Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Уф, колку не ме разбираш што сакам да кажам...Јас не живеам во СФРЈ, туку сакав да укажам дека оваа влада беспотребно ги троши парите од овој народ и дека е подобро да ги вложи во нешто што ќе му користи на овој народ
Ти не ме разбираш. Темава не е во подфорум Политика или Бизнис, туку Архитектура.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Уф, колку не ме разбираш што сакам да кажам...Јас не живеам во СФРЈ, туку сакав да укажам дека оваа влада беспотребно ги троши парите од овој народ и дека е подобро да ги вложи во нешто што ќе му користи на овој народ
и што безпоотребно? плоштадот е многу поубав сега одколку порано и тоа нечини? подобро нека градат одколку да не се гради како предходните влади
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635


Освен нови автобуси, наскоро ќе почнат да се уредуваат и автобуските постојки. Грчката фирма "Ремеди адвертајзинг" го доби тендерот на јавното сообраќајно претпријатие за поставување и одржување на 275 автобуски стојалишта и 80 електронски информациски дисплеи во главниот град. Овој проект ќе се реализира преку јавно приватно партнерство, а согласно понудата со атинската фирма е склучен договор на 15 години. Приватниот партнер се обврзува за осум месеци од денот на стапување на сила на договорот, да ги постави автобуските стојалишта, а до крајот на 2012 година да ги постави електронските информациски дисплеи. Инаку, автобуските стојалишта ќе се уредуваат со нови настрешници, клупи, корпи за отпадоци и рекламно пано, а за возврат, фирмата ќе добие можност да управува со рекламниот простор на автобуските станици како и со рекламите што ќе се поставуваат на автобусите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Сигурно ќе бидат видливи ефектите за 1 година само Dream on..
Никој не кажа дека за 1 година ќе се видливи ефектите,само будала може да каже.. а за погоре напишаното од твоја страна,што ќе ни се туристи ,што корист имам ја од нив,немам коментар на тоа...
е сега,Париз се градел со векови,Париз се гради и денес,се градел и пред 50 години,луди ли биле што вложувале во капитални инвестиции,градби,згради,мостови,кули и сл..
од некоја гледна точка,Ајфеловата кула е безначајна,нити се јаде,ни на леб се мачка,ама ајфеловата кула ја посетуваат 50 милиони годишно,тоа денес е фабрика за пари..денес немораш да држиш шрафцигер во рака или лопата за да работиш,него треба со ум да работиш,треба да знаеш да продадеш приказна,историја,уметност..тоа го сака современиот човек
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Освен нови автобуси, наскоро ќе почнат да се уредуваат и автобуските постојки. Грчката фирма "Ремеди адвертајзинг" го доби тендерот на јавното сообраќајно претпријатие за поставување и одржување на 275 автобуски стојалишта и 80 електронски информациски дисплеи во главниот град. Овој проект ќе се реализира преку јавно приватно партнерство, а согласно понудата со атинската фирма е склучен договор на 15 години. Приватниот партнер се обврзува за осум месеци од денот на стапување на сила на договорот, да ги постави автобуските стојалишта, а до крајот на 2012 година да ги постави електронските информациски дисплеи. Инаку, автобуските стојалишта ќе се уредуваат со нови настрешници, клупи, корпи за отпадоци и рекламно пано, а за возврат, фирмата ќе добие можност да управува со рекламниот простор на автобуските станици како и со рекламите што ќе се поставуваат на автобусите.
Кај нас најтешко е да се одржуват работите што се градат-поставуваат.
Електронските диспеи ќе почнат да откажат првите месеци , по неколку поправки , веќе ќе ги остават така нефунксионални.
А стојалиштата одма ќе станат цел на шкртачи и плакетолепачи, на клупите наместо гзот , ќе седнат патиките.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Кај нас најтешко е да се одржуват работите што се градат-поставуваат.
Електронските диспеи ќе почнат да откажат првите месеци , по неколку поправки , веќе ќе ги остават така нефунксионални.
А стојалиштата одма ќе станат цел на шкртачи и плакетолепачи, на клупите наместо гзот , ќе седнат патиките.
Приватниот партнер се обврзува за осум месеци од денот на стапување на сила на договорот, да ги постави автобуските стојалишта, а до крајот на 2012 година да ги постави електронските информациски дисплеи.

по евро модел е, на концесија е, дадено на приватник да одржува и стопанисува, добивката ке ја вади преку рекламите кој ке можат да се истакнат на самите постојки. нешто како турски тав со аеродромот.

значително ке придонесат и за изгледот и за функционалноста на градот, на што личеше бе 20 години, и ветер да не дува и дожд да не коси, и сонце у глава да не мава, нозе да ни пагаат, и возен ред барем со пенкало пишан да нема истакнато...

браво за акцијава, се надевам ке биде до лето 2012
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Кај нас најтешко е да се одржуват работите што се градат-поставуваат.
Електронските диспеи ќе почнат да откажат првите месеци , по неколку поправки , веќе ќе ги остават така нефунксионални.
А стојалиштата одма ќе станат цел на шкртачи и плакетолепачи, на клупите наместо гзот , ќе седнат патиките.
Нема шанси сите да се расипат пошто и за владата ќе биде брука, да не бидеме одма негативни од старт. Ете тие што се досега поставени се сосема ок само што не ги полнат со информации секогаш за возниот ред но си работат.

За чкртањето, културата ни е ниска ама еднаш мора нели да се почне, па со тек на време се повеќе ќе сфаќаат дека кога ќе си ја ишкрташ или скршиш сопствената постојка и ти кога ќе чекаш автобус ќе се мрзнеш или ќе немаш клупа.

Нека ги направат и време беше веќе.

Еве јас ќе спомнам со семафорите тоа што има бројач на секунди е феноменално зашто нема во сите европски земји. Мене еден Англичанец ми се чудеше како тоа кај нас да има а кај нив не :D.

Не е се така лошо, пополека заличува градот на метропола :).
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
по евро модел е, на концесија е, дадено на приватник да одржува и стопанисува, добивката ке ја вади преку рекламите кој ке можат да се истакнат на самите постојки. нешто како турски тав со аеродромот.

значително ке придонесат и за изгледот и за функционалноста на градот, на што личеше бе 20 години, и ветер да не дува и дожд да не коси, и сонце у глава да не мава, нозе да ни пагаат, и возен ред барем со пенкало пишан да нема истакнато...

браво за акцијава, се надевам ке биде до лето 2012
Се согласувам со тебе дека треба да ги има , дилемата ми беше колку ќе траат а да не се демолираат.
Добра е идејата да им се дадат на маркетинг компаниите на располагање.
--- надополнето: Sep 26, 2011 11:30 AM ---
Нема шанси сите да се расипат пошто и за владата ќе биде брука, да не бидеме одма негативни од старт. Ете тие што се досега поставени се сосема ок само што не ги полнат со информации секогаш за возниот ред но си работат.

За чкртањето, културата ни е ниска ама еднаш мора нели да се почне, па со тек на време се повеќе ќе сфаќаат дека кога ќе си ја ишкрташ или скршиш сопствената постојка и ти кога ќе чекаш автобус ќе се мрзнеш или ќе немаш клупа.

Нека ги направат и време беше веќе.

Еве јас ќе спомнам со семафорите тоа што има бројач на секунди е феноменално зашто нема во сите европски земји. Мене еден Англичанец ми се чудеше како тоа кај нас да има а кај нив не :D.

Не е се така лошо, пополека заличува градот на метропола :).
Знам неколку поставени стојалишта , на кои не е останато ништо , освен металната контрукција , да би можеле и нејзе би ја кренале.
Да остане на совеста на луѓето све ќе се уништеше , јас гледам навивачките групи како се гордеат ако успеале да го напишат нивното име на некој важен објект , без разлика на историјата и значајноста на истиот.

Мора ли све да се чува со камери , па некогаш ни со нив не можат http://lihnid.com/world-news/ohrid/7756-ohridska-kukicka-povtorno-nagrdena.html

Скопје одамна е развиен модерен град (од 1963) - (исклучок се населбите каде живеат не-македонски заедници, каде не се инвестира ништо), само треба да се воспостави малце ред , на пример повеќе слободен простор во новите населби низ центар , и паркинг места , ослободување на узурпираните тротоари ...

Јас не се согласувам дека со поставувањето на спомениците конечно Скопје заличел на европски град, тоа нема врска, реков дека од порано Скопје тежнеел кон тоа да биде модерен град , само што сега овие одлучија да го украсат . Темелите на градот се поставени пред ова.

Ова не важи за другите градови , и тука лежи и мојата незадоволност , све се концентрира во Скопје.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Се согласувам со тебе дека треба да ги има , дилемата ми беше колку ќе траат а да не се демолираат.
Добра е идејата да им се дадат на маркетинг компаниите на располагање.
најпрецизен пример ти е надземниот премин на битпазар,
еуролинија го финасираше и издава реклами на него, градот го доби гратис.

тука се згреши што нема клаузула за одржување како со автобускиве, па можам да забележам доста губре по скалите. и дефинитивно фали ограда под мостот кај жардињерите пошто уште се прерипува тој дел - и тоа од стари баби и дедиња
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
најпрецизен пример ти е надземниот премин на битпазар,
еуролинија го финасираше и издава реклами на него, градот го доби гратис.

тука се згреши што нема клаузула за одржување како со автобускиве, па можам да забележам доста губре по скалите. и дефинитивно фали ограда под мостот кај жардињерите пошто уште се прерипува тој дел - и тоа од стари баби и дедиња
Плус и мислам дека не е завршен..требаше да биде покриен тој премин
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Ова не важи за другите градови , и тука лежи и мојата незадоволност , све се концентрира во Скопје.
така си мислиме

1.Скопје е економско административна целина и главен град - нормално е да биде најразвиен, најсереден, најброен и најбогат - како сите главни градови секаде. нелогично е да се љубомори, еквивалент на ова е Скопјани да љубоморат на охригани за ензерото.- тоа ти е.

2.со локалната децентрализација секоја општина и градоначалник треба да си мисли за своето. во Скопје во многу општини има уште мноооогу работа

3.се гради и во другите места, но таму помпата и славата е локална бидејки и градбите се општински. а и нема некој интерес што се прави во другите градови исто како што нема интерес што се направил патот за скопско Булачани - секогаш центарот е во фокусот на медиумите.

битола

Улиците во населбата Карпош, односно нивното повторно асфалтирање, се само еден од 14-те проекти кои беа планирани да се реализираат во вкупна вредност од 9.000.000 денари.
Со асфалтирањето на улиците во Карпош, пробивањето на улицата "Железничка" и реконструкцијата на улиците од проектот М-5, се заокружува еден дел од Битола со модерни сообраќајници кои ќе го олеснат движењето на возилата.





--- надополнето: Sep 26, 2011 11:46 AM ---

живнува СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА.

искрено ви ја препрачувам, се почуствував како да сум некаде на одмор, посебна атмосвера, културна раја полни кафичи и ресторани. редовни полициски патроли.

1.фали осветлување - викаат ке бидне
2.санација на плочникот, има дупки нозе искршив
3.повеке паркинг - со пуштањето на паркингот кај музејот на холокаустот и ова би требало да се реши.


Покрај проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија што треба да заврши до крајот на следната година, градската власт во соработка со општина Чаир донесе одлука за обнова и поставување на ново осветлување во ова старо градско јадро, кое е едно од главните туристички и значајни културни наследства во земјава.
За новата илуминација проектот предвидува околу 30 милиони денари, а половина од нив ќе бидат обезбедени од буџетот на Градот.
Голем дел од осветлувањето кое е поставено пред петнаесеттина години воопшто не функционира или поради оштетувањата не ги дава посакуваните ефекти. Поради тоа, туристите ја избегнуваат чаршијата во вечерните часови, дуќанџиите затвораат пред стемнување, младите не ја користат како место за забава, а се организираат и се помалку културни манифестации.
Проектот согласно Законот за Старата скопска чаршија е одобрен од Националната установа „Конзерваторски центар“ – Скопје, а добиена е и позитивна ревизија од аспект на електротехничките и светлотехничките стандарди и нормативи, согласно Законот за градење.
Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека во последниве години се направени доста проекти за заживување на овој дел од градот, а сепак треба уште многу да се работи.
- Градот, општината Чаир и Министерството за култура вложуваат многу во овој дел од градот. Минатата година се направија многу активности кои го вратија животот во Старата скопска чаршија. Проектот за осветлување се правеше една година и доби дозвола од повеќе институции надлежни за автентичноста на чаршијата - вели Трајановски.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Вака не се градело во Скопје од земјотресот пред скоро 50 год.Сакал некој да признае или не тоа е ФАКТ.Вака да се градеше од 91-ва сега ќе имавме еден пристоен град за живеење можеби и метропола.Скопје ни сега не е метропола,туку полека станува метропола.Има уште многу работа.Не може во 2-3 г. да се среди град кој бил запоставуван 30-40 г.
Проектот Скопје 2014 не е луксуз за Скопје,туку потреба.Сакал некој да признае или не Скопје се измена последниве години.На подобро сигурно,затоа што тоа претходно беше дно.Срам да се нарече главен град на една држава.Вкусот за изгледот на градбите е друга работа.Тоа е индивидуално.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Знам неколку поставени стојалишта , на кои не е останато ништо , освен металната контрукција , да би можеле и нејзе би ја кренале.
Да остане на совеста на луѓето све ќе се уништеше , јас гледам навивачките групи како се гордеат ако успеале да го напишат нивното име на некој важен објект , без разлика на историјата и значајноста на истиот.

Мора ли све да се чува со камери , па некогаш ни со нив не можат http://lihnid.com/world-news/ohrid/7756-ohridska-kukicka-povtorno-nagrdena.html

Скопје одамна е развиен модерен град (од 1963) - (исклучок се населбите каде живеат не-македонски заедници, каде не се инвестира ништо), само треба да се воспостави малце ред , на пример повеќе слободен простор во новите населби низ центар , и паркинг места , ослободување на узурпираните тротоари ...

Јас не се согласувам дека со поставувањето на спомениците конечно Скопје заличел на европски град, тоа нема врска, реков дека од порано Скопје тежнеел кон тоа да биде модерен град , само што сега овие одлучија да го украсат . Темелите на градот се поставени пред ова.

Ова не важи за другите градови , и тука лежи и мојата незадоволност , све се концентрира во Скопје.
Не си баш во право :).

Што било било, стојалиштата нормално ќе бидат руинирани кога се веќе 30 години стари а и уште од времето на комунизмот стојат. Овие новиве со светлечки реклами сум сигурен многу подобро ќе бидат одржувани исто ко што никој не крши стакло на убава продавница :).

Скопје не беше модерен град туку едно големо село правено без план (односно се обидуваше да има план ама ништо не испадна), се градеше се и сешто а највеќе некој квази комунистички модерен стил што мене лично ич не ми се свиѓаше. Скопје дури сега заличува на град по европски терк а тоа досега го немаше. Колку и да се критикува владата оваа влада нешто направи за разлика од другите каде парите одеа во бунар е ефектот беше нула.

Инаку за другите градови па таму си има локална самоуправа и гродоначалник нека си земат добри архитекти нека направат план за развој и нека почнат да го реализираат со дел сопствени средства а дел со владини, не верувам дека владата ќе одбие некој супер проект на пр. за Тетово ако е стварно издржан.

Мора и градоначалниците сеа да си загреат столче а не да чекаат се владата од Скопје да им кажува што да прават, не се бирани само да седат потпишуваат акти, земаат плата и клатат нозе.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Според пресметките, Општина Центар ќе исплати 1.228.990 евра за изградба на Колонадата и за лиење на 11 скулптури.

Градежната компанија Бетон склучи договор од 54 милиони денари со Општина Центар за изградба на Колонадата.
„Ве известување дека ДГ Бетон АД Скопје склучи Договор со Општина Центар во вкупна вредност со вклучен ДДВ во вредност од 54.082.940 денари (879.397 евра). Предмет на овој Договор е изградба на Колонадата“, се вели во соопштението на Македонска берза.
Во петокот претпријатието „РЖ Институт“ АД Скопје објави дека потпишале договор со Општина Центар за лиење на скулптури во бронза во вредност од 21,5 милиони денари (349.593 евра) без ДДВ.
Од општина Центар соопштија дека овие средства ќе бидат искористени за лиење на 11 скулптури, односно за девет музи и два лава кои се дел од архитектонскиot споменик Колонада.
Колонадата е планирано да биде висока 8 метри и ќе се наоѓа меѓу новите објекти на Агенцијата за електронски комуникации и на Финансиската полиција
на сликата десно се гледа едниот лав, станува збор за прекрасно полукружно плоштадче помегу оваа и зградата на министерството за надворешни.
на моја жал ова отвара поглед кон МНТ и филхармонија, значи нема бегање од ужасот МНТ!
--- надополнето: Sep 26, 2011 4:13 PM ---
дополнување, тоа плоштадчето е колонада Независна Македонија.

 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
така си мислиме

1.Скопје е економско административна целина и главен град - нормално е да биде најразвиен, најсереден, најброен и најбогат - како сите главни градови секаде. нелогично е да се љубомори, еквивалент на ова е Скопјани да љубоморат на охригани за ензерото.- тоа ти е.
Да , Скопје остварува 50% од БДП-то, иако во Скопје живеат 33% од населението.
Не морало да биде вака , од преголемото форсирање на Скопје , другите делови остануваат пусти.
Ако во Скопје се одвива половина од економијата , што значи тоа , дека во Скопје ќе се градат златни споменици , само колку да ги потрошат парите негде , а другите делови на државата да немаат елементарни услови.

2.со локалната децентрализација секоја општина и градоначалник треба да си мисли за своето. во Скопје во многу општини има уште мноооогу работа
Некои општини лесно се справуваат со проблеми затоа што централната власт им префрла милиони евра за да се реализираат некои проекти. Дали им се префрлуваат и на други општини?
На пример до првата половина на 2010-та на општина Центар и беа префрлани над 12 милиони евра, а понатаму уште повеќе.
На општините од типот на Битола, Прилеп , Куманово, Тетово ... годишен буџет им е 10 милиони евра , а со 10 милиони евра треба 300 чуда работи да направат.
Тоа е разликата , некои трошат само за споменици по 10 милиони , а други треба да платат стотина општински работници , да градат и да рушат ... струја и парно ... образование и култура .. спорт и рекреација ... стари и млади ...

3.се гради и во другите места, но таму помпата и славата е локална бидејки и градбите се општински. а и нема некој интерес што се прави во другите градови исто како што нема интерес што се направил патот за скопско Булачани - секогаш центарот е во фокусот на медиумите.
Се гради и во други места, од 10 неасфалтирани улици , 2 се градат , 8 треба да го чекаат новиот буџет.
--- надополнето: Sep 26, 2011 5:19 PM ---
Вака не се градело во Скопје од земјотресот пред скоро 50 год.Сакал некој да признае или не тоа е ФАКТ.Вака да се градеше од 91-ва сега ќе имавме еден пристоен град за живеење можеби и метропола.Скопје ни сега не е метропола,туку полека станува метропола.Има уште многу работа.Не може во 2-3 г. да се среди град кој бил запоставуван 30-40 г.
Проектот Скопје 2014 не е луксуз за Скопје,туку потреба.Сакал некој да признае или не Скопје се измена последниве години.На подобро сигурно,затоа што тоа претходно беше дно.Срам да се нарече главен град на една држава.Вкусот за изгледот на градбите е друга работа.Тоа е индивидуално.
Скопје бил запоставуван? Се населија цели села од источна Македонија , а градот сеуште може да дише , зошто е тоа така? Затоа што темелите на градот се поставени во Титова СР Македонија.
Стигнавте и по Тито да плукате , тоа што се градеше некои сеуште не можат ни да го продадат-крадат а камо ли да го градат истото.

Кој ги проби овие булеварди што овие сега ги крпат, кој беше тој што рече дека улиците треба да бидат широки , затоа што во иднина ќе дојдат тука од внатрешноста и ќе купат станови и коли.
Оди поклони им се на тие што се погрижиле за иднината на градот , за да можат овие сега да стават 100 споменици и 2 грчки хотели и пак да имаш плоштад за да славиш победи.
--- надополнето: Sep 26, 2011 5:40 PM ---
Не си баш во право :).

Што било било, стојалиштата нормално ќе бидат руинирани кога се веќе 30 години стари а и уште од времето на комунизмот стојат. Овие новиве со светлечки реклами сум сигурен многу подобро ќе бидат одржувани исто ко што никој не крши стакло на убава продавница :).
Јас ти зборам за 2 нови стојалишта кои беа демолирани. Ти зборувам за едни стаклени историски информатори кои беа поставени (еден имаше и на мостот Гоце Делчев, вака се викаше нели , кај лавовите).
Сега поставија некои нови мапи за туристите , за најважните места во Скопје , еден видов беше искршен.

Скопје не беше модерен град туку едно големо село правено без план (односно се обидуваше да има план ама ништо не испадна), се градеше се и сешто а највеќе некој квази комунистички модерен стил што мене лично ич не ми се свиѓаше. Скопје дури сега заличува на град по европски терк а тоа досега го немаше. Колку и да се критикува владата оваа влада нешто направи за разлика од другите каде парите одеа во бунар е ефектот беше нула.
Стилот на градба и тогаш и сега го наметнуваат приватните фирми. (после незавиноста)
Ако ти е зборот за старите згради после земјотресот , дали се тие на кои цената не им паѓа , а во некои случаи одат поскапо од новите бојадисани згради со шупли зидови.

Ние сме едни од ретките , во модерно време да градиме објекти кои се граделе пред неколку века. За жал 90% од објектите се во таков стил , ајде да беше само еден таков примерок.

Скопје не е град без план , реков и на претходниот коментар , туку е град кој успеа да ги издржи сите овие дојденци. Да не беше тој добар план , денеска немаше како да ги прошират улиците, ќе имавме еден куп едносмерни улици.

Инаку за другите градови па таму си има локална самоуправа и гродоначалник нека си земат добри архитекти нека направат план за развој и нека почнат да го реализираат со дел сопствени средства а дел со владини, не верувам дека владата ќе одбие некој супер проект на пр. за Тетово ако е стварно издржан.
Што ќе ти е план без пари. Еве ќе речеш ќе ја приширам една улица , но ќе треба да надоместам сопственици на куќи , а имам само 2 милиони евра за капитални инвестиции за цела година.

Мора и градоначалниците сеа да си загреат столче а не да чекаат се владата од Скопје да им кажува што да прават, не се бирани само да седат потпишуваат акти, земаат плата и клатат нозе.
Најлесниот дел е да црташ улици, паркови , паркинзи ... ама без пари ништо не бидува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom