Коа ќе видам како некој на темава ја уфрла Ајфеловата кула, почнувам да мислам дека тој (некој) стварно мисли дека Скопје е Париз. Но, тој само сака да каже нешто учено, као демек знае нешто за Ајфел и неговата кула. Ако малце се заинтересира за тоа што го лафи ќе ЗНАЕ дека таа е вСашност од
1889 година-што ќе рече крај на
19-ти век и дека, своевремено претставувала предизвик (во поглед на примената на материјалот, конструкцијата, начинот на изведба). Исто така, представувала највисока човечка творба во своето време. Трпела критики, бидејќи отскокнувала од тогашните поимања за архитектурата, поготово кога ќе се земе во предвид дека се работи за Париз кој располага со богата историја и бројни културно-историски споменици, на пример.
Скопје не е Париз. Ниту пак сме ние Французи!
Од друга страна, какви тоа иновации во поглед на материјал, изведба итн. можеме да видиме во БИЛО КОЈА ГРАДБА од проектот 2014? Мислите дека било кој во светот би се потегнал од својот топол дом, овде во Скопје, за да види практична примена на полна и шуплива тула, сендвич-ѕид, куполи, бетон и армиран бетон, обложувања со мермер...здружени во некаква нео-бљувотина, што од пристојност (или недостаток на друг стручен термин) ја викаме барок? Од друга страна, можеби стварно ќе има заинтересирани да погледнат со колкав стап и буричкаме на сосетката, па ќе сакаат да фатат историски момент?
Ќе видиме колку ќе заработиме од оваа секс-сцена...