Книги кои НЕ би ги препорачале

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Автостоперски водич низ галаксијата од Даглас Адамс ми е врв од катастрофалните книги.Случајно налетав на неа,ја прочитав само првата мислам дека беше серијал од пет книги,но останав само на првата.Буквално за џабе трошење време.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Немој бе девојко вака, немој...

Се работи за култна книга, едно од најдобрите дела на 20 век...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
малку оф топик.
работата е многу посериозна отколку што изгледа.
заради нечитањето на „здодевните“ автори од типот на Толстој, Балзак, Ман и други, денешните генерации не знаат да спојат две реченици, не знаат да кажат што мислат, ако мислат нешто.

тоа е тажно, зашто ако не знаете што да кажете, тогаш некој друг ќе го направи тоа во ваше име.

читајте ги сите книги за лектира и обработка и ќе видите дека освен фејсбук, твитер, смс, Дитас, има и нешто друго.

забелешка: на оние што не им се допаѓа „Демијан“ од Хесе, им препорачувам да ја прочитаат на друг јазик (српски, хрватски, некое постаро издание во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во СКопје). Македонскиот превод не е добар.
Јас во средно не прочитав ниту една од книгите во програмата па одлично се изразувам, го читам тоа што ме интересира и што ми е интересно а не психолошки книги од кои мозок боли
Он-топик: никако немојте да ја читате "Мажите се од Марс, жените од Венера" :confused:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Немој бе девојко вака, немој...

Се работи за култна книга, едно од најдобрите дела на 20 век...
Не си прв кој ми рекол ова, а верувам ни последен. Со еден другар долго дебатиравме околу книгата, мислам дебатиравме тој ме убедуваше да ја прочитам, а јас си убедливо си го бранев мојот став дека не е интересна, а всушност мојот обид за читање на книгата е некаде од пред 3-4 години и имам прочитано само еден дел. Иронијата да биде поголема ги имам и дома, ми ја красат полицата, чинам ги имаше по трафиките за џабе пари околу 100 денари за сите делови, па си ги купив по иницијатива на другарот а сеуште не ги дочитав :unsure:
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010

Веројатно македонскиот превод на Автостоперскиот водич низ галаксијата кој го имаш дома е главниот проблем зошто не ти се бендисала книгата . Факт е дека македонското издание на оваа феноменална книга е жива катастрофа , и веројатно и многу други кои го читале македонскиот превод имаат слично мислење како и ти . Јас го имам српското издание и мене Автостоперскиот водич ми е во топ 5 најдобри романи кои сум ги прочитал досега во животов ( а сум прочитал МНОГУ романи досега ) . Најди го од негде српскиот превод ( или па оригиналот на англиски ако можеш ) , и ќе видиш колкава разлика има од тоа што го имаш дома . Да кажиш дека Даглас Адамс е катастрофален писател според мене е смртен грев :) .
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Наназад што прочитав морам да кажам дека не се согласувам за Ернест Хемингвеј. Грев е да се стави таков човек со такви дела тука:)
Не ја препорачувам Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едвардс. По толку слушање добри работи за книгава ја купив. Ама дејството е убиствено монотоно, приказната е некако тапа, ја дочитав ради реда. Авторката како да се обидела од ништо нешто да направи.
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Дефинитивно Степски волк од Херман Хесе.Не знам зошто ама уште кога почнав да ја читам ми беше некако безсмислена,ама ајде велам на почеток сум да не донесувам заклучоци пред време.Како што повеќе ја читав толку повеќе сваќав дека време е да ја оставам и да престанам да барам смисла во безсмислена книга.Барем според мене.Исто и Процес од Франц Кафка,подосадна книга од неа здравје.Што е најболно крајот од книгата не го сватив,или пак можеби очекував поинаков крај не знам.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Изгубената роза- Сердар Оскан
Ја споредуваат со Алхемичарот, Малиот принц и Галебот Џонатан Ливингстон, но везе нема
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.395
Јас во средно не прочитав ниту една од книгите во програмата па одлично се изразувам, го читам тоа што ме интересира и што ми е интересно а не психолошки книги од кои мозок боли
Он-топик: никако немојте да ја читате "Мажите се од Марс, жените од Венера" :confused:
Не е до себе изградување на стилот н изразување толку колку уживање во зборовите кои се напишани тогаш. Неспоредливи се денешните бестселери со тогашните класици. Исто како и кинематографијата - денешните одат само на ефекти а се` помалку се пази на приказната и начинот на кој таа тече.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Јас не би ви препорачала да ја земете во рака, а уште помалку да ја прочитате „Нова Земја“ од Екарт Тол.
Психологија/филозофија/прирачник/ невозможна е за читање.
Ако не ви се допаднале „Моќта на потсвеста“, „Моќта на позитивното мислење“ и сл. тогаш не се доближувајте до книгава.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Дефинитивно Куељо њет. Колку само пластична реалност сликана во неговите дела... И книгите у кој се расправа за филозофијата на животот и смислата на животот и уште повеќе како да се направи истиот подобар. У принцип мразам генерализација ( на се и сешто) и затоа несакам книги од типот " 10 работи кои... " ," 10 начини како.. ", " калуѓерот и ферарито и менаџерот и сирењето и све ".
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Мислам дека би требало да се затвори темава.Секоја книга и секој жанр е прашање на вкус и зависи од индивидуалните желби и потреби што сакаме да читаме.Кога читам вака некој постови,овој автор не ,оваа книга не, не се согласувам со некој од форумџииве ама тоа сепак е нивен вкус.:)
 
Напротив треба да опстои. И тоа со добри причини да се дообјасни зошто не се препорачува книгата/делото - за да се поттикне дискусија помеѓу два различни агли на перцепција. Субјективност - да, но и подробно објаснување зошто.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мислам дека би требало да се затвори темава.Секоја книга и секој жанр е прашање на вкус и зависи од индивидуалните желби и потреби што сакаме да читаме.Кога читам вака некој постови,овој автор не ,оваа книга не, не се согласувам со некој од форумџииве ама тоа сепак е нивен вкус.:)
Епа според овој начин на мислење треба цел форум да се затвори :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom