Зашто некој треба да се спасува ако живее надвор од црквата... прашањето би било по логично доколку би гласел : Како се спасуваат луѓето кои живеат без Бог ???
Точно така. Комплетно се согласувам со тебе.
Тешко му на оној што верува дека некаква институција наречена „црква“ ќе го спаси. Бог е Тој што спасува, преку Својот Син Исус, а не МПЦ, СПЦ, ГПЦ, католичка, протестантска црква и сл. Неговото високо преосвештенство и великодостојништво господин господин Стефан (простете ако пропуштив некоја титула, бидејќи многу се) НЕ МОЖЕ да ве спаси. Само Господ Исус може да ве спаси. Името „Исус“ (на еврејски Јешуа) токму и тоа значи: Спасител.
Како што седењето во гаража нема да те направи автомобил, така и седењето во црква нема да те направи христијанин.
„ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (
Исус, ев. Јован 14:6, Библијата)
„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст и многумина влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот и малкумина го наоѓаат.“ (
Исус, ев. Матеј 7:14, Библијата)
Луѓето не можат да направат ништо за да се спасат. Обидите на секој човек да се спаси самиот себе се како пливач кој се обидува да го преплива Атлански океан.
Никакво добро дело не може да го спаси човекот, затоа што ние сме грешници по природа. И затоа единствено се спасуваме преку Божјата милост (благодат), преку вера во нашиот Спасител Исус Христос:
„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (
Ефешаните 2:8, Библијата)
Но што треба да веруваме за Исус? Само дека постоел и дека бил добар човек? Не, туку дека е Божјиот Син и наш Господ Кој умре (се жртвуваше) за нашите гревови и со тоа ни обезбеди вечен живот.
„Сите (луѓе) згрешија и лишени се од Божјата слава“ (
Римјаните 3:23, Библијата)
„Заслуженото за гревот е смрт“ (
Римјаните 6:23, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (
Римјаните 5:8, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови...“ (
1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
Итн.
Но дури и демоните, не само што веруваат, туку и знаат дека Исус е Божјиот Син Кој на крстот умре за гревовите на луѓето.
„Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и демоните веруваат и треперат.“ (
Јаков 2:5, Библијата)
Дали тоа значи дека и демоните ќе се спасат? Не, не е доволно само со разумот да разбереме и да се согласиме дека Исус е Божјиот Син и дека умрел на крст поради нашите гревови. Не е доволно ни да имаме некое емоционално доживување. Ние мораме лично да го примиме и прифатиме Исус Христос во нашите срца преку вера, како дело на нашата воља.
„А на сите што го примија им даде право да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име“ (
ев. Јован 1:12, Библијата)
„та преку вера да се всели Христос во вашите срца“ (
Ефешаните 3:17, Библијата)
Христос го примаме преку лична покана како свој Господ и Спасител:
„Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него “ (
Исус, Откровение 3:20, Библијата)
Исус Христос можете да го примите во вашите срца со вера преку молитва (молитвата е разговор со Бог). Бог го познава нашето срце и за Него поважен е ставот на нашето срце, отколку нашите зборови. Доколку никогаш не сте се молеле, еве ви еден предлог молитва како можете да се покаете од гревовите и да го примите Исус Христос како ваш Господ и Спасител:
Господе Исусе, ми требаш. Јас сум грешен. Те молам прости ми ги моите гревови. Ти благодарам што умре на крстот, ја плати казната за мојот грев и ми прости. Спремен сум со Твоја помош да се одвратам од моите гревови. Ја отворам вратата на моето срце и Те примам како мој Господ и Спасител. Те молам преземи ја контролата над мојот живот и направиме онаков каков што Ти сакаш да бидам. Ти благодарам што ми ги прости гревовите и ми подари вечен живот. Амин.