Книжевна критика е извештај во кој е анализирана книгата врз основа на СОДРЖИНАТА! (што во случајов ти не ја знаеш), стилот и заслужените оценки.
За заслужените оценки муабет не праам. Сите знаеме колку се познати книгите во светот.
-Плус, драга моја,сакаш да се напраиш дека имаш познавање од книжевност и критика (а немаш).
Епа тогаш треба да знаеш дека критиката се пишува во вид на ЕСЕЈ (познат ти е зборов?), а не со еден збор.
Со воа, докажа само колку немаш познавање од ништо.
биди поздравена
Поимот критика е изведен од старогрчкиот глагол крино што значи проверува, разлачува, суди, двои едно од друго, односно именката критес-судија и критикос-проценувач на книжевноста. Кон ова можеме да го вклучиме и терминот критерион-критериум.Книжевната критика е фокусирана врз толкување и вреднување на книжевно дело во поширок контекст, се фокусира врз неповторливи книжевни дела и појави, се врзува за историчност и субјективност врз книжевното дело, оди кон актуелизација и преоценување на книжевното дело. таа е медијатор помеѓу делото, авторот и читателот, нагласена интерсубјективност, има нагласена социјална и прагматска позиција. Се темели врз 3 основни функции
интерпретативна и аксиолошка
едукативна-школска, академска критика
естетска, книжевно уметничка....
Есеј-доаѓа од францускиот збор ессаи кој значи обид, цртичка, запис, експеримент, а на македонски му соодвествува терминот оглед. нефикционален прозен книжевен вид, по исклучок пишуван и во поетска форма. хибриден дискурс кој ги користи комбинирано постапките на теориското и литераризирано промислување на есејот(роман-есеј,расказ-есеј,есеј-студеија,есеј-критика,песна-есеј,есеизирани мемоари и автобиографија) Облик на метафикција и на литераризирана теорија и херменевтика, на несистематска философија и фрагментарна белетристика....Да не сакаш уште? И книжевната критика не е извештај