Во Иран обесени петмина шверцери на дрога

Зошто оваа вест да е топ тема по медиумите?

А што има прави „ДЕМОКРАТСКАТА“ САД на наркодилерите?
Да не ги остава случајно на слобода а?
 
Шо ги напраивте затвориве :pos: , има ли некој тука мала претстава шо е затвор уствари? Па тоа е полошо од смрт , во пекол да живееш = затвор ...во затворите работиш нешто ако не си во самица и за тоа зимаш кеш нормално , па си купуваш јадење ... тоа шо даваат по затворите не е како во филмовите , туку е она шо никој несака да го јаде ...а мора, тоа ни пари не вреди..

Условите конкретно во Мк затворите се :tapp: имам познаници чувари и лица што работат по затвориве кај нас , сум бил на обиколка ..сум видел , после една прошетка во идризово - ќе посакаш да си мртов,отколку да дремеш во тие бетонски ќелиии .....,за што уствари плаќаме .. за ништо ..:)

не знам искрено како е ... ама очигледно тоа не ги опаметува.. кога има волку криминал.. и секоја втора будала пука среде бел ден.. се ограбуваат банки како тоа да е најнормална работа.. нема никаква контрола.. а полицијата ха.. па полицијата уствари ја има само кога испаѓа народ да протестира за да удри по некој пендрак.
 
За полицијата ... па меѓу нив којзнае колку криминалци има , очекуваш помош од криминалци уствари , една серија грабежи на банки лани имаше - испадна дека ограбувачот е војник + син на некој генерал...
За сериските убиства во Кичево , го наместија новинарот кој се самоуби во кофа со вода :eek:?????
Бидејќи новинарот имаше инфо дека делата се на некој висок функционер од Мвр.

Сега смртната казна зашто не треба да има никаде?
Поради една причина , многу местења има , многу корупција кај судииве , адвокати .. сите по ред.

Многу невини луѓе се мртви поради смртната казна , но тоа се открива откако ќе ги спржат,обесат итн.

Криминалот неможе да го снема,секогаш е на ниво ..безразлика дали го има во медиумите или не , поради една причина - толку многу пари има од криминал со што се предвидува ако нема криминал ќе се распадне целиот банкарски систем... а огромен број банки егзистираат од тој трансфер на пари.
 
Доживотен затвор без право на помилување,тоа место смртна казна.Тоа е најголема казна што може некој да ја добие.Плус уште таква казна да служиш во ирански затвор кој е далеку од хотел со 5 ѕвездички.....е тоа е казна.
 
Смртната казна за поседување и продажба во Иран не е од вчера. Си постои одамна,од времето на Ајатолахот Хомеини.
А резултатите се сјајни.
Иран е на прво место во светот по број на наркомани по глава на жител.
11 милиони зависници од 70 милиони популација.

http://www.iranfocus.com/en/index.p...million-iranians-iran-vp&catid=3:special-wire
 
И Македонија треба да го следи примерот на Иран, да ги кастрира сите до еден наркодилери.

И нормално со тоа нема да има повеќе наркомани.
 
Смртната казна за поседување и продажба во Иран не е од вчера. Си постои одамна,од времето на Ајатолахот Хомеини.
А резултатите се сјајни.
Иран е на прво место во светот по број на наркомани по глава на жител.
11 милиони зависници од 70 милиони популација.

http://www.iranfocus.com/en/index.p...million-iranians-iran-vp&catid=3:special-wire
Зависи која дрога :P поседувањето марихуана до 15 грама е легално во Иран :icon_lol:

The punishment for possesion of marijuana is a fine of Iranian Rials 10000 (US $1.25)for every gram in your possesion and as long as you have less than 10-15 grams they will not even hassle you.
 
Секако.
Дури ни ајатоласите не се до толку ретардирани да убијат 1/7 од своите даночни обврзници,па мораат да олабават малку.
 
Доживотен затвор без право на помилување,тоа место смртна казна.Тоа е најголема казна што може некој да ја добие.Плус уште таква казна да служиш во ирански затвор кој е далеку од хотел со 5 ѕвездички.....е тоа е казна.

Тоа треба за педофилите,за силувачите и за тие кои свесно убиваат луѓе,мада и за тие кои мачат животни јас би ги пикнал доживотно во затвор!
 
НЕ. Смртната казна е најлошото и најнехуманото нешто во светов. Никој нема право да одзеде туѓ живот без разлика колкаво злосторство е направено. За се си има соодветен третман, за психопатите и сличните на нив само ментална установа и лудачка кошула а за оние кои учествуваат во вооружени грабежи, силуваат или убиваат минимум 20 години казна затвор. Прељубувањето не би го ставил во злосторство. Јас не ја оправдувам ниту еутаназијата кај животните а уште помалку кај луѓето...
Имаме разум но очигледно Иранските и Кинеските власти сеуште не нашле упатство за употреба
Што би било соодветно за Бревик кој уби 77 луѓе во Норвешка?Или што би било соодветно доколку некој постави бомба во облакодер и загинат над 5000 луѓе во истиот?Дали лудачка кошула или затвор би биле решението?
 
A па како така,како смее тоа?Слушнале ли тие за демократијата?Убијци,варвари,уааааа!!!Долу Ахмадинеџад!!1
Кој fail жити мене... викаш, долу Ахмадинеџад а имаш негов аватар... зашо да си забеган..? :tapp:
 
Што би било соодветно за Бревик кој уби 77 луѓе во Норвешка?Или што би било соодветно доколку некој постави бомба во облакодер и загинат над 5000 луѓе во истиот?Дали лудачка кошула или затвор би биле решението?
можеби измачување или нешто слично би биле решение... мислам дека не сме ние тие што треба да одлучуваме за прекинување на животот на некој друг
 
Што би било соодветно за Бревик кој уби 77 луѓе во Норвешка?Или што би било соодветно доколку некој постави бомба во облакодер и загинат над 5000 луѓе во истиот?Дали лудачка кошула или затвор би биле решението?
Гледам алудираш за што построго казнување и мисиш дека смртна казна е ултиматумот ......грешка.

Веќе кога е јасно дека е виновен и се тоа убаво си признава ..ок , мож да го скинат , али поубаво казнување е да му праат реденка у затвор и тортура од секаков вид .. ако веќе одиме по некој "соодветен" начин.. смртна казна е услуга праење за тоа што го чека у ќорка...
Ама дека е од висок профил на убиец , нема да има контакт со други затвореници ..ама пак ќе има тортура..

Што ти е тебе соодветно , брза смрт или тортура ..па да се самоубие он ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom