Алтруист или Егоист?

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување

Алтруист, Егоист..или.....


  • Вкупно гласачи
    108
И двете

Јас сум и алтруист и егоист - зависно од ситуацијата ... некогаш во погрешно време погрешен став одбирам ... затоа и сум толку комплицирана
 
Јас мислам дека сите сме егоисти (чест на исклучоци) затоа што човековиот ум е програмиран да се стреми и да се бори кон задоволување на сопствените потреби ,а кога ќе ги задоволи тие,се стреми кон повисоки и повисоки итн. Алтруизам значи помагање и задоволување на потребите на другите ,но сепак мислам дека дури и кога ги задоволуваме потребите на другите,всушност ние ја задоволуваме нашата потреба за самоактуелизација и потребата за општествена прифатеност односно алтруизамот има секогаш двојна намена и ретко кога е станува збор за чист алтруизам,додека пак за разлика од ова егоизамот секогаш е чист,секогаш е искрен, секогаш доаѓа длабоко од нас.
Јас во три реда пост ,на пример неколку пати го употребив поимот ,,јас,,- значи егоист сум (исто како и многу други алтруисти претходно)
 
Гласав за двете бидејки сметам дека и алтруизмот и егоизмот во нормална количина се потребни како карактерна особина на една личност.Лично сум преголем алтруист и ми се случува барем еднаш неделно да си ветам дека од утре ке станам егоиста.Мислам дека до некаде ни е вродено,до некаде ни е наследено како последица од воспитувањето,до некаде самите сме си виновни:salut:Како и да е,егоистите полесно поминуваат во животот додека алтруистите трудејки се да им угодат на другите не забележуваат дека животот понекогаш лета и дури се свртиш гледаш дека е доцна да имаш сопствени егоистични желби а и нема кој да ти ги оствари
 
Рамнотежа на вага е практично невозможно да се постигне, иако јас држам став дека алтруизмот и како концепт е возможен само во теорија, не и во пракса и тоа само ако го исклучиме психолошкиот аспект „ го правиме само она што не прави среќни “.
Што значи, не верувам во тоа дека некој може да биде и двете, кога има само едно. Но себе залажувањето и не е така лоша работа, луѓе изградиле цели кули од карти врз таквиот принцип. Забавно е да се види како младите во суштина веруваат или барем така велат. :)
 
Некогаш предпочитав алтуризам, но највероватно нешто се одпревртило па некако заглавив во патолошки егоизам.
 
За мене можам да кажам дека сум радикален алтруист но и да напоменам дека постојат двете екстремни точки првата помагај секому и секаде додека вториот екстрем не е егоизам туку резултат на одредени постапки на некои поединци,еве ја на пример кај еден пријател работев 10 дена градежно ѕид се правеше со камења,ама го знам човекот едвај некако мине до први,детето му е добар фудбалер па ја сам се понудив да му помогнам-човекот ме праша колку треба а одговорот беше-Благодарам и кутија цигари......мнооогу се изнаработив таму:coffee:
--- надополнето: Sep 21, 2011 4:07 PM ---
Некогаш предпочитав алтуризам, но највероватно нешто се одпревртило па некако заглавив во патолошки егоизам.

Секој премин од алтруизам кон егоизам е резултат или на незадоволство(општество) или на разочараност од луѓето,само тоа може од алтруист да направи чудовиште!!
 
За мене можам да кажам дека сум радикален алтруист но и да напоменам дека постојат двете екстремни точки првата помагај секому и секаде додека вториот екстрем не е егоизам туку резултат на одредени постапки на некои поединци,еве ја на пример кај еден пријател работев 10 дена градежно ѕид се правеше со камења,ама го знам човекот едвај некако мине до први,детето му е добар фудбалер па ја сам се понудив да му помогнам-човекот ме праша колку треба а одговорот беше-Благодарам и кутија цигари......мнооогу се изнаработив таму:coffee:
--- надополнето: Sep 21, 2011 4:07 PM ---

Секој премин од алтруизам кон егоизам е резултат или на незадоволство(општество) или на разочараност од луѓето,само тоа може од алтруист да направи чудовиште!!

Тенка е линијата помеѓу овие двете, не можеш да го карактеризираш егоистот како чудовиште, таа карактерна црта на човекот дури е поприродна од алтруизмот кој ни е наметнат од некакви социјални и религиозни норми.
Нашиот предок кој му помагал на неговиот сосед да ја изгради земјанката, не го правел тоа од алтруистички намери, туку за да се заштити од лавот ако го нападни, истиот тој би му го свиткал вратчето на соседот ако му ги загрозува и малку егзистенционалните прашање и му се меша во ловот. Егоизмот е запишан во нашиот геном и мислам дека тоа е една од причината за нашиот развој како технолошки, така и интелектуален.
Со самото тоа што напиша дека си помагал без никаков надомест дали тоа не значи дека почнуваш да си храниш сопственото его со твојата перцепција што ќе помислат за тебе субјектите кој го читаат твојот пост или пак не дај боже за форумски лајкови?
 
Со самото тоа што напиша дека си помагал без никаков надомест

Па помагав бидејќи знаев во каква состојба(финансиска) се наоѓа пријателот.

дали тоа не значи дека почнуваш да си храниш сопственото его со твојата перцепција што ќе помислат за тебе субјектите кој го читаат твојот пост или пак не дај боже за форумски лајкови?

Скраја да е.

. Егоизмот е запишан во нашиот геном и мислам дека тоа е една од причината за нашиот развој како технолошки, така и интелектуален

Ова е точно бидејќи егоизмот е двигател на денешниов капиталистички систем,сепак треба човек има способност за соживување оти погрешна е теоријата дека остварувањето на личните интереси кај поединецот го остварува по автоматизам и јавниот интерес.

Што се однесува до егоизмот и алтруизмот и двата се природни,имено алтруизмот преовладувал за во ерата на дивјаштвото каде луѓето биле во помали групи и морале да соработуваат и да си помагаат меѓусебе односно имале иста цел-Опстанок,но откако се развила поделбата на трудот и откако веќе егзистенцијата била загарантирана целите веќе не се исти па оттука и интересите.
 
Тенка е линијата помеѓу овие двете, не можеш да го карактеризираш егоистот како чудовиште, таа карактерна црта на човекот дури е поприродна од алтруизмот кој ни е наметнат од некакви социјални и религиозни норми.
Нашиот предок кој му помагал на неговиот сосед да ја изгради земјанката, не го правел тоа од алтруистички намери, туку за да се заштити од лавот ако го нападни, истиот тој би му го свиткал вратчето на соседот ако му ги загрозува и малку егзистенционалните прашање и му се меша во ловот. Егоизмот е запишан во нашиот геном и мислам дека тоа е една од причината за нашиот развој како технолошки, така и интелектуален.
Со самото тоа што напиша дека си помагал без никаков надомест дали тоа не значи дека почнуваш да си храниш сопственото его со твојата перцепција што ќе помислат за тебе субјектите кој го читаат твојот пост или пак не дај боже за форумски лајкови?
Dude, wait, what??????

Ако само не ти доаѓа алтруистичкото, онда си само нормална злобна свиња, као 99% од твоето опкружување. После зашто верниците те нарекувале тебе атеистот неморален. Па сам се ставаш таму.

Егоизмот не мора да се коси со алтруизмот. Барем не секогаш. Можеш да го задоволуваш своето его на сосема природни и нормални начини и плус да бидеш добар човек (да тежнееш кон алтруизам). Е сеа, тоа што колку повеќе го храниш своето его, толку помалку држиш контакт со реалноста, тоа е веќе друг проблем.
 
Eгоист со прецизно насочен алтруизам :) Да појаснам: Секогаш гледам да си ги задоволам потребите и желбите но не сум од оние кои газат преку други за да го остварат тоа. Алтруизмот во мене се јавува само кон луѓе што ми се драги и ги сакам и кога сум се трудела за задоволување на некоја нивна потреба било од љубов и моја лична желба, тоа ме усреќило без да очекувам нешто за возврат. 100 процентен алтруист каде јас сум на 2,3 место, сум била и сум само кон 3 личности, за мене најважните.

Сметам дека тотални крајности од двете сепак се ретки, затоа што ако не беа светот ќе беше полн само со Чарлс Менсон-и и Флоренс Најтингејл-ки :)
 
човекот е индивидуа од тука нормално е кај повеќето од нас да преовлада егоизмот према алтруизам
 
Dude, wait, what??????

Ако само не ти доаѓа алтруистичкото, онда си само нормална злобна свиња, као 99% од твоето опкружување. После зашто верниците те нарекувале тебе атеистот неморален. Па сам се ставаш таму.

Егоизмот не мора да се коси со алтруизмот. Барем не секогаш. Можеш да го задоволуваш своето его на сосема природни и нормални начини и плус да бидеш добар човек (да тежнееш кон алтруизам). Е сеа, тоа што колку повеќе го храниш своето его, толку помалку држиш контакт со реалноста, тоа е веќе друг проблем.

Репликата беше до Итерна зошто тој посочи на крајот од неговиот пост дека ако си егоист, си и чудовиште и со тоа не се согласувам и му кажав зошто, ајде еве ја неговата цела реченица за да не парафразирам

Секој премин од алтруизам кон егоизам е резултат или на незадоволство(општество) или на разочараност од луѓето,само тоа може од алтруист да направи чудовиште!!

Јас не сум поклоник на социјалниот дарвинизам кој го злоупотребуваат креационистите како аргумент против лошите чичковци атеисти кога му предочуваат за теоријата на еволицијата што е сосема друга дисциплина и наука, пример како тебе во случајот за да констатираш дека ако реков дека алтруизмот е наметнат како религиозна норма, по дифолт е лоша работа.
Еве јас мислам дека алтрузмот не ни е потпишан во гените како карактерна одобина, но е една од малкуте работи кој сублимативно или пак непосредно ни е уфрлена во карактерот, и е добра.

Кога веќе зборуваме за тоа колку е тенка линијата ќе го дадам примерот на Тесла кој бил екстремно егоистичен тип, што дури на неговите роденденски прослави зборувал за Ајнштајн и се обидувал да го дискредитира, додека од друга страна тој е пак по Да Винчи човекој кој најмногу го задолжил човештвото.
 
Кратко појаснување на поимите:

Егоизам -> желба (потреба) да се задоволат сопствените потреби..
Алтруизам -> желба (потреба) да се задоволат туѓите потреби.

Во која група на луѓе спаѓате вие?
Дали ви е поубаво кога само вашето его е задоволено, или пак егото ви се полни кога правите некој друг среќен?

Во анкетата ги ставив и двете наведени опции, и уште една опција, односно отсуството на било каква потреба од горенаведените или индиферентност..

Еј одлична тема. Али си требала да пишеш во анкетата и - „ниту едно од горе наведените“..
Мислам дека тоа би изменило многу, со оглед на тоа дека појдовна точка на темата е „желбата“ или „посакувањето“
 
Репликата беше до Итерна зошто тој посочи на крајот од неговиот пост дека ако си егоист, си и чудовиште и со тоа не се согласувам и му кажав зошто, ајде еве ја неговата цела реченица за да не парафразирам

Мислев на Морално ниво чудовиште:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom