Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
Мислам дека официалните треба да имаат такво плаво до името (или кај и да стоеше сум заборавила) и да им пишува верифајд

Хаххаха немаш појма како си ме изнасмеал :pos:

Го нема верификувано. Сигурно е тој :)
 
А и кајакарот Лазе Поповски беше на аеродромот, заедно со министерката ги пречекаа кошаркарите, кажаа на тв за него, ама не разбрав што улога имаше тој.

Лазе Поповски ако не се лажам е нов директор на АМС, го замени Диме Спасов.
 
Излези момче право на тераса... е дело на еден навивач на Тетекс, член на Војводи. Оваа песна се пеела првпат од навивачката група Војводи пред 20-тина години. Ова ретко некој да го знае... Иначе тој што ја измисли песната беше и во Литванија :) Остајте тоа што после неколку години сВрбиве ја ископирале.
Бев на аеродром и на плоштад. Ова е неверојатно дечки, ова не се опишува. Јас како верен гледач на спортов во Македонија и ретко се случило да пропуштам некој натпревар ова за мене е незнам... неможе да се опише со зборови, тоа може само во срцето да се почувствува. Кога се враќавме од аеродром со автобусите, додека цел автобус се тресеше од навивање и радост од надвор не поздравуваа сите, луѓе што никогаш не би ни помислил дека такво нешто би направиле... стари луѓе викаа на цел глас, деца се радуваа. Ова дефинитивно го обедини народот, не натера сите да се сакаме и почитуваме што е многу ретко во државава и нешто што не верував дека ќе се деси во оваа држава, нешто што во овие 20 години никој не го направил ! Колку се скромни само кошаркариве, ПРАВИ МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ. Секоја чест мајстори, може немаме некој познати звезди, може немаме познат тренер, баш напротив. АМА ЗАТОА ИМАМЕ ЛАВОВСКО СРЦЕ имаме нешто што го немаат другите. Затоа го направивме овој пласман, колку само МАКЕДОНИЈА е мала на карта, ама затоа МАКЕДОНИЈА е најголемо име во светот !
ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ !
 
Чувствувам дека ракометарите ќе „збеснат“ на терен, а и Ниш е многу блиску.
Па како што во кошарката го имаме Бо така во ракометот го имаме Кире кој според мене е во топ 3 во светот ако не и најдобар.Реално е да се очекува да направат нешто повеќе
 
Чувствувам дека ракометарите ќе „збеснат“ на терен, а и Ниш е многу блиску.

За тоа нема збор, не ни сакам да дискутирам. :icon_mrgr:
 
За ракометарите од една страна ова ќе им даде мотивација, но од друга може да им биде голем притисок... ова второво ме плаши.

Но има време за тоа... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom