Геј бар близу вашето место на живеење

Како би реагирале доколу се отвори геј бар во близина на вашиот дом?

  • Би ми пречело

    Гласови: 249 56,5%
  • Сеедно

    Гласови: 113 25,6%
  • Немам ништо против

    Гласови: 79 17,9%

  • Вкупно гласачи
    441
Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо без Боки13 али мора да му симнеме капа нема што крал на геј заедницата.
 
Извини Лет, вие си го имавте...си ја имавте, појма неам
ветувам не ја рчкам, опасен терен :D
 
Јас мислам дека ова нема везе со интелектот.Можно е да си правиш подобар муабет со геј-мажи не поради интелектот туку поради што најверојатно исчезнува таа машко-женска сексуална тензија, а освен тоа генерализирање е и дури навредливо да кажеш дека геј-мажите(педерите) се по интелектуални од сите што се стрејт.
хахахаха ај те молам запали си ја колата, и врати се во '50.
 
хахахаха ај те молам запали си ја колата, и врати се во '50.
Што има везе ова со 50’ ако имаш некој факт истакни го ако не ми го троши времето со празни муабети.
П.С Пред фактите и боговите молчат
П.С1 Јас сум бог знам што зборувам
Поздрав и се најубаво :sneaky:
 
Ако стварно сакав да го срушам кредибилитетот(?) на Боки ќе барав jewtube клип уште пред да го има неговото шоу на А1 каде го изјавува тоа што јас го пишав. Ама искрено, couldn't care less. Aма "toј" период во годината е, кога се актуелни темиве. Јас немам проблем со геј бар. Бизнис wise. Ама чичо Лет има поента овде, јавно декларирани се маwку. :( Therefore неможеме да ги легализираме, ниту да им ги дадеме дополнителните закони што ги бараат а го дискриминираат обичниот граѓанин, а кога веќе неможеме да ги инфилтрираме во нормалната заедница, неможат да имаат нормално место каде ќе ја хранат душата уз алкохол.
Прво, нема логика дека закони се носат само ако мнозинството граѓани се засегнати, и тоа позитивно. Закон може да се донесе, а да засега само еден човек. Може и ниеден - во моментот на донесување - законите се за да се воспостават праведни односи во општеството, а не да носат некаков ќар на мнозинството (барем не примарно).

Второ, како тоа би биле “обичните“ граѓани дискриминирани?

И, да, Лет, сигурен сум дека Битола е Сан Франциско на Балканот. Не знаев, што да правам, сум бил само неколку пати, и тоа на кратко.
 
Прво, нема логика дека закони се носат само ако мнозинството граѓани се засегнати, и тоа позитивно. Закон може да се донесе, а да засега само еден човек. Може и ниеден - во моментот на донесување - законите се за да се воспостават праведни односи во општеството, а не да носат некаков ќар на мнозинството (барем не примарно).

Второ, како тоа би биле “обичните“ граѓани дискриминирани?

Меѓународното право дозволува ограничување на човековите права во интерес на одбраната на правата на другите.
Второто, не е "дискриминирани" зборчето што го барам, но изборот е тој. И јас, и тој може да се жени и посвојува. Сексуалната ориентација претендирате да ја форсирате како личен, индивидуален избор. Океј, но зошто додатни закони повеќе од обичниот граѓанин? Нека си ги кафенеат колбасите во спална, воопшто не сум против од тој.. агол (океј погрешен избор на зборови) но ако сакаш да живееш во општеството и сакаш тоа да ти дозволи да посвоиш, има норми и закони по кои треба да се водиш, по тие закони треба да се адаптираат они, а не нови закони да адаптираме според нив. Затоа се закони. Уосталом, ќе имаме анархија. Секој ќе си бара свои закони. Прво на ум ми паѓаат педофилите.
 
a shto ako reshat da se razvedat ., koj ke im bide posle kriv ., ...pak tie shto se protiv pederite., im napraile nekoja magija., da se razdelat:place::coffee:
 
Меѓународното право дозволува ограничување на човековите права во интерес на одбраната на правата на другите.
Второто, не е "дискриминирани" зборчето што го барам, но изборот е тој. И јас, и тој може да се жени и посвојува. Сексуалната ориентација претендирате да ја форсирате како личен, индивидуален избор. Океј, но зошто додатни закони повеќе од обичниот граѓанин? Нека си ги кафенеат колбасите во спална, воопшто не сум против од тој.. агол (океј погрешен избор на зборови) но ако сакаш да живееш во општеството и сакаш тоа да ти дозволи да посвоиш, има норми и закони по кои треба да се водиш, по тие закони треба да се адаптираат они, а не нови закони да адаптираме според нив. Затоа се закони. Уосталом, ќе имаме анархија. Секој ќе си бара свои закони. Прво на ум ми паѓаат педофилите.

За жал, иако е неразумно, ексклузивни права на малцински групи по разни основи се доделуваат од страна на државите насекаде. На пример педофилијата си има легални организации кои се борат за правата на децољупците во многу земји.
А неколку држави де факто ја легализириаа, дури има и де јуре случаи.
Во состојба на анархија, life span на рандом педофил би бил краток...многу краток...
 
Правото се адаптира на промените и молдирањето на општеството за да можат истите да донесат прогрес или либерализација.Кога можеме да зборуваме за хуманизам во санкционирање на кривични дела, како менување на дефиниција во Законот за семејство е толку голем проблем, дури и е контроверзно?
Патем, во право си за тоа дека може и тој да се ожени, ама сака да се омажи, затоа не сте рамноправни пред законот, затоа што ти можеш да ги задоволиш своите потреби и желби за фамилија, ама тој не може, затоа што не сака да биде со некој од спротивниот пол, нормално тоа е императив за бракот да ти биде легален и како сте пак еднакви навистина не ми е јасно.
 
За жал, иако е неразумно, ексклузивни права на малцински групи по разни основи се доделуваат од страна на државите насекаде. На пример педофилијата си има легални организации кои се борат за правата на децољупците во многу земји.
А неколку држави де факто ја легализириаа, дури има и де јуре случаи.
Во состојба на анархија, life span на рандом педофил би бил краток...многу краток...
Што се уфрлаш и ти од никаде со вакви глупости, кој те знае. Јакиот аргумент, ако било дозволено хомосексуални бракови, ќе била дозволена и педофилија. По која логика едното го условува другото? Дали законите ги носиме по Библијата?

Има закони кои ги штитат децата од педофилите. Кого штити државата со забрана на хомосексуални бракови - хомосексуалци од хомосексуалци? Потпрашање: дали државата (или било кој) има од хомосексуалец направено хетеросексуалец?
 
Зошто ти е апсурдно? Само затоа што сакаш да донесеш поента? По која логика.. па види вака, пред 50 години хомосексуалноста беше болест и беа третирани како такви. Зошто, хипотетичка ситуација, аналогна логика, по 50 години од сега, поради вашето "молдирање" на општеството и адаптирање на законите кон најконтроверзните табуа само колку да се кажеме дека правиме прогрес нема да им дозволиме исти права и на педофилите? Или нема, само затоа што тебе ти е апсурдно.

Има закони кои ги штитат децата од педофилите. Кого штити државата со забрана на хомосексуални бракови - хомосексуалци од хомосексуалци? Потпрашање: дали државата (или било кој) има од хомосексуалец направено хетеросексуалец?

Тесно поврзано е. Кој ги штити децата пак од хомосексуалниот брак? Сигурно, јас, ти и секој овде сака да биде израснат од нормална фамилија не некоја девијантна појава. Сега се чукаш во гради дека има закони кои ги штитат децата од педофили, дали ќе има и тогаш? Како што моменталните закони сега ги штитат децата од педофилија, така забраната за брак на хомосексуалци е законот што ги штити денешните деца. As simple as that.
 
Децата ги штити законот според кој тие не смеат да воспостават брачни (хомосексуални или хетеро ) односи пред да станат полнолетни. Пред 14 ни во никакви сексуални, не па брачни.
ако што моменталните закони сега ги штитат децата од педофилија, така забраната за брак на хомосексуалци е законот што ги штити денешните деца.
бреј, ова нема смисла... а што правиме со хомосексуалците кои се полнолетни и сакаат да стапат во брак еден со друг - кој се штити овде?
 
Јас ама ич не сфаќам како успеавте темата од 'Геј бар близу вашето место на живеење' да ја однесете до тоа дали на педофилите треба да им се дадат права.Не знам искрено како можете да споредувате хомосексуалци со педофили.И како можете да зборувате за тоа што било пред 50 години,пред 50 многу работи се сметале за болештини,како и имање повеќе од еден сексуален партнер.Дали на вас тоа денес ви звучи на болест?
Геј бар е една многу мала,безначајна работа и не може во никој случај да се стави во ист кош со страсните љубители на мали деца.Плус,не претставува никаква опасност за вас,вашето дете или околината.Но вас ве нервира тоа што тогаш кога ќе постои ќе морате да бидете вистински и одговорен родител кој ќе мора без одложување да му ја претстави реалната слика за светот на своето дете.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom