UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.353
Поени од реакции
14.750
шампиони на Серија А алоооо........вратете го насловот и жалете се шо сакате прајте после :tapp:
Не те разбирам, која ти е целта на муабетот? За Сериа А сме одлични и освоивме, за Барса не сме толку добри уште. Што има тука лошо да се признае.

И од кога бе машко, дома донесен бод од конкурент за прво место во група е лош резултат. Па и во најдобрите денови на Милан, со ваков бод сум бил задоволен.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Милан од 2007ма(кога освоија ЛШ) нема поминато 1/8мина финале. Не знам дали ќе ја подобрат играта, ама тешко да поминат и оваа сезона ако играат како вечерва.
А ти текнува како играа Интер 2009/2010 уште во групите? Или repressed memories имаш од таа ЛШ сезона?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Од тоа што го прочитав од некои не ми е јасно нешто... Како сега не ни е оправдано да се радуваме на нерешен резултат?

Кога Барса, т.е. навивачите на Барса во нивниот фан клуб дискутираа од типот "прашање е само со колку гола ќе победиме" и еден посран 10 коефициент беше во кладилниците (10 еј... против Милан) и кога сите не отпишаа и прогнозираа резултат од 3 гола разлика минимум... епа драги мои, тоа е фудбалот... Кога ќе потцените екипа било тоа да е Албинолефе или Милан, после скријте се негде и не доаѓајте да кажувате како е срамота што ние се радуваме на бод.

Имам милион причини да се радувам.
Една од нив е тоа што еден возрасен човек како Филе, кој мисли дека е духовен лидер на навивачите на Барселона во Македонија, пишува статуси на сред утакмица како Тиаго Силва и Абијати оделе да си купат цигари... епа сега истиот тој Тиаго Силва го искака во 90+, за после да напише дека во фудбалот не секогаш победува подобриот. Да беше дете од десет години, ќе го сфатев...
И тоа е тоа. Не се правдајте сега дека го очекувавте резултатот овде... гледам има и такви.

Додека во Барселона играат играчи како Дани Алвес, Бускец и ред други грозни фаци... и додека има препотентни навивачи кои вчера почнаа да гледаат фудбал, тогаш на секој гол и на секој бод против Барселона јас ќе се радувам како да сме освоиле ЛШ.

Не сакам да обрнам внимание вечерва на арбитражата, суден офсајд, неколку фаули... јасно е за тоа колку се наклонети судиите.

А постарите навивачи на Барса ќе се сетат на подарокот од оној судија кој не сакам името да му го спомнам, пред 5 години. Шевченко даде, гол а досуди фаул.
Најсладок е дадениот гол во последна минута...
Се гледаме во последно коло, негде декември...
До тогаш....
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Милан никогаш не се потценува, посебно не во Европа! Ова е памет за сите "стручњаци" и фанови кои пратат фудбал од пред некоја година, другпат да не се однесуваат како Милан да е Сампдорија или Удинезе и нереално да им ги преставуваат можностите( ова посебно се однесува на новинарчиња по светот и кладилниците). И тоа не е зошто Милан има неверојатно квалитетен тим или дека имаат којзнае какви феномени на секоја позиција, туку зошто половина од нивниот тим освојувал и ЛШ и други титули кога денешниве ѕвезди уште ги хранела мама со лажичка. Такви играчи неможеш да ги фатиш на психа и да ги исплашиш, зошто они играле и играат вакви напнати дуели многу одамна. А тој аспект многу е битен во вакви големи натпревари.

Океј сеа за утакмицата. Барселона беше подобра и дури и доминираше во некои делови од натпреварот, ама згрешија што не засилија да дадат уште еден кога опаѓаше темпото. Реално Барса е подобара тим и реално е најдобриот тим моментално и само Реал може да им се доближи, така да ако ја би бил навивач на Милан би бил задоволен со резултатов.
Барса секогаш на почеток на сезона и требаат неколку утакмици да влезе во брзина, така е и сега. Освен ако недај боже за нив имаат проблеми со повреди, очекувам за некоја утакмица да си го фатат ритамот, посебно коа се работи за движењата на играчите и за одбраната.

Уште две работи:
Прво, Алегри е одличен тренер. Многу ми се свиѓаше како играше Милан во одбрана и кога беа на позиција и кога беа во транзиција (полуконтри на Барса). Исто и Пато е страшен играч. Да нема проблеми со повреди ќе експлодира.
Второ, Меси е гениј. Знам дека сите знаете и дека е досадно веќе да се кажува ова,ама тоа што го прави на ептен мал простор со неколку играчи на врат е скоро невозможно. И пркоси на физиката, посебно со мењањето на правец. Тоа
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.120
Поени од реакции
46.081
Барса и 10000 пасови можеа да имаат, имаа среќа што судиите во 15ta минута видоа непостоечки офсајд во ситуација кога Пато ќе имаше копи пејст шанса ко онаа од која го даде голот, 15 минути период кога Барса немаа сериозна прилика за гол и ете, правеа статистика во која Чави подал до Алвес повеќе отколку што меѓу себе си подавале овие од Милан ...

Што би било кога би било е глуп муабет, знам, ама таа одлука и те како ги оштети Милан бидејќи ќе им овозможеше уште една шанса подобра од пенал, првата ја искористија, втората им ја скратија, а тој период кога Барса правеше статистика со пасови Милан дадоа гол и имаа уште една 100% прилика за гол која како што реков, им беше скратена.

Не е се до бројот на пасови, deal with it.

Аналогно на ова, Милан заслужија реми во најмала рака, без разлика што после таа фамозна 15та минута, или порано беше сеедно, играа лошо ( а Барса доминираа ), односно, само одбрана се до 90та минута кога дадоа гол од мртва игра.
 
В

Вори

Гостин
Од тоа што го прочитав од некои не ми е јасно нешто... Како сега не ни е оправдано да се радуваме на нерешен резултат?

Кога Барса, т.е. навивачите на Барса во нивниот фан клуб дискутираа од типот "прашање е само со колку гола ќе победиме" и еден посран 10 коефициент беше во кладилниците (10 еј... против Милан) и кога сите не отпишаа и прогнозираа резултат од 3 гола разлика минимум... епа драги мои, тоа е фудбалот... Кога ќе потцените екипа било тоа да е Албинолефе или Милан, после скријте се негде и не доаѓајте да кажувате како е срамота што ние се радуваме на бод.

Имам милион причини да се радувам.
Една од нив е тоа што еден возрасен човек како Филе, кој мисли дека е духовен лидер на навивачите на Барселона во Македонија, пишува статуси на сред утакмица како Тиаго Силва и Абијати оделе да си купат цигари... епа сега истиот тој Тиаго Силва го искака во 90+, за после да напише дека во фудбалот не секогаш победува подобриот. Да беше дете од десет години, ќе го сфатев...
И тоа е тоа. Не се правдајте сега дека го очекувавте резултатот овде... гледам има и такви.

Додека во Барселона играат играчи како Дани Алвес, Бускец и ред други грозни фаци... и додека има препотентни навивачи кои вчера почнаа да гледаат фудбал, тогаш на секој гол и на секој бод против Барселона јас ќе се радувам како да сме освоиле ЛШ.

Не сакам да обрнам внимание вечерва на арбитражата, суден офсајд, неколку фаули... јасно е за тоа колку се наклонети судиите.

А постарите навивачи на Барса ќе се сетат на подарокот од оној судија кој не сакам името да му го спомнам, пред 5 години. Шевченко даде, гол а досуди фаул.
Најсладок е дадениот гол во последна минута...
Се гледаме во последно коло, негде декември...
До тогаш....
Со мислењево на Џимеј ја завршувам дискусијата со фановите на Барселона во темава вечерва.
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Не се правдајте сега дека го очекувавте резултатот овде... гледам има и такви.
Има такви бидејќи само еден дел од фановите на Барса овде на форумов го потценија Милан.

Ова е мој пост пред натпреварот така да нема смисла тоа дека сме го потцениле Милан.Не сме ние криви што кладилнициве ги дадоа тие коефициенти.

Ова потценување да не е,ова исто,па ова...
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Милан од 2007ма(кога освоија ЛШ) нема поминато 1/8мина финале. Не знам дали ќе ја подобрат играта, ама тешко да поминат и оваа сезона ако играат како вечерва.
Доволно е еден emotion да ти оставам за овој пост :place:.

А ако си толку убеден у оваа твоја констатација дека Милан нема да помине 1/8 финале ајде јас и ти да удриме кладба , зашто ептен се чуствувам комотен некако послем овој резултат и овој многу убав бод освоен на пистата.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.191
Поени од реакции
25.355
Фала богу и други да зборат за тоа како судиите биле наклонети на Барселона, али сите го зборат тоа откако ќе играат со нив. После сите викале Реал се желеле само на судии.. епа еве очигледно е дека не биле само Реал. Минатата сезона беа Арсенал, еве сега се и Милан. Тоа е тоа.. знам дека сега ќе бидам реплициран али гајле ми е.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
ВРАТЕТЕ ГО ПОСТОТ КАДЕ ЕДЕН ПИША ДА ИЗГОРЕ ЦЕЛ ГРАД МИЛАНО И ЦРВЕНИОТ И СИНИОТ ДЕЛ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Тоа беше ЕПИК . :D
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
ОК си е тоа. Но, треба да гледаме малку реално. Се радуваме кога нашите екипи ќе го победат Киево во Сериа А, а ваму правиш проблеми зашто Милан бил задоволен со нерешено со Барса, башка два гола им даде. Моментално Барса е посилна од Милан, па нема проблем да се задоволиме со ова, за сега. Ако продолжи вака со години тогаш е друг муабет. Некогаш си најдобар, некогаш не си. И Јувентус и Милан биле најдобри, а биле и на дното. Така да секоја емоција си има свое значење.

Ова не е огромен успех, но сосема доволен да се израдуваме малку. Од утре ова веќе се заборава, не значи ништо. Се работи за пет минути задоволство.
Барса моментално можеби е најдобрата екипа во светот но сепак и Милан е еден светски гигант и воопшто не ми е намерата да потценам еден од двата клуба затоа што се клубови кои многу ги ценам. Муабетот ми е дека ова е едно европско дерби и секој исход е можен и не треба да се гледа како изненадување. Еве една паралела ќе направам, последниве години Интер е подобра екипа од Јувентус а јас сепак не бев задоволен кога лани во Милано одигравме 0-0 затоа што сметав дека Јувентус на тој меч беше кадарен да победи ( не зборам навивачки, туку по прикажаната игра) затоа што јас Јуве го гледам како голема екипа способна да се носи со Интер без разлика на составот кој што го има и без разлика на тоа што Интер беше актуелен европски шампион.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.929
Поени од реакции
23.387
^ Боту а да пробаш да реплицираш, а не да бидеш и глуп и да тролаш !!

Иначе зашто никој не примети дека Барса почна да игра по излегувањето на Боатенг ?

Слабо изиграл Милан, бла бла бла, Барса доминирала, бла бла бла .....

2-2, а замислите да не играше Милан слабо што ќе се десеше !!

Aх офсајдот на Пато немоем да го преболим никако, као ни фаулот за голот !!

А Барса го даде првиот несакајќи другиот подарен фаул, ја мислим дека Филе и ко треба да се задоволни со бодот.

А на Сан Сиро само дај боже да се комплетни и нормален судија дај ни !!

И замалку ќе забраем, свите на колена и поклоните му се на Мајсторот !

Член од
3 август 2011
Мислења
523
Поени од реакции
105

stvarno dosadni ste bile, dosta ni be realovci pa sega i vie so toa da ne bese ofsajdot, da ne bea reflektorite, da bese mesi kor i villa nem,
a ako pocneme nie so toa, na messi mu ponistija cist goll zaradi ofsajd i nikomu nisto, cestitavme bod i toa e toa, oladite malce, mislite deka letate
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom