimalku ne e vo korelacija so deklarativnoto postiranje., kraj na prikaskata............prodolzhi da ateizirash so nekoj kako tebe
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Кој сам си признава.... не спорам, ако вели така за себе, му верувам
Многу далеку од вистината, и сам знаеш.
Тоа што некој на своја сметка прави заебанции, е друг феномен. Најверојатно сака да ја покаже небитноста
на одредени работи во животот.
Сака да кеже егото е срање, кој не го разбрал има проблем со егото и обратно.....тоа е.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
koga go gubish tloto pod nozete., i ostanuvash bez argumenti stanuvash nervozen i se gubish ., vo tvojot vokabular., shto ne bil svojstven za tebe ., no kako odminuva vremeto., izleguva na povrshina ateistichkata vistinska priroda na lichnosta., koja nimalku ne e vo korelacija so deklarativnoto postiranje., kraj na prikaskata............prodolzhi da ateizirash so nekoj kako tebe
Кој е нервозен се гледа, кој сака да се претстави нешто поинелегентен над другите и кој докажува дека се знае, исто се гледа.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
На повеќепати е објаснувано, но ај накратко.
1. Атеистот не верува во богови ни божества (кои и да се, Зевс, Тор, Кришна, Јахве...... кој било од над 5000 досега) и тоа е се. Толку.
2. Никој не верува во нешто што се глада, слуша, мириса, допира, насетува. Знаеш дека е тука. И нема потреба да веруваш она што со своите сетила можеш да го почувствуваш.
3. Енергијата е нераздвоива од материјата. Нема што потреба да се верува или не. Таа е. Кои и какви форми има и дали ги знаеме (а не ги знаеме) сите, е друг муабет.
4. За свеста, само верниците ја имаат? I dont't think so.... Размисли...... Повисоко ниво на свест? Во кое тоа ниво на свест си ти?
Сега ти кажи ми верник си или не си? И во што ти веруваш? Но размисли добро па одговори... не мора да веруваш во бог за да си верник.

П.С. Да атеист сум, како што кажува никот.
За тоа под 1,2,3,4 се согласувам.
Јас за самиот себе сметам дека сум во фазата на преоѓање од верник во бог, во осознавач на самиот себе и енергијата која секој од нас ја има и постои околу нас.
Можеби не функционирам на повисоко ниво на свесност но се стремам да го постигнам. Мислам дека основна алтака за добивање свесност е медитацијата, но не сум сигурен бидејки сеуште немам научено да медитирам, а сум на самиот почеток.
Фасциниран сум од свесноста на Ошо, и со големо внимание ги следам неговите учења. Него го сметам за човек кој досега во мојот живот најјасно сум го разбрал што кажува.
Не е толку познат овој учител но јас и не сакам да биде познат,немам таков комплекс да учам само од најискомерцијализираните. Што ако е искомерцијализиран и популарен ако јас не го разбирам тоа што го збори?
Сакам да биде јасен,бидејки многу прашања што ми се вртат низ глава ми се нејасни, и дефинитивно овој човек ми ги објаснова екстремно добро, иако јас не сум навлезен во таа некоја филозофија или спиритуалност, тој збори за секој да може да го разбере, и успева во тоа.
Јас сега не знам точно да ти објаснам во која група спаѓам, не знам и дали има назив ако тоа е веќе група, но сигурен сум дека не сум ниту атеист ниту верник. Најблизок збор со кое може да се опише мојата припадност кон некоја група е зборот "себеспознавач".
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас сега не знам точно да ти објаснам во која група спаѓам, не знам и дали има назив ако тоа е веќе група, но сигурен сум дека не сум ниту атеист ниту верник. Најблизок збор со кое може да се опише мојата припадност кон некоја група е зборот "себеспознавач".
Себепознавач може да биде секој без разлика на верската определба.

А што те плаши зборот Атеист и Атеизам. Зарем црковната дефиниција и вечната анатема на црквата кон истите?
Ако стоиш на ставот дека бог опишан во религиите (која и да е) не постои, тогаш си атеист, евентуално апатеист или пантеист
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Не е проблем дали си атеист или теист или не знам што .
Јас сваќам дека таа поделба не е ни малку важна. Важна е поделбата на свесни и несвесни луѓе. Луѓето кои се свесни можат да се избројат на прсти, замисли од целиот свет, можат на 10 прсти да се избројат. Јас не спаѓам во тие луѓе бидејки свесноста означува постојана будност.Јас се уште не сум дошол до таа фаза, бидејки го немам потребното знаење и искуство. Ние сите сме во една заспаност, каде парите и интересите и поделеноста се највисокото ниво до кое може да стигне тој сон.
Си се запрашал некогаш зошто е толку лесно да припаднеш кон некое насилство и криминал, а толку е тешко да безгранично да сакаш, прво сам себе, после една личност и на крај најтешкиот дел дури и невозможен,безусловно искрено и безгранично да сакаш повеќе личности?
Зошто толку човекот се тепа за да добие пари и некаков елитен статус меѓу другите, да се издвојува во неговата возвишеност над другите?
А сите тоа го правиме, без разлика али сме атеисти или теисти. Сите функционираме на таков заспан начин.
Тие кои се свесни знаат дека не припаѓаат на ниту една група, туку функционираат како поединци со свое мислење и ум, немаат предрасуди, его, или садомазохистички погледи кон животот.
Само пушти јутјуб и пиши Osho, и ке сватиш за што зборам, ако не си запознаен со неговото учење. Има и тема за него на овој форум.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мене ме интересира зошто ти мислиш дека постојат пониски и повисоки состојби на свест? Зошто е алчноста пониска состојба на свест, а будноста повисока?

Во однос на што е тоа измерено, која е референтната вредносна точка?
 
Не сите, сите не го правиме тоа. Не се сите заспани.
А за што зборуваш ми е јасно. Пред тебе е патот. Треба да го изодиш.
И не е само Ошо, има многу други начини. Изборот е твој.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
атеист неатеист верник неверник се е околу ПАРИТЕ.....:)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мене ме интересира зошто ти мислиш дека постојат пониски и повисоки состојби на свест? Зошто е алчноста пониска состојба на свест, а будноста повисока?

Во однос на што е тоа измерено, која е референтната вредносна точка?
Алчноста е пониска состојба на свест бидејки со тоа што си алчен покажуваш дека работиш по истиот систем по кој работи цел свет. Првенствено мислам на алчност за пари. Пример, ти мислиш дека ако си алчен, т.е ако имаш многу пари ке стекнеш некаква внатрешна среќа, ке бидеш среќен, задоволен исполнет расположен. И многу важно нешто е, исполнување на своето его. Да си над другите, подобар од другите, да бидеш директор и да управуваш со животите на определена група на луѓе, кои ке бидат вработени во твојата фирма. Мислам дека и да си атеист, таа алчност е поврзана со религијата. Коренот е религијата, бидејки бог е над другите и сите верници му се восхитуваат на бог. Со тоа што му се восхитуваат автоматски посакуваат да се на негово место. И нормално штом човекот посака нешто да има, а го нема, тој бара начини и комбинации како да постигне такво нешто. И нормално за да владееш од одредена група на луѓе треба да се одвоиш од нивното ниво. Треба да си над нив, за тоа ти е потребен труд мака учење, иако ти не ја сакаш таа мака, сакаш убаво да си живееш, мораш да се машиш за да стигнеш горе, и кога ке стигнеш до таа мера единствено што си постигнал е тоа што си го нахранил своето его, што мислиш дека луѓето што работат во твојата фирма се твоја сопственост, играчки со кои можеш да правиш што ти ке посакаш. А уствари природната основна потреба не ти била да го задоволиш егото туку да бидеш среќен, но бидејки си го одбрал погрешниот пат до среќата си задоволил некоја друга потреба, и пак не си среќен.
Еве размислете колку луѓе што немале пари биле мизерни,несреќни, а сакале да имаат пари бидејки мислеле дека ке бидат посреќни, успеале да стекнат пари а сепак не се среќни?
Што е проблемот, сакаш да имаш пари, го добиваш тоа, а сепак не си среќен?
Е разликата кај свесниот човек е тоа што тој точно знае што е природно, нормално убаво, а што е вештачки создадено, лошо. И тоа го прави да биде на повисоко ниво на свесност.Свесниот го разбира алчниот, а алчниот не го разбира свесниот. Тој е свесен а алчниот не е свесен. Свесноста е нормална работа а несвесноста не е нормална.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се вртиш во круг. Зошто е свесноста нормална, а несвесноста ненормална состојба? Од гледна точка не еден алчен милионер, ти си лузер. Од твоја гледна точка, тој е несвесен. Без од страна утврден систем на морални вредности, сеедно е во која состојба се наоѓаш...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Е па тие морални вердности те прават несвесен.
Кога некој ке ти каже дека ако имаш секс пред брак правиш грев и ке одиш во пеколот, уствари ти си условен да не размислуваш според својата природа туку како некој друг ке ти каже. И ти си управуван од мислењето на тој некој друг, што значи си несвесен, ти си робот, послушна машина која сама избрала да биде тоа, а можела да избере да биде интелигентно суштество, поединец со свое мислење и став.
 
Не ме разбираш што ти кажувам. Ти немаш НИКАКВО право да мислиш дека твојата потрага по нештото што го бараш е исправна, а алчноста, материјалистичкиот поглед на светот е нешто погрешно. За две работи да можат да се вреднуваат, мора да постои урнек за споредба. Тука нема таков урнек.

Освен тоа, отфрлањето на материјалното, на алчноста, на имањето, без да си поминал низ него, е патетично. Прво имај, биди алчен, изживеј го тоа, потоа дојди да ни кажеш како е тоа погрешно. Вака, се на што ми текнува е лисицата и киселото грозје...
 
Јас ИМАМ секакво право да мислам дека мојата потрага е исправна бидејки тоа е моја потрага, мојата вистина, мој поглед кон светот, и јас не морам а не ни сакам да се прилагодувам кон туѓите потраги. Не можеш да ми го скратиш она што јас го мислам и кажувам. Ако тебе тоа те погодило, баш ми е гајле, моето мислење е мое, и стојам позади тоа мислење.
Не го отфрлам материјалистичкиот поглед. Го отфрлам материјалистичкиот алчен поглед. Ние треба да имаме пари како средство за размена на добра и услуги кои ни се потребни за норамлно функционирање,таков е денешниот систем на кој функционираат работите,но заслепеноста кон материјалното е проблем или пак заслепеноста кон духовното повторно е проблем бидејки едно без друго не можат. Но не мора да значи дека денешниот систем е единствен,за правилно ние да живееме. Пример:Може да постои систем каде нема да постојат пари и се ке биде бесплатно и секаде достапно, човекот само ке произведува и остава кој колку сака да земе од тој производ и ке има во изобилство, и секој ке си зема онолку колку му е потребно, без да има алчност за да има повеќе од другите.
Материјалното и духовното се едно, но треба да постои баланс помеѓу двете работи. Јас не се обраќав кон тебе, не те ни познавам само давам примери за дека е лошо кога човек е заслепен, и кога пробува да биде над некој друга а уствари е ист како тој другиот. И ти имаш две раце, две нозе, глава..... и тој другиот што е "под" тебе исто.
Зошто да се плашиме да го делиме она што премногу го имаме?
Американците имаат толку многу а сепак се тепаат кај што стигнат, за да имаат повеќе. Која е целта сите знаеме, е тоа ти е алчност. Тоа е она што мене не ми се допаѓа.
Замисли ако сите средства што биле вложени во воена технологија биле вложени во хуманитарни цели, ниеден сиромашен човек немало да постои. Замисли колку лекови би биле пронајдени до сега, и замисли колку луѓе би биле живи и здрави денес. Е тоа е се заради таа алчност и ако не престанеме еден ден сите ке изумреме, кој од нуклеарки, кој од обични метци, кој од глад, кој од болест. Е тоа е таа алчност што мене ми смета. Тоа што не сме свесни, не се знаеме себе си доволно.
--- надополнето: Oct 3, 2011 2:26 PM ---
атеист неатеист верник неверник се е околу ПАРИТЕ.....:)
А дали е тоа исправно, да е се околу парите?
Парите не го вртат светот, енергијата го врти. Парите го вртат само човекот,лево десно така едно пет-шеснаесет круга дур не ти се сврти и после така хипнотизиран си го живееш животот мислејки дека си здрав, и така и ке си умреш, ако не пробаш да ја прифатиш реалноста и се запрашаш дали навистина си здрав?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom