Најекономично греење и ладење

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
За вакво нешто: http://www.bosch-climate.com.hr/stranicaproizvoda/plinsko-grijanje/kondenzacijski-uredaji/condens-3000-w.html
... треба ли централна плинска инсталација (која ја нема во државава за разлика од Хрватска на пример) или се доволни 2-3 боци од по 10Л....
има ли некоја иновација во она: ‘‘кондензациски‘‘ или е ‘драпај си меот‘ те како и сите плински котли.... ми се чини со цените на плинот, те со поскапувањата на плинот последниве години - СКАПО!!! Го рекламираат во ХР како 40-50% поевтино од другите типови загревање на станови и деловни простории.... Сум слушнал дека е многу применето во Германија, но тие си го решива прашањето со гас-снабдување за 50 години. Им го изградива гасоводот на Русите... штом е од Bosh, мора да е добро, но веројатно и скапо да се набави уредот!? ....
И скапо е! Накнадно видов.... од 2000 Еур најевтиниот, оној од 14Kw....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.306
Поени од реакции
18.138

Кондензациони гасни котли се многу ефикасни, имаат 108% искористување, ваков има инсталирано Еуротерм во болницата Плодност во Битола.

http://www.eurotermgroup.mk/index.php/news/mk/bolnica-plodnost-bitola/
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Најекономично греење е кога ти студи да се покриеш со дебела волнена јамболија и да се гушкаш со женската, освен ако не и смета боцкањето од јамболијата :pipi:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Жал ми е што не ми одговори на моите прашања, еве ги повторно:
3. Ако не постои таков систем, тогаш логично се наметнуваат следните прашања:
3.а. Зошто овој систем не го патентираш и не го продаваш во цел свет, туку се мачиш во сиромашнава ни Македонија?
3.б. Зошто истражувањето кое си го направил за овој систем не го објавиш во научни списанија?.

Но сакав да речам и друго нешто, со инсталација од 2000пати (околу 5% од сите централни системи во Македонија?!), и 350пати во соседните земји, во кој период е ова? Да речеме дека е во 3години. од прилика по 800инсталации годишно. 100евра да кошташе системот, ќе имаше обрт поголем од 50к евра годишно нели?
одговорот ке го добиеш во ПП... поради прашања кои не се поврзани со темава, поготово со крајно безобразниот и не етички дел, да ми калкулираш колку сум заработил. не се 3 години туку ова е 12-та година, и не сум само јас во фирмава 4 луѓе сме, т.е. 4 фамилии живеат од овој бизнис.
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12

Ах жал ми е што погрешно си ме разбрал. Само сакав да ја спорам бројката од 2350 инсталации. Твојата фирма има промет помал од 50к евра годишно. 50кевра годишно се 50тина инсталации. Дури и 12години да си работел, значи немаш повеќе од 600 инсталции (се е ова доколку ништо друго не си работел преку фирмата, а ова другово легално си го работел преку фирмата). Нема тука никакви лоши намери ниту колку си заработил ти, ниту колку другите 3 семејства. Не ни прашав колку луѓе инвестирале во овој проект, ни колку е профитот, ни колку луѓе го делат тој профит. Извини, ако те навредив. Ќе повторам идејата беше - не верувам дека имаш 2400инсталации, и сите математики го покажуваат тоа. Извини што ќе ти кажам вака директно, но мојата проценка е дека има околу 500 инсталации од Кано системот. Се разбира - тоа не зборува ништо за квалитетот на истиот, но фер е да се кажуваат реални бројки :) Добро - не секогаш, некогаш во интерес на маркетингот треба и да се каже нешто повеќе. Небитно, јас сеуште размислувам за Кано, а ти се надевам не се најде премногу погоден од целото ова. Имаш и прашање на ПП во врска со цената која ми е ја понуди и дали е тоа цена за клуч на рака, па те молам одговори ми.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Имам понуда за изработка на грејни тела од мермер , не би навлегувал во изработката, но ми е кажано дека тие грееле на принципот на инфрацрвено греење - односно го грееле зидот и предметите околу нив, а не воздухот. Се работи за две соби , од кои едната е 12 метри квадратни, со еден надворешен зид и стакло со двоен џам, а другата соба е 30 метри квадратни, со два надворешни зидови , со истите прозори. Висина на собите е 3 метри (или 3.3 не сум сигурен). Ако некој има искуство со вакво греење нека каже или тука или на пп.
 
машала висина...не стандардно малку... значи со тие мермерните плочи.. не би рекол дека с еинфра ред. може само како компарација ти објасниле. тие мермерни плочи се малку инертни да знаеш. им треба време додека да почнат да греат.

со која снага ти рекоа дека се?
 
1 и 1,5 киловати.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имам понуда за изработка на грејни тела од мермер , не би навлегувал во изработката, но ми е кажано дека тие грееле на принципот на инфрацрвено греење - односно го грееле зидот и предметите околу нив, а не воздухот. Се работи за две соби , од кои едната е 12 метри квадратни, со еден надворешен зид и стакло со двоен џам, а другата соба е 30 метри квадратни, со два надворешни зидови , со истите прозори. Висина на собите е 3 метри (или 3.3 не сум сигурен). Ако некој има искуство со вакво греење нека каже или тука или на пп.
Тоа што го пишуваш за ифрацрвено греење, греење на ѕидот, предметите а не воздухот или не си го разбрал тој што ти објаснил, или тој нема везе со мозокот.
Греењето со мермерни плочи воопшто не се разликува, од греењето со панели, електрични радијатори и слични грејни тела. Единствена разлика е естетскиот изглед. И ако се одлучиш за мермерни плочи плочи, тоа треба да биде поради естетскиот изглед.
Што се однесува до капацитетот, во малата просторија инсталирај една плоча, а во големата две, сите со моќност од 1.5.
Сепак, моја препорака е за грење да користиш клима уред, бидејќи тој работи на принципот на топлотна пумпа и ќе имаш 2-3 пати помала потрошувачка на електрична енергија .
 
Знам јас дека најдобро е со клима со инвертер, ама не ми се исплати да ја купувам бидејќи веќе имам клима со сплит систем со која се греам и во декемри и во март. а два месеци јануари - февруари не ми се исплати да купувам 600 евра инвертер клима, и се мислам меѓу некои француски панели термор и ова со мермерниве плочи. Инаку типот кажа дека мермерната плоча го грее зидот и после зидот ја испушта топлината. По ова ти што го кажуваш испаѓа дека иста струја ќе трошам (планирав да земам 1.5 киловатна панелка за помалата соба, и 3 киловатна за во големата), само не знам кое ќе биде поефикасно. Изолацијата е иста и во двете соби.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имам куќа на два спрата + поткорвје вкупно околу 180 м2 корисна површина. Имам поставена инсталација за како што викате "топловодно греење" со радијатори вкупно 183 ребра (Алгрета- Ресен) со котел на нафта 35 kW и цистерна од 2,2t, тогаш нафтата беше 11 денари. Како што поскапуваше нафтата 15, 17, 21 ...сега е 57, така се зголемуваше и трошокот за греење.
Пред три години покрај високата цена и неквалитетната нафта, се расипа и бренерот па преминав на електрична енергија, купив котле на струја 24 kW. Тогаш почна и струјата да поскапува така да сега сметките за струја во зимските месеци се 17,000 до 27,000 ден.

Тоа е болката што ја имаме сите ние, сите ресурси поскапуваат и математиката која била пред 5 години сега не вреди ништо. Најлошото е што цената на струјата, нафтата и гасот не зависат од нас и постојано растат и ќе растат се додека не ја достигнат европската цена затоа што натаму се стреми и Македонија нели.
Најдобра и најисплатлива инвестиција во секој случај било да е стан, куќа, деловен простор е добра изолација, со добра изолација се намалува потребниот капацитет, се намалуваат инвестиционите трошоци - потребна е помал систем - а тој систем троши помалку енергија.
Доколку размислувате долгорочно, најдобар избор е топлинска пумпа. И во случај цената на електричната енергија да отиде до небо, вие ќе плаќате 4 пати помалку во однос на електрично котле и котел на нафта. Инвестицијата верувам дека е поголема затоа што електрично котле чини околу 400 евра ова е сигурно повеќе но сето тоа ќе се исплати. Топлинските пумпи за централно греење и ладење не се наменети за да траат 3-4 години туку 15-20 години па и повеќе со редовно одржување така да инвестицијата ќе се врати а се понатаму би било ќар.

Според мене подобра работа се воздушно ладените топлински пумпи од проста причина што се полесни за монтажа, одржување и сервисирање. Пред да се постават геотермалните пумпи потребно е да се направат бушотини да се измери протокот на вода да се постават цевки а сето тоа кошта и не верувам дека е вклучено во цената.

Капацитетот не се намалува. Топлинските пумпи од јакиве компании се сите тестирани, стандардизирани со Eurovent и тоа што го пишува како капацитети е така и не смее да се отстапи од тоа.
Секоја заштеда во трошковите за греење бара инвестиција. Ако одбереш она што е најдобро, ќе потрошиш толку многу пари, па кога ќе пресметаш, ќе видиш дека не се исплатело. Размислувај, пресметувај и инвестирај, чекор по чекор. Одреди, каде слабостите на системот што сега го имаш и полека внесувај подобрувања.
--- надополнето: Sep 28, 2011 12:36 PM ---
Имам размислувано и за тоа, но некако панелите ми изгледаа како подобра варијанта.
Се едно е. Одбери врз основ на цената и естетскиот изглед.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom