Го префрлив постот во темата Скопје 2014 пошто ми се виде посоодветно за таму, но ...
не сакам да праам проблем пошто сме опоменати за офтопици...само накратко ...не би рекол дека е неефикасна, освен во поглед на навиката на централистичко управување на власта.
И Холандија, Португал, Италија и Шведска и скоро секоја земја кај сум одел, имале разместено државни институции низ државата. Од Оребро Шведска неколкупати одевме на пример кај колеги во Јонкопинг или Стокхолм, зависно од потребите (ретко пошто во денешни услови на техника и комуникации и нема некоја потреба од физичка комуникација).
Со тоа ќе се развијат и други региони рамномерно (посебно за Македонија каде државните институции се главни работодавци), како вработеноста така и други параметри (трговија, рентање, превоз...), општо џидипито во Македонија, а не само во Центар.
Онтопик, би сакал погодностите и парите инвестирани но објектите за Скопје да го осетат и другите скопски општини и населби, а не само општина Центар (и исклучок Аеродром можеби). Ова е попрво Центар 2014 отколку Скопје 2014
он топил си е муабетот - 90% од проектот се државни институции - иако се коментира обратно.
кога ке те вратат од едно министерство во друго,па од таму на нотар, па од нотар во централен..не зезајте...ти иде да задавиш некој на шалтер...досега е дисперзирано, не иде веруј ми...особено што пази сеа ЕДНО министерство е пример на 4 локации под кирија - кој кошмар е интерното нормално функционирање башка странките
1.примерот со шведска не ти е за тековниот век - ако ние ( а можеме ) дојдеме на тоа ниво, каде ке се вработат 90% од администрацијата ???
2. да не сте биле во некоја подрачна единица-обично централите се на едно место, замисли посета на дипломат - го носиш во скопје на средба со МВР па ај трк до штип на средба со МО???
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:51 PM ---
Карев на коњ се искачи пред Собрание
поделете ја веста со Вашите пријатели
После 15 дена откако седуметарскиот бронзен споменик на Никола Карев во повеќе делови се донесе пред Собранието, денеска конечно екипата од уметничката италијанска леарница „Маринели“ го кренаа на постаментот.
Уште на стартот се најави дека склопувањето и монтажата нема да се изведат брзо, бидејќи, како што информираа од општина Центаr, пред сé, се работи за голем споменик чии делови се спојуваат и обработуваат на лице место.
Во моментот се прават подготовки за монтажа, се средуваат техничките детали, а не се знае дали коњаникот ќе остане на постаментот од денеска, или пак се работи само за пробно поставување.
Долгиот период на склопувањето на спомeникот рашири гласини во јавноста дека одолговлекувањето на неговата монтажа е поради наводно малите димензии на постаменот, кој требало да се поправи, но од општина Центар ги демантираат шпекулациите. Посочуваат дека постаментот е направен според претходно изготвен и утврден проект и не постои никаков проблем.
Постаментот е веќе обложен со декорација од бронзени релјефи.