Иако таквите книги и филмови не се нешто што не би смеело да се пропушти и во најголема мера се вистинско ѓубре, што значи и дека делумно се согласувам со тебе, сепак ме заинтригира последниот дел од твојот пост.Не препорачувам тинејџерски книги и општо филмови каде што најголемата губитничка на крајот станува популарна и обожавана од сите....даваат погрешна слика на младината.Едноставно не се реални.
Не зборувам за тие автори кои сепак имаат цел во книгата...туку за книги со тотално изфризирана розова реалност која не постои.Е такви книги ни ја трујат младината...Иако таквите книги и филмови не се нешто што не би смеело да се пропушти и во најголема мера се вистинско ѓубре, што значи и дека делумно се согласувам со тебе, сепак ме заинтригира последниот дел од твојот пост.
Воопшто не е нужно едно дело да биде реално. Тоа не е поентата. Во тој случај би требало да читаме научни студии, телефонски именици или црна хроника. Книжевноста има друга цел и пренесува други пораки покрај реалноста. Како уметност таа служи да разубави нечиј живот, да укаже на некои вредности, како истрајноста, трудољубивоста, стрпливоста и нивното значење во секојдневието. Не треба се да се сфати буквално и да се оценува според реалните состојби, оти тоа е погрешен начин на разбирање на работите.
Да не зборуваме за еден куп извонредно квалитетни и талентирани автори на кој реалноста им била од второстепено значење...
Истово, сосема истово, ама за Стив Бери.Не е книга, туку автор кој не би го препорачал! Пол Кристофер, дефинитивно најголемиот аматер кој го имам сретнато... По славата на Ден Браун прави обид за пишување на книги со слична содржина, но многу конфузни. Избира бомбастички наслови како „Евангелие по Луцифер“ или „Бележникот на Микеланџело“, а темата на делото ја обработена само во 2-3 страни на самиот почеток или крај. Останатиот дел е исполнет со аматерски глупости, неинтересни шали, невозбудливи авантури кои се одвиваат толку брзо и се опишани толку површно што жалиш што си потрошил време за да го прочиташ делото. Иако се евтини книгите и имаат примамливи наслови, никогаш не ги купувај!