Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
дали е тема економска исплатливост,колкав патриот си ако си за грујо и ако не го одобруваш проектот,дали е тема јас сум експерт во се ??
не друже не неможе да ти биде на тема кога мислиш дека ке фатиш некое политичко поенче а да биде оф топик кога не ти одговара.
Само си кажуваме зашто сме за или против проектот и зашто не ни се допаѓа и каде тоа поумно 1000000000000 пати би било подобро да се инвестирале тие пари во други свери, значи да тема е сето тоа.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Не бре неможам да сватам жими се,се обидуваш да протнеш некој налудничави тези!?
Поскапувањето на ЛЕБОТ немало врска, поскапувањето на горивото и тоа немало врска!
да нема врска, неможе да има пченицата, цената на златото или нафтата врска со градежен проект, наивно и детски е! можеби има врска и со, не знам факултетите и катните гаражи?:tapp:

Парите што се дадени за него се од мој џеб јас плаќам даноци за него,а од нив немам никаков ама никаков бенефит. После 30 години ке се исплател а потоа ке заработувал за што ке заработува ? за тековно одржување ? Кај ке идат тие заработени пари ?
сите плакаме даноци ти и таквите како тебе најмалце, највеке плакаат големите компании и вработените со поголеми плати, не ми ејасно удирањево гради дека ти плакаш даноци, сите плакаме и гласаме на избори кој и како ке ги троши! така функционира светот? што е проблематичното тука?

ВМРО да направеа една асална болница да купеа два апарати за магнетно снимање три доплер апарати, и 10 сетина апарати за ре анимација ајде тогаш имам корист ама вака само фрлени пари ( читај украдени 70 % )
ова еповторно оф топик, и твојата неинформираност е твој проблем, нема да навлегувам вокаква очајна состојба беше здравството под капата на сдс, мегутоа пробај да прогуглаш колку и какви апарати во кој градови се донесени, која систематизација е направена.Да далеку од добро и совршено но и светлосни години далеку од руината од здравство што беше пред 6 години - те молам имаш соодветни теми не загадувај тука, бројките најди си ги.

Ете тоа е болката што со мој пари се гради што благе везе нема, што јас немам никаква корист од тоа , општо корисно за партиски полтрончиња да се гордеат и да дркаат на истото.
не разбирам каква корист сакаш да имаш - можеби тебе да ти ги дадат парите,ПРОЕКТИТЕ СЕ ИСПЛАТЛИВИ сами за себе објаснето како и зошто? кој бенифит го сакаш ти лично од пример министерството за надворешни?
твојата болка е твојата неспособност. Да потрошеше половина од времето кое го трошиш по форуми за да си го подобриш животот - ке си го подобреше.

ПС ЧИВА Е АВСТРИСКАТА ФИРМА ПРЕКУ КОЈА ШТО ОДАТ СИТЕ ПРОЕКТИ ?
ПОГОДИ ОД ПРВА
најверојатно блиска на владејакава структура, што е нормално - сигиурно нема да биде опозициона.
--- надополнето: Sep 25, 2011 2:56 PM ---
дали е тема економска исплатливост,колкав патриот си ако си за грујо и ако не го одобруваш проектот,дали е тема јас сум експерт во се ??
не друже не неможе да ти биде на тема кога мислиш дека ке фатиш некое политичко поенче а да биде оф топик кога не ти одговара.
Само си кажуваме зашто сме за или против проектот и зашто не ни се допаѓа и каде тоа поумно 1000000000000 пати би било подобро да се инвестирале тие пари во други свери, значи да тема е сето тоа.
да но економијата е наука мерлива со бројки - бројки од тебе не видовме
Неверојатен раст на економијата од 5,3 отсто

И во вториот квартал БДП забележа добар раст од 5,3 отсто, благодарение на градежништвото и проектот „Скопје 2014“
Соња Маџовска

Економијата во вториот квартал од годинава порасна за неверојатни 5,3 проценти, во споредба со истиот период од минатата година, соопшти вчера доцна попладне Државниот завод за статистика. До 17 часот беше неизвесно дали воопшто ќе излезе овој податок, иако Статистика 22 септември го има утврдено како датум кога треба да го соопшти растот на домашниот бруто-производ за второто тромесечје од годинава.

Овој добар раст, како во првиот квартал така и во второто се должи на растот на градежништво од 26 проценти,
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ти не плаќаш ништо зимаш плата од мој пари дел од нив ги даваш на државата или така речено од еден џеб во друг идат тие пари.А јас се лупам у груди пошто ЈАС ТЕ ПЛАЌАМ ти живееш од мој пари не јас од твој ЈАСНО ?

Има врска цената на житото ете гледаш наместо да интервенира владата во цената на лебот таа парите ги употребува за проекти од никаква важност,цената на нафтата ти реков не ја пијам скапа е пошто акциза и давачки за државата ми се плус 55% од цената на нафтата кога паѓа на берза мене ми ја покачува за да може тебе да ти даде плата.
И да детски е тоа што го збориш,впрочем на овие муабети и прваче се смее ај бркај работа жити се.
Ајде ти посакувам нај искрено да имаш потреба да завршиш во болница на лечење па да видиш каква е состојбата во јавното здравство,али сите партиски пријателчиња да не наогаат лекови од под маса за тебе е тек тогаш ке сватиш во каква состојба сме.
Инаку да пропагандата е најако оружје уствари затоа и хитлер и ебал мамата на германија бидејки ги убедил германците дека се антички упс не ариевци де и дека никој не може да ги победи.
Стварно размисли пред да пишеш ти се смеат сите.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Ти не плаќаш ништо зимаш плата од мој пари дел од нив ги даваш на државата или така речено од еден џеб во друг идат тие пари.А јас се лупам у груди пошто ЈАС ТЕ ПЛАЌАМ ти живееш од мој пари не јас од твој ЈАСНО ?
не не јасно, што работиш ти?
плакањето доприноси и даноси е еднакво за сите и како што објаснив ако некој плака највеке тоа се најголемите компании, но тое не значи дека имаат право на одлука за било што, тоа е законска обврска.
НЕ МИ ПИШУВАЈ со големи букви, некој вид закана или дисциплинирање ти е капсот. не си јасен.

Има врска цената на житото ете гледаш наместо да интервенира владата во цената на лебот таа парите ги употребува за проекти од никаква важност,цената на нафтата ти реков не ја пијам скапа е пошто акциза и давачки за државата ми се плус 55% од цената на нафтата кога паѓа на берза мене ми ја покачува за да може тебе да ти даде плата.
не нема врска буџетот се полни од повеке извори, акцизата е на процент, варијациите се од светски пазари, конкретно интервенција на горивата имаше пред некој месец, повторно напамет зборење. проектите се од голема важност објаснето е зошто и поткрепено е со бројки - додека од тебе не еконтрааргументирано по 100ти пат.

Ајде ти посакувам нај искрено да имаш потреба да завршиш во болница на лечење па да видиш каква е состојбата во јавното здравство,али сите партиски пријателчиња да не наогаат лекови од под маса за тебе е тек тогаш ке сватиш во каква состојба сме.
само другите да се убедат дека имаме работа со навистина ПСИХИЧКИ НЕСТАБИЛНИ ИНДИВИДУИ КОЈ СЕ СЛАБО РЕАЛИЗИРАНИ НА ЛИЧЕН ПЛАН, пред се мислам на работно фамилијарно и сексуално резлизирани.

Благодарам на честитаката, и покрај неа јас и моето семејство се најдовме на немилоста на јавното здравство последните 10 години - од тие искуства само го потврдувам заклучокот. јас тебе таква работа не ти поскаувам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Има ли модератори на под форумов архитектура ? изгледа нема , а треба да се исчистат кловнови од темава со црвени носеви и зелени коси
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
да но економијата е наука мерлива со бројки - бројки од тебе не видовме
Ова мене си ме цитирал или ми се чини :)
Гледам се фалиш со со три месечен податок на раст на бдп и се чудам дали разбираш што е бдп, дали знаеш каков бдп имавме низ годините и како се добил плус со претходни минуси.
За да ти докажам колку ние овде добро живееме, ќе ти оставам еден линк со најреални податоци во МКД :http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
Значи овде ќе најдеш табеларни бројки, научи ги па ќе раскажеш после.Задржи се на БДП годишни, инфлација, парична маса М1 и бруто надворешен долг.
 
Молимте не се труди гледаш дека има пораст !! упорно еден исти текст се цитира пресреќен е што го пронашол и сега не може да му се изнарадува,инфлација итн не го интересираат.
Батали жити се :pos: кога некој се обидува да ти докаже дека исто плаќа како тебе а зима плата од твој пари,не можеш бре да докажеш дека производството и реалната индустрија се носи на грб а не администрација.

Или по сликовито објаснето да сватат некој луѓе кој очигледно имаат проблем со разбирањето како администрација не плаќа ништо тоест се е тоа фиктивно.
Главата на фамилијата седи дома двајца синови работат двајцата му даваат на таткото пари,за тоа што живеат во заедница,е сега ќерката цел ден седи и филозофира и еднаш неделно измила садови и вика тато дај пари ! таткото вади од парите што ги сработиле синовите и ги дава на ќерката еве ќерко,стига сметка за струја ( ќерката се туширала многу бољерот потрошил вода ) и Таткото ја вика ќерката ела мори ти ваму ! Ај да дадеш пари за струја,ќерката вади од парите што предходно и ги дал таткото за „ миењето садови“ иако јаде и пие на негова сметка,
ги вика и синовите ај давајте и вие пари бе: синовите вадат пари и тие даваат после ќерката се курчи дека и таа придонесувала во домот и таа давала пари,а уствари истите пари од еден џеб само поминуваат во друг.Таа никако нити ги сработила нити реално ги спечалила.Тие пари ги донеле и дале нејзините браќа.Функција на Ќерката ПАРАЗИТ живее на туга сметка.Само во случајов што има многу повеќе ќерки кој што трошат многу повеќе од колку што има синови кој реално носат пари.
Значи реално администрација не плаќа ништо ама баш ништо се е тоа од лев во десен џеб,и други им ги плаќаат и доприноси и осигурања и плати.Што произведува таа администрација за да пласира на пазар продаде спечали и со спечалени пари да си плати доприноси и да си земе плата ? Одговорот е НИШТО
Се надевам дека сега на административците ви е појасно околу плаќањето на даноците.
Или во друг случај треба да се реновира домот да се смени стара и дотраена инсталација,да се промени кујна,синовите се да се реновира да се прошири тесната куќа,да се инвестира паметно ,да се купи семе за да се насеат нивите итн итн, додека ќерката е упорна дека треба да се купи нова кола и да се офарба фасадата,а секако да добие и нова гардероба и ги убедува браќата дека тоа е и за нивно добро, дека тие се глупи и ништо не разбираат иако тие ги носат парите она треба да каже што е добро.Ете тоа ти е и со проектов 2014
Има ли модератори на под форумов архитектура ? изгледа нема , а треба да се исчистат кловнови од темава со црвени носеви и зелени коси
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Батали жити се :pos: кога некој се обидува да ти докаже дека исто плаќа како тебе а зима плата од твој плати,не можеш бре да докажеш дека производството и реалната индустрија се носи на грб а не администрација.
А ти мислиш дека тој верува во тоа што го докажува?Абе јасно му е веќе на народецов дека нафатени се на него 100.000 крлежи кои само го цицаат и никаква корист тој нема од нив.Туку овие двајцава со сила ни пикаат к*р во очи и не прават будали та иначе и нив јасно им е што е работата.
Ако некој треба цитро да летне од темава тоа сте вие бидеќи буквално ја спамирате,не смее човек мислење да даде,малце да се искритикува темава одма за очи се фаќате со Македонцки,одма мора да му се докаже на тој што критикувал....
 
Ма нека чистат нека банираат нека навредуваат,научен сум јас на тоа знам колку боли вистината.
Штета само што се обидуваат од форумов да направат уште едно рекламно пано за супер достигнувањата на актуелната влада :pos:
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Ова мене си ме цитирал или ми се чини :)
Гледам се фалиш со со три месечен податок на раст на бдп и се чудам дали разбираш што е бдп, дали знаеш каков бдп имавме низ годините и како се добил плус со претходни минуси.
За да ти докажам колку ние овде добро живееме, ќе ти оставам еден линк со најреални податоци во МКД :http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
Значи овде ќе најдеш табеларни бројки, научи ги па ќе раскажеш после.Задржи се на БДП годишни, инфлација, парична маса М1 и бруто надворешен долг.
не со тебе не комуницирам
--- надополнето: Sep 25, 2011 6:25 PM ---
Ма нека чистат нека банираат нека навредуваат,научен сум јас на тоа знам колку боли вистината.
Штета само што се обидуваат од форумов да направат уште едно рекламно пано за супер достигнувањата на актуелната влада :pos:
која вистина - чекам аргумент за неисплатливоста веке 5 страни? ти си тој што пропагира политички опции, не јас
--- надополнето: Sep 25, 2011 6:27 PM ---
А ти мислиш дека тој верува во тоа што го докажува?Абе јасно му е веќе на народецов дека нафатени се на него 100.000 крлежи кои само го цицаат и никаква корист тој нема од нив.Туку овие двајцава со сила ни пикаат к*р во очи и не прават будали та иначе и нив јасно им е што е работата.
Ако некој треба цитро да летне од темава тоа сте вие бидеќи буквално ја спамирате,не смее човек мислење да даде,малце да се искритикува темава одма за очи се фаќате со Македонцки,одма мора да му се докаже на тој што критикувал....
дади мислење и аргументирај го, нема проблем

не може да се пише несериозна бабина деветина и да се остане на тоа, не е ова чек дис аут, конкретен проект е
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
не со тебе не комуницирам
--- надополнето: Sep 25, 2011 6:25 PM ---

која вистина - чекам аргумент за неисплатливоста веке 5 страни? ти си тој што пропагира политички опции, не јас
Еј која исплатливост бе дај кажи ајде без да го цитираш текстон по 100000000 пати.
Дај ти докажи ја исплатливоста,јас 5 страни пишувам и давам аргументи зошто НЕ а ти 10 15 60 страни едно исто вртиш.
Кажав и каде е подобро да се инвестира ти пак истиот натпис, пишав и зашто никако не му се исплати на никој освен на мал број луѓе ти пак истото , леондра ти даде линк зашто нема пораст ти и викаш не комуницираш со неа,горе ти објаснив фино лепо да можеш да разбереш ти дадов прост пример за кој што се надевав дека ке успееш да го сватиш,ај ке се обидам да ти нацртам :pos:
Цело време се обидуваш да испровоцираш вреѓаш напаѓаш, абе ниско друже ниско.
И не пропагирам ниедна политичка партија подеднакво ги мразам сите едните кога беа на власт ми ја начнаа фирмата каде шо работев порано ( прекрасна фирма со уште попрекрасни плати) дојдоа другиве и ебааа мамата ја затворија до даске,исти кур ми се и едните и другите веруј и тие и тие не ги поднесувам :pos:
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Еј која исплатливост бе дај кажи ајде без да го цитираш текстон по 100000000 пати.
Дај ти докажи ја исплатливоста,јас 5 страни пишувам и давам аргументи зошто НЕ а ти 10 15 60 страни едно исто вртиш.
Кажав и каде е подобро да се инвестира ти пак истиот натпис, пишав и зашто никако не му се исплати на никој освен на мал број луѓе ти пак истото , леондра ти даде линк зашто нема пораст ти и викаш не комуницираш со нејце,горе ти објаснив фино лепо да можеш да разбереш ти дадов прост пример за кој што се надевав дека ке успееш да го сватиш,ај ке се обидам да ти нацртам :pos:
разговарано е натемава неколку страни наназад за ефикасноста причините и цифрите - НЕ МОЖЕШ НИ ДА ПРЕЛИСТАШ камо ли да рзабереш што се пишувало. немаш реален интерес за проектот архитектурата и естетиката, немаш основни економски познавања.

јас имам десетици постови на темава - најди ги - ЈАС ОД ТЕБЕ СЕУШТЕ ЧЕКАМ БРОЈКИ И АРГУМЕНТИ.

повторно вртиш едно исто, наброј зошто не се исплати и аман по стоти пат образложија секоја точка.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
разговарано е натемава неколку страни наназад за ефикасноста причините и цифрите - НЕ МОЖЕШ НИ ДА ПРЕЛИСТАШ камо ли да рзабереш што се пишувало. немаш реален интерес за проектот архитектурата и естетиката, немаш основни економски познавања.

јас имам десетици постови на темава - најди ги - ЈАС ОД ТЕБЕ СЕУШТЕ ЧЕКАМ БРОЈКИ И АРГУМЕНТИ.

повторно вртиш едно исто, наброј зошто не се исплати и аман по стоти пат образложија секоја точка.
немаш ништо освен тенденциозен партиско нарачан новинарски текст и бројки кој не ги разбираш
 
T

Tetro

Гостин
чекам аргумент за неисплатливоста веке 5 страни? ти си тој што пропагира политички опции, не јас
Ти не си тој кој ќе враќа кредити во наредните 30 години....

Владата од неделава почнува да го опипува пулсот на стопанството за што би ги искористило 400 милиони евра што Меѓународниот монетарен фонд и' ги понуди на Македонија од Превентивната кредитна линија (ПЦЛ). Ќе ги сослушаат и експертите, но изгледа дека нема да им дозволат да се занесат во желбите. Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески во интервјуто за „Дневник“ вели оти Владата веќе пресекла - приоритет е отплатата на стасаните обврски кон странство. Сепак, некоја пара од кредитот ќе капне и за проектот „Скопје 2014“.

- Нашиот вкупен јавен долг е 34 отсто од домашниот бруто-производ. Евентуалното користење на заемите нема да го зголеми јавниот долг повеќе од 1 до 2 процентни поени. Дури и целосно да ја искористиме понудената сума, Македонија ќе остане во зоната на умерено задолжени земји. Истовремено додека зајмуваме, ние отплаќаме стари долгови и така го контролираме вкупниот долг. За следната година ни требаат пари за финансирање на буџетскиот дефицит од 2,5 отсто од БДП и за враќање стари заеми. За дефицитот ќе ни требаат околу 180 милиони евра, а за отплата на стари кредити околу 130 милиони евра, или вкупно околу 310 милиони евра.
http://www.finance.gov.mk/node/1663

Касата е празна (имам пишувано повеќе пати на форумов, посебно во катче Економија), а рајата е полуслепа и уште се надева на нешто после избори. После секои избори излегуваа со тврдења дека касата е полна, оваа година воопшто никој не спомна каса... Пред изборите се зеде заем од некоја од големите банки, после избори пак се зеде уште еден... Абе, ни даваат поволни кредити, знаеш? Со минимална камата и рок на отплата во наредните 20-30 години, ееееј. Јас и ти ќе ги враќаме, и нашите деца, и нашите внуци...
Бројќи сакаш? Еве ти бројќи, неброени пари се вртат, пази и тебе да не ти се сврти. ;)

СДСМ побара замрзнување на одлуката за ново задолжување

Курир - 25.03.2011

Владата веднаш да ја повлече одлуката за искористување 220 милиони евра од кредитната линија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави денес пратеникот од СДСМ Игор Ивановски.

ЛДП бара надзорно тело за контрола на трошењето на парите од ММФ

Форум - 24.03.2011

Либерално-демократската партија(ЛДП) побара формирање на ад хок тело за надзор на трошењето на парите доделени од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) „Огромните средства од овој кредит владата планира ...

Пари - Трка по пари за „Скопје 2014“

Време - 09.12.2010

Наталија Скалова Владата официјално побара 480 милиони евра кредит од Меѓународниот монетарен фонд, кој ќе и биде на располагање во следните две години.

Македонија - Македонија побара 480 милиони евра претпазлив кредит

Вест - 09.12.2010

Владата во следните две години ќе има на располагање 480 милиони евра од кредитната линија за претпазливост на Меѓународниот монетарен фонд.

Седница на собраниската комисија за финансирање и буџет

А1 - 23.08.2010

Владата да ги врати долговите кон стопанството со 76-те милиони евра што ќе ги повлече од ММФ - побара опозицијата. „Зошто се должни компаниите да ве кредитираат, зошто тие мораат да земаат кредити ...

Македонија планира да подигне уште 100 милиони евра кредит од ЕИБ

МК-Фондови - 19.08.2010

Нови 100 милиони евра планира да побара Владата од Европската инвестициона банка. До крајот на месецот ќе се повлече и третата транша од претходно одобрените 100 милиони евра, пари кои беа наменети ...

Владата планира уште 100 милиони евра кредит од ЕИБ

Сител - 18.08.2010

Нови 100 милиони евра планира да побара Владата од Европската инвестициона банка. До крајот на месецот ќе се повлече и третата транша од претходно одобрените 100 милиони евра, пари кои беа наменети ...

Бизнисмените ја трезнат Владата

Дневник - 21.07.2010

Стопанските комори побараа измените на Законот за јавните набавки да важат само за идните договори. Тие укажуваат на проблемите на фирмите што се задолжуваат со кредити за да ги намират обврските кон ...

Светски пари за македонската инфраструктура

Дневник - 16.05.2010

Владата во минатата недела побара од Европската банка за обнова и развој кредит за изградбата на една од хидроцентралите што ЕЛЕМ планира да ги гради во следниот период.

Бизнисмените на појадок со владиниот економски тим

Алфа - 25.01.2010

Бизнисот побара Владата привремено да запре со задолжувањето. На заедничкиот појадок со економскиот тим, ја повикаа власта привремено да запре со државните записи, да се задржат постојните услови за кредитирање и да се зголеми ...

Стопанствениците бараат замрзнување на платите на администрацијата

Вест - 15.04.2009

Стопанствениците побарале половина од каматите за кредитите да ги субвенционираа Владата, како и да покрива 1/3 од гаранциите за одобрување на кредити за успешните фирми Замрзнување на платите на ...

Тешко со ММФ, потешко без него

Дневник - 09.04.2009

Сега, кога кредитите на Фондот се најбарани, во предност ќе бидат земјите што побргу ќе побараат заем од него, затоа треба да побрзаме, ја советуваат експертите Владата Владата не смее скапо да се задолжува, ...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Од овој момент, сите (ама баш сите) сметајте дека сте еден коментар оддалечени од 3 месечен бан на форумов, доколку напишете оф-топик, политички, или заебанторски коментар кој нема врска со архитектура. Тоа што не сте ја прочитале опоменава, не ве ослободува од казна. Па, ваше е како ќе се однесувате. Темата немам намера да ја затворам, ама вас можам да ве преселам на друг форум (кај што ќе ве чита само Google и 2-ца 12-годишни администратори).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom