derrain
артилерец
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 364
- Поени од реакции
- 205
Искрено не сум изгледал цел натпревар на Арсенал последниве неколку месеци (лоши стримови и немање време) и неможам да ја коментирам играта.
Ама мислам дека на сите требаше уште од старт да ни биде јасно дека со сите оди ми дојди ми во тимот ќе ја снема таа течна пас игра.
Добивме 6 засилувања кои значително се разликуваат од профилот на играчи што досега Венгер ги купуваше и нормално е да имаме побавна игра.
Јас ќе одам дури дотаму и ќе кажам дека сакам уште малку да го промениме концептот, јас би сакал да се вметне Шамак, кога тогаш ќе си ја врати формата(а ќе му се врати и Вилшир од повреда, пола голови лани му ги намести), а пошто имаме побавен напад дечкото пак ќе може да забива со глава, патем никој не очекува од нас да играме со нафрлени топки. Па средна висина до скоро ни беше 1,67. На корнери со Пер-о ќе прават „партал“.
Не знам што сакате кога пола стартна постава ни е нова, тие никогаш не играле заедно а ниту пак лично се познаваат.
Сите го критикуваат Кошеилни, па откако е дојден нема изиграно повеќе од два натпревари со ист дефанзивен партнер, прво Вермален, се повреди, после Џуру, се повреди, после Скилачи, се врати Џуру, на крај се врати Вермален, сега Верма пак повреден, еден со Џуру, па дојде Мертерсакер. Од сите дефанзивци само Сања и Кошеилни ни се најконстантни, Кош постојано мора да менува страни, тактики, темпо, постојано мора да ја приспособува својата игра кон својите партнери, кои премногу често се менуваат. Првичната идеа беше тој да седи на клупа и да биде замена, но откако е дојден се уби од играње.
Сега со сите овие глупости ќе треба малку време да проработи хемијата, да видиме кој со кого може и како може, да се донесе некој физиотерапевт добар и кондициски тренер под итно и здравје Јуни 2012 Марвин или Готце или пак можеби некој друг или „венгерски“ никој ако се покаже Вилшир.
Не дека се откажувам ама сезонава ја посравме уште пред да почне, 6 ги фрливме па сега за седмата ли ќе жалиме, битно стадионот (на кој тешко дека некој од нас ќе има шанса да го следи Арсенал во живо) го отплаќаме, титулите сами ќе дојдат
Ајт „артилериски“ поздрав и да го избушиме Блекбурн викендов.