Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи.. по математичката логика и анализа кога нешто се стреми кон бесконечност како решение на изразот добиваме нула...заклучок на сето ова е дека нема никакви креатори, творци, создаватели и слични такви ми ти нешта....

Мене ова не ми изгледа на математичка логика. Можеш ли да го поставиш изразот па заедно да го разгледаме решението?
 
Тебе многу работи не ти изгледаат логично ако не се во согласност со протестантската доктрина...:cool:
Така да џабе е губењето на времето во разгледување на некакви си изрази......
....некој овде фино си кажа ..кај не води тоа... кој е творецот, па кој е творецот на творецот, па кој е творец на творецот на творецот и така у недоглед....
... не води кон единствено можното решение...нема творец.
 
Чорбаџи бе.....! Со "потезот" шо стана? Кралот се мрдна и ти почна да менуваш теми. :)
Шо бидна со словото? Нели интелигентните информации МОРА да имаат интелегентен создател?
тик, так, тик, так, тик, так............ШАХ МАТ!;)
 
Тебе многу работи не ти изгледаат логично ако не се во согласност со протестантската доктрина...:cool:
Така да џабе е губењето на времето во разгледување на некакви си изрази......
....некој овде фино си кажа ..кај не води тоа... кој е творецот, па кој е творецот на творецот, па кој е творец на творецот на творецот и така у недоглед....
... не води кон единствено можното решение...нема творец.
Премногу глупаво ви е прашањето кој го создал создателот. Како може создател да биде создаен? Тој е создател, а се друго создадено. Бог е најинтелигентен и најголем. Па како може да постои поголем и поинтелигентен од него, кога нели тој е НАЈ?
 
Чорбаџи бе.....! Со "потезот" шо стана? Кралот се мрдна и ти почна да менуваш теми. :)

Ти не го мрдна кралот, туку надвор од таблата мрдна фигура од „н елути се човече“ :)

Цитатот што го постираш не е мој, туку тоа е цитат од Библијата. Тоа е само твој подл обид да го заобиколиш предизвикот и наместо долесно да се извиниш за клеветата ти ми цитираш стихови од Библијата кои се тотална апстракција за тебе.
--- надополнето: Sep 11, 2011 9:45 PM ---
Тебе многу работи не ти изгледаат логично ако не се во согласност со протестантската доктрина...:cool:
Така да џабе е губењето на времето во разгледување на некакви си изрази......
....некој овде фино си кажа ..кај не води тоа... кој е творецот, па кој е творецот на творецот, па кој е творец на творецот на творецот и така у недоглед....
... не води кон единствено можното решение...нема творец.

1. Бог е Творецот. Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.

2. Ако еден вагон влече друг вагон, а тој пак е влечен од трет вагон, тој пак од четврти итн една цела низа на вагони се влечат еден позади друг. Дали од тоа следи дека на почетокот нема локомотива? :)
 
Ти не го мрдна кралот, туку надвор од таблата мрдна фигура од „н елути се човече“ :)

Цитатот што го постираш не е мој, туку тоа е цитат од Библијата. Тоа е само твој подл обид да го заобиколиш предизвикот и наместо долесно да се извиниш за клеветата ти ми цитираш стихови од Библијата кои се тотална апстракција за тебе.
Јас твојот цитат го посочив, и ти таму многу јасно кажуваш дека интелегентни информации, мора да имаат интелегентен создател. А библијата вели дека бог е интелегентна информација - "слово" или на англиски "word".
Матиран си Чорбаџија :sneaky:
 
1. Бог е Творецот. Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.

2. Ако еден вагон влече друг вагон, а тој пак е влечен од трет вагон, тој пак од четврти итн една цела низа на вагони се влечат еден позади друг. Дали од тоа следи дека на почетокот нема локомотива? :)

(y)
 
1.Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.
Дај ми еден единствен аргумент зошто ова да неважи за самиот универзум?
 
Филозофски може да важи. Човековата имагинација нема граници. Но до таков заклучок не може да се дојде од досегашните научни набљудувања. Затоа и многу научници (дури и атеисти) се согласуваат дека Универзумот има почеток (Биг Банг и сл.)
 
2. Ако еден вагон влече друг вагон, а тој пак е влечен од трет вагон, тој пак од четврти итн една цела низа на вагони се влечат еден позади друг. Дали од тоа следи дека на почетокот нема локомотива? :)
Чоек ....се губиш....

Бог е Творецот. Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.

локомотивата не ги создала вагоните.....локомотивата не е вечна, таа е создадена.... таа е последица на нечие творење ради некоја потреба ... таа не е причина, потребата за транспорт е причината... таа не е самобитна, подложна е на поправки и ремонти... толку од твојата аналогија...
 
Филозофски може да важи. Човековата имагинација нема граници. Но до таков заклучок не може да се дојде од досегашните научни набљудувања. Затоа и многу научници (дури и атеисти) се согласуваат дека Универзумот има почеток (Биг Банг и сл.)
Универзумот нема почеток, биг бенгот е почеток на просторно - временскиот континиум, пред тој момент универзумот постоел во поинаква состојба позната како сингуларитет, од кој и почнал да се шири.
 
Што подразбираш ти под „просторно-временски континиум“?

И како настанале интелигентните информации по таа експлозија? Те прашувам бидејќи првично зборувавме за постанокот на интелигентните информации и покрај тоа што ти лукаво ја заврте темата на филозофско ниво и вечното постоење Универзумот во некоја поинаква форма, просторно-временски континиум, следни фрази очекувам да бидат квантум, паралелни универзуми, матрици дрн дрн јариња.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom