Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
Епа тоа зборам ја, кога ќе дојде некој кој ќе има муда играч ко Ето бек да го игра, и тоа уз пут на Ето да не му смета, ќе правиме муабет.
Тоа што тогаш Мурињо го направи, сега треба да изгледа некако вака, Камби на клупа, Оби на негово место, Поли се враќа во комбинација, Занети на клупа во дел од натпреварите, Мота и Дејо такоџе на клупа уз неколку заушки ради прикажаното во подготвителните и во мечот од Супер Купот на Италија, Алварез да се форсира ко класичен centrocampista и заедно со Снајди да се главни носители на играта од нападот, Се преку нив да оди, и за нападот да се ротира зашто има доволно квалитет во тимот за тие позиции, се додека не се истакне некоја комбинација ко најдобра па на дел од играчите да им се редуцира уште малце минутажата.

Формации кои треба да ги користи моменталниов тим се 4312 и евентуално 4321 зашто тешко дека има таков човек на планетава освен Мурињо, кој одлично ќе го синхронизира 4231 системот за Интер.
Retko se naoga na denesnicava covek i trener ko murinjo,jas davam garant sega da se vrati murinjo na klupata odma ke gi stave zaneti,kambiaso,stankovic ako treba ke igra so deca ama tie nema da igrat na nekoi natprevari.Ama retko e taj so ke se osude na toa osven toj i mislam hidink i toj e covek so cvrst stav i neam popustanje a za drugi nzn,ali gasperini se pokaza mek i pocnaa da go gazat uste na pocetokot na sezonata:tapp:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Интересна работа читам, Наполи победи 3-1 со Милан а Мацари не бил задоволен од играта.
Гасперини пак е задоволен од играта со Рома.
Чисто за споредба.
Не е ништо за чудење. Многу е полесно да кажеш дека не си задоволен кога победуваш, отколку кога постојано губиш :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.614
Поени од реакции
115.112
Интересна работа читам, Наполи победи 3-1 со Милан а Мацари не бил задоволен од играта.
Гасперини пак е задоволен од играта со Рома.
Чисто за споредба.
Да ама тоа е тренер бе, и кога победува не е задоволен, зашто Милан имаше 62% посед на топка, и примети го Мацари што прави во текот на една утакмица, трча до најгорниот ред на трибините кога некој ќе утне шанса, кубе коси, прави салта, значи посветен е на тимот, се грижи за него, емотивен е и пред се увек се стреми кон подобро( може да се заклучи по неговата изјава), а не нашиов, земал стаил тоа раката преку уста и се мисли дали да излезе со 3-5-2 или со 3-7-0 на наредната утакмица. Ама битно тројца да бидат у одбрана.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
Абре Гасперини само се зеза со сите нас од следната утакмица почнува неговиот поход кон победи и титули.Добро можеби не од наредниот меч ама од секој следен меч тој ќе го започне походот бидете стрпливи и толерантни:)
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Ситуацијава во Интер е многу поинаква од лани кога не водеше Бенитез. Лани играчите имаа недоразбирање со тренерот и атмосверата во тимот беше на нула. Друга исто така причина беше тоа што по долга сезона, дел од играчите играа и на светското првенство. Поради малиот одмор на дел од нив, си дојдоа и повредите.
Гасперини бар до сега колку што имаме сознаниа нема недоразбирање со играчите. Гасперини ја има подршката од навивачите и Морати.
На дуелот со Рома со тројца во одбрана се покажа добро и е прва утакмица да не примиме гол, но сепак поради тоа изгубивме во нападот поради големата претппазливост да не се прими гол.
Дали Гасперини неможе да ги мотивира доволно или сепак има нешто друго. Сепак што и да е ке покаже времето.
 
fixXx

IoSonoInterista
Член од
26 август 2010
Мислења
157
Поени од реакции
15

За ова сигурен си ? Единствена причина затоа што не изгубивме од Рома е тоа што го немаа Вучинич туку имаа еден Освалдо кој не вреди ни 7 од тие 17 милиони дадени за него ,Гасперини е просечен тренер не е за голема екипа ,незнае да постави формација.. .Со овој играчки кадар може да маневрира како сака по формациите може да проба било што ,но не зашто да проба кога он има 3-4-3 формација која ја играме со 2 спори стопери од кој што едниот од нив ни повлекува и ни креира игра :tapp: .
 
Јас само цитирам од весниците, дека дел од играчите имаат изјавемо дека Гасперини ја има подршката од нив, исто така и од Морати. Само ке видиме до кога и затоа на крај напишав. Сепак што и да е ке покаже времето.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Абе се чудам,си викам во недела или понеделник ќе прочитам на нашиот сајт fcinter.com.mk:Избркани на клоци и Гзперини и Јурич,ама нема ништо од тоа.Читам бил задоволен од прикажаното на натпреварот со Рома.
Кој деген е!
 
Читав дека му дале уште три утакмици да покаже дека е достоен за клупата на Интер. Со Новата, Болоња и ЦСКА Москва.
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.661
Поени од реакции
7.307

Искрено и јас се надевав дека денес ќе прочитам дека е избркан Гасперини,али ништо од тоа и утре очекувам тешка утакмица против Новара бидејќи доаѓа Интер,мотив ќе имаат 1000%, желба за победа ќе биде голема кај играчите на Новара.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Со Новара треба да добие шанса и Алварез. Снајдер може да игра малку подефанзивно. Само тој филм не го гледаме.. :)

-----------Цезар------------
Ранокиа--Лусио--Самуел
--------Камбијасо---------
Занети--Снајдер--Нагатомо
------------Алварез---------
---Форлан----------Зарате-----
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Можна е ваква изјава:
Секогаш кога тимот игра лошо, наједноставното нешто што можете да го направите е прстот да го насочите кон тренерот и да кажете дека тој е виновен за се. Гасперини сега се соочува со притисок, но вината не треба да се бара кај него, туку кај нас фудбалерите. Тој е тренер, но ние сме оние што треба да ги користиме шансите што ни се укажуваат, а не го правиме тоа. Мораме да се подобриме како тим, да излеземе од кризата и да почнеме една позитивна серија. Сепак, за тоа да се случи треба да реагираме ние како фудбалери, а не тренерот, кој сосема добро си ја работи својата работа“ - изјави Снајдер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom