Јас мислам дека сите сме егоисти (чест на исклучоци) затоа што човековиот ум е програмиран да се стреми и да се бори кон задоволување на сопствените потреби ,а кога ќе ги задоволи тие,се стреми кон повисоки и повисоки итн. Алтруизам значи помагање и задоволување на потребите на другите ,но сепак мислам дека дури и кога ги задоволуваме потребите на другите,всушност ние ја задоволуваме нашата потреба за самоактуелизација и потребата за општествена прифатеност односно алтруизамот има секогаш двојна намена и ретко кога е станува збор за чист алтруизам,додека пак за разлика од ова егоизамот секогаш е чист,секогаш е искрен, секогаш доаѓа длабоко од нас.
Јас во три реда пост ,на пример неколку пати го употребив поимот ,,јас,,- значи егоист сум (исто како и многу други алтруисти претходно)