1. Бог е Творецот. Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.
2. Ако еден вагон влече друг вагон, а тој пак е влечен од трет вагон, тој пак од четврти итн една цела низа на вагони се влечат еден позади друг. Дали од тоа следи дека на почетокот нема локомотива?
Космолошкиот аргумент е според мене најдобриот изговор кој христијаните го измислиле по онтолошкиот на Анселм. Кога овие две се најдоброто што христијанската логика може да понуди, сфаќам зошто се зголемува атеистичката популација.
Еве кои се проблемите со овој аргумент. Првиот и очигледен е бесконечниот регрес, ако за се е потребен креатор, тогаш кој го создал Господ итн итн... Теолозите го решија ова со додавање на зборот - вечност, со што го направија Јахве, онака арбитрарно и пристрасно, прапричината. Oва носи дополнителни проблеми зошто самиот аргумент прави неколку претпоставки за кои смета дека мора да се точни и врз нив го гради аргументот. Типичен пример за циркуларна логика, но за тоа понатака.
Најважно е што овој апдејтиран аргумент се потпира токму на идејата за бесконечен регрес и го инвоцира Јахве да го прекине. Со ова прави целосно неоправдана претпоставка дека Бог не е имун на регрес па дури и ако му се овозможи луксузот на произволно земање на прапричина која ќе го прекине бесконечниот регрес и потоа давајќи и име само затоа што е потребно за самиот аргумент, не постои апсолутно никаков доказ кој би не натерал да претпоставиле дека се работи за свесна и интелигентна прапричина со било кои од својствата што нормално се припишуваат на Бога: семоќност, сезнајност, бесконечна добрина, слушање на молитви, простување на гревови и читање на мисли. (Докинс)
Ова е секако како што кажав претходно, во случај космолошкиот аргумент да е точен. Што сакам да кажам, дури и да е точен, не знам од каде рипна до тој заклучок дека прапричината е јудео-христијанскиот бог Јахве.
Се издолжи постов повеќе од очекувано, па тука ќе застанам. Ако успееш да објасниш како дојде до заклучок дека The First Cause е Јахве ќе продолжам со дискусијата и ќе дообјаснам зошто самиот аргумент не држи вода. Поздрав!