Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што подразбираш ти под „просторно-временски континиум“?

И како настанале интелигентните информации по таа експлозија? Те прашувам бидејќи првично зборувавме за постанокот на интелигентните информации и покрај тоа што ти лукаво ја заврте темата на филозофско ниво и вечното постоење Универзумот во некоја поинаква форма, просторно-временски континиум, следни фрази очекувам да бидат квантум, паралелни универзуми, матрици дрн дрн јариња.
Просторно временски континуум се времето и просторот и нивната испреплетеност. Пред биг бенгот универзумот постоел во состојба позната како сингуларитет, и со биг бенгот почнал нагла и рапидна експанзија. Што значи не настанал од ништо, туку почнал нагло да се шири, почнал да постои во сосотојба која има плус неколку димензии - просторот и времето.
Што се однесува до интелегентните информации, тие се последица на физичките закони на универзумот кој патем речено, како што кажав е несоздаден.
Ако за тебе ова се дрн, дрн јариња, оди и читај за тревопасните лавови и крокодили.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И како настанале интелигентните информации по таа експлозија?
Со усложнување. Механизмот се вика еволуција. Функционира за сите феномени во познатиот универзум.

Освен за фундаментални верници од било која религија.

Те чекаат прашања. Пак да не бараш точки и запирки, наместо да се занимаваш со суштина?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Функционира само во главите на Дарвинистите и во нивните уметнички сликички. Па дури и тие се оградуваат од абиогенезата која ниту филозофски не можат да ја објаснат, а камо ли со нивните филмски хипотези.
Иди пукни една петарда и почекај да се „усложни“ прашината да видиме што информации ќе добиеш :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Функционира само во главите на Дарвинистите и во нивните уметнички сликички. Па дури и тие се оградуваат од абиогенезата која ниту филозофски не можат да ја објаснат, а камо ли со нивните филмски хипотези.
Иди пукни една петарда и почекај да се „усложни“ прашината да видиме што информации ќе добиеш :)
Секако, приказната со семоќниот безгрешен дизајнер кој пред 6000 години прво прави светлина, па дури после три дена сонце и месечина, и за цели два дена прави растенија и животни, а пола ден цел универзум, па пред да се одмори му треба ребро за да направи една жена, која збори со змии кои се хранат со кал во друштво на лавови кои пасат трева... е многу поразумна и пореална.

За еволуцијата постојат докази во тебе, во мачето и јагодата, под земјата - во фосилите на животински и растителни видови изумрени пред милијарди години. Еволуцијата е во секој ебан антибиотик што си го испил и во технологијата на третманите кои те одржале во живот.

И ти сереш против еволуција. Срамота.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Тоа ..одмори... ме буни... :D
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тоа ..одмори... ме буни... :D
Епа дедо, нели, бела брада, ово оно.

Да нема забуни, it's in the book!

2 И на седмиот ден Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во седмиот ден од сите Свои дела, што ги направи.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Функционира само во главите на Дарвинистите и во нивните уметнички сликички. Па дури и тие се оградуваат од абиогенезата која ниту филозофски не можат да ја објаснат, а камо ли со нивните филмски хипотези.
Иди пукни една петарда и почекај да се „усложни“ прашината да видиме што информации ќе добиеш :)
Теоријата на еволуција не бара свое философско објаснување бидејќи веќе има научно објаснување.

Во прашината на барутот егзистираат милијарди микроорганизми со свои генетички информации.
 
Н

нихилист

Гостин
1. Бог е Творецот. Тој е вечен и не е создаден. Тој не е последица на ништо. Тој е прапричината. Тој е самобитен.

2. Ако еден вагон влече друг вагон, а тој пак е влечен од трет вагон, тој пак од четврти итн една цела низа на вагони се влечат еден позади друг. Дали од тоа следи дека на почетокот нема локомотива? :)
Космолошкиот аргумент е според мене најдобриот изговор кој христијаните го измислиле по онтолошкиот на Анселм. Кога овие две се најдоброто што христијанската логика може да понуди, сфаќам зошто се зголемува атеистичката популација.

Еве кои се проблемите со овој аргумент. Првиот и очигледен е бесконечниот регрес, ако за се е потребен креатор, тогаш кој го создал Господ итн итн... Теолозите го решија ова со додавање на зборот - вечност, со што го направија Јахве, онака арбитрарно и пристрасно, прапричината. Oва носи дополнителни проблеми зошто самиот аргумент прави неколку претпоставки за кои смета дека мора да се точни и врз нив го гради аргументот. Типичен пример за циркуларна логика, но за тоа понатака.

Најважно е што овој апдејтиран аргумент се потпира токму на идејата за бесконечен регрес и го инвоцира Јахве да го прекине. Со ова прави целосно неоправдана претпоставка дека Бог не е имун на регрес па дури и ако му се овозможи луксузот на произволно земање на прапричина која ќе го прекине бесконечниот регрес и потоа давајќи и име само затоа што е потребно за самиот аргумент, не постои апсолутно никаков доказ кој би не натерал да претпоставиле дека се работи за свесна и интелигентна прапричина со било кои од својствата што нормално се припишуваат на Бога: семоќност, сезнајност, бесконечна добрина, слушање на молитви, простување на гревови и читање на мисли. (Докинс)

Ова е секако како што кажав претходно, во случај космолошкиот аргумент да е точен. Што сакам да кажам, дури и да е точен, не знам од каде рипна до тој заклучок дека прапричината е јудео-христијанскиот бог Јахве.

Се издолжи постов повеќе од очекувано, па тука ќе застанам. Ако успееш да објасниш како дојде до заклучок дека The First Cause е Јахве ќе продолжам со дискусијата и ќе дообјаснам зошто самиот аргумент не држи вода. Поздрав!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали ако Марија била девица, Исус и ја одземал невиноста со раѓањето?
Не.
Мајката Божја (нека ми прости што и‘ се мешам во приватноста...), останува девојка па затоа во Црквата ја именуваме и како „...невеста неневестна...„ и “...присно дева Марија...„
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:27 AM ---
Мики дали тоа што кога гуглам верник почетник ги наоѓам само твоите постови треба да ми каже нешто за автентичноста на постоењето на такви "рангови" во црковноста?
Црквата се состои од:
-свештенство и свештено-монаштво, кои са чинат црковната ерархија
-верници/мирјани.

Како што кај свештениците и кај монасите постојат почетни скалила, така и кај мирјаните постои почетен период на упатување во верата, но без посебни „чинови„ и обележја.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не.
Мајката Божја (нека ми прости што и‘ се мешам во приватноста...), останува девојка па затоа во Црквата ја именуваме и како „...невеста неневестна...„ и “...присно дева Марија...„
А кој свети отец тоа со гинеколошки преглед го потврдил?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А кој свети отец тоа со гинеколошки преглед го потврдил?
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.

Никаде не наведов гинеколошки преглед, туку наведов како Црквата, што значи, како Светиите ја исповедаат Мајката Божја, согласно Светото Писмо и Предание и нејзиното Богоугодно живеење.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
демек на поверење?

марија имала најмалку 7 деца спрема новиот завет. Тешко дека останала невина на толку деца.

Нема некоје пусулче од медицинско лице дека била невина...? нема ни некоее пусулче од медицинско лице дека Исус бил мртов на крстот, дека не го спуштиле од крст онесвестен.... Не стојат овие прикаски на цврсти основи. Денес на суд нма туку така да помине ни невиноста на Марија, ни татковството на Јосиф ни смртта на Исус. Си има гинекологија, патологија, судска медицина, записници, комисии печати и потписи.
Денес има ред и закон.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
демек на поверење?
.
Верата подразбира и доверба во зборот, искажан од одреден авторитет, и токму таа доверба ја чини верата поинаква од мноштво овосветовни работи.
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:54 AM ---
марија имала најмалку 7 деца спрема новиот завет. Тешко дека останала невина на толку деца.
.
Може да пишува и 7, исто како што може да пишува 23, што не значи дека Богородица и ги родила.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom