Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
што се буните ако поскапува кога не поскапува само кај нас туку во цел свет, пак во Македонија е од најефтините!
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
што се буните ако поскапува кога не поскапува само кај нас туку во цел свет, пак во Македонија е од најефтините!
Поефтино би ни било да го увезуваме од Словенија. :confused:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Светската Инфлација се намалува, има корекција на надолу на цените на стоките. Иако доларот почна да расте а со и цените на прозиводите врзани за долари пред се нафтата. Така да во САД ќе има забавување на инфлација ако не и дефлација. Додека во Еврозоната тука влегува и Македонија бидејќи денарот е врзан за еврото има два спротивни преднови пад на цените на стоките кој не се врзани за долар и раст на стоките кој се врзани за долар тоа значи горе доле исто ќе продолжи може мало немалување на инфлацијата ама не значително.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
И шо има веза сеа овоа горе наведеното....ти изгледа немаш појма ни што е акциза,ни што е ДДВ???

И шо демек ако у 2008 барелот бил 140$,а кај нас горивото било поевтино од сега,и демек баш нас тука единствено у светов владата решила да не краде.....јоооој....австралопитекуси....читајте ги цените у ЕВРОПААААА брее....секаде е горивото е поскапо од нашето.

1.Пишано ти е погоре.

2.Во ЕУ пензионерите палат автобусите(преку агенција),и го шетаат цел свет,и пензијата им стига на картица,и така со месеци се некаде на пат....така да они кога ќе дојдат у пензија,тек тогаш им почнува животот....секакви бенефиции имаат тогаш...

А у САД нормално дека нема ништо бесплатно бидејќи државата троши по 800 милијарди(да да милијарди) долари од буџетот,за одбрана(војни,и други глупости)...и затоа сега се пред банкрот....а камо ли да им дадат нешто бесплатно.....и по 10години да отидеш тој старец ќе има 81година,и сигурно уште ќе работи таму(ако се осеќа подобро у меѓувреме можда ќе се регрутира за у Ирак или Авганистан)!

3.ај не го дрви со глупости на темава...тоа на друго место ќе си го пишеш,сеа си оффтопик.
Sekade vo evropa i platata e najmalku za 4 pati pogolema od Makedonskata, se razbira ako te piknale od stabot vo administracija i topkas po 350 evra sekoj mesec za da jades burek po forumi. Realnata prosecna plata vo makedonija e 9000 denari pa duri i za taa nemozat da se dogovorat da bide najniska. Jas poznavam lugje sto rabotaat po konfekcii i za 4000 denari, vero 7000 denari, tineks 8000 itn.
Plus mène ne me interesira kako ostanatite drzavi si ja kreiraat cenata, koga ce imame isti plati togas bujrum ce razgovarame za merenje civ e najdolg!

Koi penzioner vo eu, daj link - dokaz, vo germanija sega im go zgolemija rabotniot vek za uste dve godini pred penzioniranje, do 70 godini tamu se raboti! Zbori so nekoj sto raboti vo germanija i ce ti kaze dali penzionerite uzivaat ili seuste rabotaat za da si obezbedat pristoen zivot. Jas vo komsii imam germanski penzioner sto zema 600 evra penzija, pa dosol vo mk bidejci tamu moral da raboti i posle penzioniranje. Dali penzionerite na italija, portugalija, irska i slicni drzavi odat besplatno so avtobus do kina ili pa moze tamu se pred nas i im placaat avionski bileti, a?

I vo SAD e ista praksa, retko koj penzioner ne raboti posle penzija(osven od posilnite firmi gm, ford, krajsler i slicni)

Odnesuvaj se pristojno bidejci sepak ova e javen forum ne si doma!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Не се бунете многу.
Цената на бензинот е одлична со оглед дека никој ништо не создава во оваа земја.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Глеам тие што се бунеа и не веруваа дека во Европа секаде е поскапo горивото...и од кога се виде црно на бело дека Македонија има нејевтино гориво......сега тумачат па и дека таму бил повисок стандардот.......абе не стварно се чудам со што сте праени. :смајлиштосепукауглава:

Значи по вашава логика....ако златото на берзите е 2000ден(на пр.) грам...тогаш во Македонија да го шиткаат по 500ден за грам....оти нели по вашава логика во Македонија бил низок стандардот. :повторносмајлиштосепукауглава:

Не бре џабе кој може вас да ви објасни ,а да не залепите етикета дека "работи за владата".:sick:
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Глеам тие што се бунеа и не веруваа дека во Европа секаде е поскапo горивото...и од кога се виде црно на бело дека Македонија има нејевтино гориво......сега тумачат па и дека таму бил повисок стандардот.......абе не стварно се чудам со што сте праени. :смајлиштосепукауглава:

Значи по вашава логика....ако златото на берзите е 2000ден(на пр.) грам...тогаш во Македонија да го шиткаат по 500ден за грам....оти нели по вашава логика во Македонија бил низок стандардот. :повторносмајлиштосепукауглава:

Не бре џабе кој може вас да ви објасни ,а да не залепите етикета дека "работи за владата".:sick:
Наместо да се правиш паметњакович со твојте постови на темата види поназад, прочитај ја убаво, детално е објаснето формирањето на цените кај нас, што како оди целата процедура, кој и како е инволвиран во целата работа.

Ако е берзанска стока нека го либерализираат увозот, нека го укинат монополот на окта (знаеме кој ја продаде окта, со каков договор до 2019год), па да можи кој сака да увезува нафта од надвор и да си формира своја цена. Информирај се детално за проблематиката па после реплицирај, не ми требаат празни споредби со еу или африка....
 
П

Пепси_

Гостин
Глеам тие што се бунеа и не веруваа дека во Европа секаде е поскапo горивото...и од кога се виде црно на бело дека Македонија има нејевтино гориво......сега тумачат па и дека таму бил повисок стандардот.......абе не стварно се чудам со што сте праени. :смајлиштосепукауглава:

Значи по вашава логика....ако златото на берзите е 2000ден(на пр.) грам...тогаш во Македонија да го шиткаат по 500ден за грам....оти нели по вашава логика во Македонија бил низок стандардот. :повторносмајлиштосепукауглава:

Не бре џабе кој може вас да ви објасни ,а да не залепите етикета дека "работи за владата".:sick:
Ти или не си ги знајш парите колку ги имаш или немаш кола или пак,или пак у краен случај немаш мозок.(ама без навреда) Значи и по 4 евра да го направат кај нас ти ќе викаш океј е браво.!
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Добро а како тогаш во Хрватска и Албанија нафтата е поскапа од нашата,а воедно тие имаат и нафтени полиња????
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Реално ли поскапија горивата?

Цената на европската нафта „брент“ на Берзата во Лондон деновиве се движи меѓу 111 и 112 долари за барел
Соња Маџовска


Цените на горивата се разгореа, но транспортерите прашуваат дали има повеќе политика или реална основа во последното зголемување, особено кога цената на нафтата на светските берзи паѓа?

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека во изминатите две недели на Лондонската берза цената на европската нафта „брент“ се движела од 113 до 118 долари за барел, што било основа за последното зголемување на цените на нафтените деривати. А, тоа воопшто не е мало. Бензините поскапеа за три денари, а дизелот за два, односно два и пол денари. Еуросуперот бс-98 достигна продажна цена од 81,5 денари за литар, и повторно се приближува до рекордот од април кога чинеше 82 денари за литар, но тогаш на светските берзи нафтата чинеше 130 долари за барел. Цената на европската нафта „брент“ на берзата во Лондон деновиве се движи меѓу 111 и 112 долари за барел.

Граѓаните најмногу ги збунува овој факт. И кога на светските берзи нафтата беше над 130 долари за барел, кај нас бензинот се продаваше по 82 денари за литар. И сега кога европската нафта „брент“ е околу 110 долари за барел, пак бензинот е околу 82 денари за литар.

Од РКЕ велат дека и растот на доларот има влијание врз последното поскапување на горивата, иако тоа не е големо. „Очекувавме дека ќе има реакции за зголемувањето на цените на горивата, но тоа е реалноста. Такви се цените и во Србија и во Хрватска. Македонија единствено има повисока цена од Босна и Херцеговина, но таа од друга страна држи ниски цени на горивата, поради нивниот слаб квалитет. Инаку, давачките кај нас се најниски, особено кај дизелот, но кај нас е висока рафинериската цена“, објаснуваат од Регулаторната комисија. Цените на бензините во земјава се слични со оние во Хрватска, Словенија и во Србија, поевтина од нас освен БиХ е и Бугарија, но податоците за таму се од минатата недела.

Транспортерите се најпогодени од растот на цените на горивата, и велат дека не гледаат реална основа за тоа, особено кај последново поскапување. „Во последното покачување на цените на бензините повеќе има политика отколку што е реално зголемувањето. Ние побаравме од Владата да ја продолжи мерката со намалените акцизи, ама засега нема најава за такво нешто. Очигледно е дека се потребни повеќе пари во буџетот, за субвенции за лозарите и за други буџетски трошоци. Владата од една страна ја намали цената на зелениот картон, и тоа е добро. Имаше намалување и кај некои царински давачки, но поради постојаното зголемување на цената на горивата пак доаѓаме на исто. Чудно е што овојпат РКЕ се повика на некоја просечна цена, а досега не ваделе таков просек“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“. Таа додава дека и покрај поскапувањето на бензините тие нема да ги зголемат транспортните цени, што и досега не го правеле кога варирала цената, но од друга страна трговците ги качувале цените со изговор дека транспортните трошоци растат.

Експертите, пак, велат дека европската криза и растот на доларот и во наредниот период ќе ја разгоруваат цената на нафтата, што повторно ќе ги поскапи производите на нашите капацитети. „Иако во светот паѓа цената на нафтата, поради раст на цената на доларот кај нас ќе расте цената на бензините. Се претпоставува и дека во наредните месеци ќе расте доларот. Тоа ќе направи турбуленции кај нашите капацитети поврзани со нафтата, што може да се одрази на извозот“, вели професорот Мирољуб Шукаров.

Прогнозите на берзанските играчи се дека цената на нафтата до крајот на годинава ќе се движи меѓу 90 и 100 долари за барел, а растот на доларот ќе зависи од европската криза. „Се' додека се продлабочува кризата во Европа ќе расте цената на доларот, а тоа ќе влијае врз цената на нафтата. Инаку, долгорочно, според светските аналитичари, не се очекува драматичен раст на цената на нафтата“, вели Горан Марковски од КБ Публикум.

Владата веќе отворено соопшти дека нема намера да интервенира со повторно активирање на мерката за намалување на акцизите. Оваа мерка беше донесена пред изборите и важеше од април до август, но поради неа буџетот остана покус за 10 милиони евра. Само што престана да важи мерката на почетокот на август, цените на горивата веднаш се разгореа.

Инаку, во структурата на малопродажните цени на нафтените деривати се вградени повеќе давачки, кои за речиси 100 отсто ја зголемуваат крајната продажна цена. Во цената се вклучени транспортните трошоци од ОКТА до пумпните станици, кои за секој литар дериват изнесуваат 0,50 денари, потоа малопродажната или трговската маржа која изнесува 3,2 денари за литар бензин, а за мазутот 0,4 денари, и на крајот се фискалните давачки за акцизата и за ДДВ. (С.М.)
Цените на горивата во регионот и ЕУ

бензин дизел

Македонија 1,3 евра 1,10 евра
Бугарија 1,25 евра 1,23 евра
Словенија 1,3 евра 1,24 евра
Хрватска 1,32 евра 1,21 евра
Грција 1,70 евра 1,44 евра
Просек ЕУ 1,47 евра 1,34 евра
Утрински
Читај и мисли слободно....
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Знае некој во кои се држави во светот се плаќа придонес за пресметковна моќност за искористена електрична енергија?
Прашувам за индивидуални домаќинства.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Знае некој во кои се држави во светот се плаќа придонес за пресметковна моќност за искористена електрична енергија?
Прашувам за индивидуални домаќинства.
Колку што сум информиран тоа остана уште само кај нас. Единствено во цел свет. Ај додека беше социјализам и така и така ама денска, 21 век, приватни газди!?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Колку што сум информиран тоа остана уште само кај нас. Единствено во цел свет. Ај додека беше социјализам и така и така ама денска, 21 век, приватни газди!?
Може мало објаснување, од секогаш сум се чудел која е таа пресметковна или ангажирана моќност, која ја пишува на сметките.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Може мало објаснување, од секогаш сум се чудел која е таа пресметковна или ангажирана моќност, која ја пишува на сметките.
Тоа ти е еден вид гаранција, треба да платиш 33% за да ти гарантираат дека ќе ти ја испорачаат струјата која си ја плаќаш. Понелогично здравје.

20. Што се подразбира под ангажирана моќност, зошто се плаќа и дали пресметаната цена во сметката мора да ја плаќам?

Aнгажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија е целосно во согласност со Законот, со Одлуката за цената за електрична енергија и во согласност со Тарифниот систем на Република Македонија.

Преку плаќањето на ангажираната моќност, потрошувачите плаќаат гаранција за расположив капацитет кој може да го користат во кое било време во согласност со капацитетот што им е одобрен. Тарифите во сметките за електрична енергија, вклучувајќи ја и ангажираната моќност, ги одредува Регулаторната комисија за енергетика со цел постигнување ефикасно користење на електричната енергија. Крајната цена на електричната енергија се состои од неколку компоненти, и тоа дневна, ноќна, активна, реактивна енергија и ангажирана моќност. Во согласност со постоечките прописи во Република Македонија, кај поголемите индустриски потрошувачи ангажираната моќност дополнително се мери и пресметува, додека кај домаќинствата таа е фиксирана на 33,33% од преземената електрична енергија. За пресметување 33,33% ангажирана моќност постапувал и Уставниот суд кој утврдил дека одредбата од Тарифниот систем на РМ е законска.
ЕВН
 

Kajgana Shop

На врв Bottom