Паааа наместо да си го арчиш денот на жалење по децата во Сомалија и Етиопија, тргни од децата кои се во Твојата непосредна близина-гладни има и овде, во жалосна Македонија, така да наместо да рониш солзи, напрај им добрина, помогни им со Твој конкретен чин на помош.
Искрено, не знам како ти тоа би го направил, а ако би го направил со делење шеќер, брашно и масло во црковните дворови, онда свака част, многу си дарежлив.
Али знај едно, продолжи ти да даваш пари на луѓе што ќе ти ја зачистат шофершајбната сред раскрсница, или дели брашно или отвори менза и сл. и сл., ама тоа нема да ти го реши проблемот. Тука останувам доследен на Оскар Вајлд, кој си кажал дека таквата робинхудовска, или ако сакаш витешка, практика само ќе го пролонгира патењето и мизеријата на сиромашниот, па според тоа истата е и дебилна. Теши се ти и понатаму дека си направил добро дело.
--- надополнето: Sep 22, 2011 2:52 PM ---
Moже ли некој ве молам да ме просветли зошто атеистите се толку желни цело време да ги исмејуваат или да ги негираат верувањата на другите луѓе. Дали е тоа можеби затоа што неверувањето остава празнина која треба да биде исполнета со антипатија кон нешто? Помогнете ми да разберам.
Не сум религиозен и искрено мислам дека сериозноста и посветеноста што некои луѓе ја вложуваат во религиозни активности е бесмислена. Сепак, успевам да ги оставам овие религиозни фанатици на мир... Всушност не се ни трудам да трошам време или напор за нив. Seriously, I couldn't care less. Воопшто не чувствувам потреба да ги напаѓам верските убедувања кои што се разликуваат од моите.Чудно... претпоставувам дека може да се каже дека страдам од болест наречена ТОЛЕРАНЦИЈА.
За ова кратко време во кое што сум на форумов, забележав дека има еден куп атеисти кои се чини дека секој ден водат “Крстоносни војни“ против сите што се религиозни. Тема по тема, пост по пост... осудуваат, исмеваат и се обидуваат да ја негираат верата на другите. Едноставно не можат да се држат настрана. Како фанови на атеизмот зборуваат за нешта кои воопшто не се однесуваат на нив, и во тој процес тие едноставно паѓаат како празни лушпи од човечки суштества кои немаат ништо што ќе ги води во животот освен омразата. Едноставно живеат за да мразат...
Ако не веруваат во постоење на Бог, зошто се занимаваат со религијата? Чудно ми е тоа што поминуваат толку време пишувајќи и зборувајќи за нешто што тврдат дека е имагинарно и дека не постои...
Вие што мислите?
А зошто мислиш дека атеистите толку многу се палат на религијата? Во страшна заблуда си момче... Атеистите се палат на неинформирани и неуки луѓе, а не на религија.
И бај Д веј, мислам дека треба да се излечиш од „болеста наречена ТОЛЕРАНЦИЈА“, таа е фарса. Само запрашај се, ако си ти толерантен, зошто ги мразиш атеистите (уствари не, ај да не ставам во калап одредена група на луѓе што не веруваат во Бог и во религија - сметам дека тоа е неумесно и неразумно, еве да речам „неверниците“) ?
Еве дома еден цел рафт од мојата библиотека ми е полн со книги од и за религијата, и тоа не само христијанската, имам ислам, будизам, хиндуизам, зен-будизам, кабала и телема, египетска митологија, нордиска митологија и грчка митологија. Од кај тоа дека јас ги мразам? Јас само ги отфрлам како неосновани мотиви и поимања на светот околу нас, а меѓу другото сметам и дека се непотребни и излишни при објаснување на процесите и појавите во и околу нас... Кај глеаш тука омраза?
(бај д веј е тоа не можам да го сфатам зошто кога станува збор за религија, одма таквите како тебе скокаат и верглаат смо за христијанство, ислам и будизам, па чекај, зошто не зборувате и не сте „толерантни“ и кон политеистичките религии, и тие обожуваат божества, хинуизмот е тука најголема во светот таква религија, има и помали, но тие се кај одредени племиња од полинезија, микронезија, индонезија африка и северна и јужна америка? Зошто мора да има еден бог а? Еве постојат луѓе во светот што веруваат во повеќе богови, зошто да си ти, како христијанин во право, а тие да грешат? И ова да ми објасниш зошто христијаните да се во право за поимањето на бог, а не муслиманите или будистите - бидејќи нели сите се монотеистички религии, и обратно?)