Во Иран обесени петмина шверцери на дрога

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Иран денеска, во затворот во градот Шахруд, изврши смртна казна со бесење врз петмина шверцери на дрога, пренесоа иранските медиуми.
hanging250_69878.jpg

Не е наведен идентитетот на обесените, забележуваат француските медиуми.
Со ова бројот на загинати во Иран од почетокот на годината до денеска се зголеми на 192.
Според иранските медиуми, минатата година се регистрирани 179 извршени смртни казни, меѓутоа, меѓународните организации за заштита на човековите права наведуваат дека оваа бројка е значително поголема со што Иран се наоѓа на второт место, по Кина, по бројот на погубени лица во 2010 година.
Техеран тврди дека смртната казна е неопходна за да се оддржи редот и законот и дека се извршува само тогаш кога тоа е неопходно.
Убиството, силувањето, вооружениот грабеж и неверството, исто така, спаѓаат во злостроствата што во Иран се казнуваат со смртна казна.

извор

Знам дека ваквите чинови на бесење и слично одземање на живот не се баш најубави за глетка но сепак ова мислам дека е единствениот начин да се запази редот и мирот во една држава. Некој ке рече секој човек има право да живее и никој неможе да му го одземе животот но размислете 2 пати пред да го кажете тоа бидејки тој на кого му е пресудена смртна казна направил исто така грозоморен чин. Болдираниот текст сосеам го оправдувам и мислам дека ова може не е најдобар но сепак е најуспешен начин за ред и мир како што кажав погоре. Што мислите дали треба и кај нас да се воведе ваков закон? - има една ваква тема за смртна казна но ова е веќе законски дозволено во иран.
 
Ќе се преселам во Иран мајке ми :icon_lol:

Само така строго треба за сите дилери, педофили, лихвари, и лопови-политичари и сите криминалци за да живееме во подобар свет ..
 
Све океј али неверство да се казнува со смртна казна ми нема логика...Тоа е повеќе неморално дело а не кривично..
 
НЕ. Смртната казна е најлошото и најнехуманото нешто во светов. Никој нема право да одзеде туѓ живот без разлика колкаво злосторство е направено. За се си има соодветен третман, за психопатите и сличните на нив само ментална установа и лудачка кошула а за оние кои учествуваат во вооружени грабежи, силуваат или убиваат минимум 20 години казна затвор. Прељубувањето не би го ставил во злосторство. Јас не ја оправдувам ниту еутаназијата кај животните а уште помалку кај луѓето...
Имаме разум но очигледно Иранските и Кинеските власти сеуште не нашле упатство за употреба
 
Така и треба... СМРТНА КАЗНА .. па да видиш дали на некој друг ќе му текне истото да го прави.. а не кај нас стана џунгла затоа што нема ни закон ни ништо.. див запад станавме ние оти сме многу демократски наастроени.
 
A па како така,како смее тоа?Слушнале ли тие за демократијата?Убијци,варвари,уааааа!!!Долу Ахмадинеџад!!1
 
:pos:Глуп начин за да се запре наркоманијата во Иран , знаете дека Иран процентуално има најмногу зависници :confused:

И секој ден повеќе има и ќе има... оти таму се е 100 пати поефтино.

Сеа казнава е најверојатно за голема пратка и е сигурно за транспорт на некои опијати , оти во Иран е легално на пример поседуваш марихуана за лична употреба ...колку поевропски од нас :pos:
 
Убиството, силувањето, вооружениот грабеж и неверството, исто така, спаѓаат во злостроствата што во Иран се казнуваат со
смртна казна

Со оглед на тоа дека кај нас со калаш во раце на кој како ќе му текне влегува во банка, пошта, менувачница, пука во дупка полна кафана.... не би било лошо да подразмислиме за слични мерки како во Иран....
 
Слично начин на размислување имаа и талибанците во Авганистан, ако те видат до поле со афион, пука калашниковот без никакво објаснување/судење и слични правни глупости. И нормално статистиката од тоа време кажува дека Авганистан снабдувал само 1% од светскиот пазар на хероин, за разлика од денес кога има Американска демократија и процентот е качен на 99% .
Па проценете сами дали е добра таа мерка.
 
НЕ. Смртната казна е најлошото и најнехуманото нешто во светов. Никој нема право да одзеде туѓ живот без разлика колкаво злосторство е направено. За се си има соодветен третман, за психопатите и сличните на нив само ментална установа и лудачка кошула а за оние кои учествуваат во вооружени грабежи, силуваат или убиваат минимум 20 години казна затвор. Прељубувањето не би го ставил во злосторство. Јас не ја оправдувам ниту еутаназијата кај животните а уште помалку кај луѓето...
Имаме разум но очигледно Иранските и Кинеските власти сеуште не нашле упатство за употреба
да најлошо и најнехумано е не реков дека не но најефикасно е! да земеме еден ваков пример.

ти викаш никој нема право да одземе туѓ човечки живот - и тој што убил некого немал право да го убие нели? зарем ова е рамноправно? кај нас казна затвор 20 години за убиство многу тешко д ти дадат. - плус и да те остудат кај нас имаш викенд т.е те пуштаат надвор од затвор па може и да избегаш може и пак да убиеш некој. вака за да не се повтори убиј го и него и крај на приказната. секој друг кој ке се осмели да направи вакво нешто ке се подразмисли и ке и рече „чекај бе оној уби ама и него го убија - мил ми е животот па ке си седам мирен“ токму од овој аспект го оправдувам законот. затворот кај нас и не е некоја најсигурна установа зашто кај нас се е корумпирано излажирано со врски се се прави па ништо чудно и амнестија да добие или помилување. истото важи и за јаките „мажишта“ кои силуваат 15 16 годишни девојчиња. мислиш дека заслужуваат и тие затвор? - на лице место нека му го исечат па да видиме кој друг „маж“ ке го направи тоа. работите не се секогаш како што изгледаат.

а за прељубата во право си - пакистан авганистан и другите ...станови имаат строг закон за тоа кај нас не би требало да важи.
 
Слично начин на размислување имаа и талибанците во Авганистан, ако те видат до поле со афион, пука калашниковот без никакво објаснување/судење и слични правни глупости. И нормално статистиката од тоа време кажува дека Авганистан снабдувал само 1% од светскиот пазар на хероин, за разлика од денес кога има Американска демократија и процентот е качен на 99% .
Па проценете сами дали е добра таа мерка.

Утна една голема работа , Иран не се замара со произведување и одгледување , проблемот им е во зависниците , ги има на секој чекор и премногу се .. според извештајот на ООН во Иран највеќе се лупаат у вена а не произведуваат ништо , па сеа види ... :)
 
да најлошо и најнехумано е не реков дека не но најефикасно е! да земеме еден ваков пример.

ти викаш никој нема право да одземе туѓ човечки живот - и тој што убил некого немал право да го убие нели? зарем ова е рамноправно? кај нас казна затвор 20 години за убиство многу тешко д ти дадат. - плус и да те остудат кај нас имаш викенд т.е те пуштаат надвор од затвор па може и да избегаш може и пак да убиеш некој. вака за да не се повтори убиј го и него и крај на приказната. секој друг кој ке се осмели да направи вакво нешто ке се подразмисли и ке и рече „чекај бе оној уби ама и него го убија - мил ми е животот па ке си седам мирен“ токму од овој аспект го оправдувам законот. затворот кај нас и не е некоја најсигурна установа зашто кај нас се е корумпирано излажирано со врски се се прави па ништо чудно и амнестија да добие или помилување. истото важи и за јаките „мажишта“ кои силуваат 15 16 годишни девојчиња. мислиш дека заслужуваат и тие затвор? - на лице место нека му го исечат па да видиме кој друг „маж“ ке го направи тоа. работите не се секогаш како што изгледаат.

а за прељубата во право си - пакистан авганистан и другите ...станови имаат строг закон за тоа кај нас не би требало да важи.
не сме ние тие што треба да судиме.. а и смртта и не е казна, тие треба да се измачуваат и да живеат со вината..од тоа поголема казна нема, со смртта само ќе им се скрати казната
 
не сме ние тие што треба да судиме.. а и смртта и не е казна, тие треба да се измачуваат и да живеат со вината..од тоа поголема казна нема, со смртта само ќе им се скрати казната
прочитај ми го постот.. кај нас им даваат 2 3 па и 4 години и тоа имаат викенди да искочат надвор. мислиш на бања некаде отишле па си се шеткаат кај сакаат. вака утепај го и си го решил проблемот
 
прочитај ми го постот.. кај нас им даваат 2 3 па и 4 години и тоа имаат викенди да искочат надвор. мислиш на бања некаде отишле па си се шеткаат кај сакаат. вака утепај го и си го решил проблемот
плус им даваме јадење пиење престој по ноа затворите... сето тоа од наши пари.. е браво бе.. им плаќаме за да живеат..
 
плус им даваме јадење пиење престој по ноа затворите... сето тоа од наши пари.. е браво бе.. им плаќаме за да живеат..
Шо ги напраивте затвориве :pos: , има ли некој тука мала претстава шо е затвор уствари? Па тоа е полошо од смрт , во пекол да живееш = затвор ...во затворите работиш нешто ако не си во самица и за тоа зимаш кеш нормално , па си купуваш јадење ... тоа шо даваат по затворите не е како во филмовите , туку е она шо никој несака да го јаде ...а мора, тоа ни пари не вреди..

Условите конкретно во Мк затворите се :tapp: имам познаници чувари и лица што работат по затвориве кај нас , сум бил на обиколка ..сум видел , после една прошетка во идризово - ќе посакаш да си мртов,отколку да дремеш во тие бетонски ќелиии .....,за што уствари плаќаме .. за ништо ..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom