Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Да. Македонката Лидија е првата Христијанка, европјанка. Ова е опишано во Делата на Апостолите, глава 16. Еве ти и еден линк плус, ако сакаш повеќе да прочиташ за тоа.

http://mk.orthodoxwiki.org/Света_Лидија_Македонка
Класично е за православците кои го величаат национализмот од се и сешто да прават македонско.
Лидија не била македонка, туку потекнувала од Тиатир што се наоѓа во Мала Азија (во пределот на денешна Турција).

„И некоја богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тиатир,“ (Дела 16:14, Библијата)

Тоа што таа тогаш се наоѓала во Македонија не значи и дека била македонка. Името Лидија веројатно го добила по античкото кралство Лидија кој се наоѓало блиску до Тиатир.
http://en.wikipedia.org/wiki/Lydia
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Секоја иднина во еден момент е сегашност, во друг минато.
Затоа убаво види сам дали и иднината е наша!!!!
Проф. Ферид Мухиќ, во една своја книга вели: „..А што друго ни преостанува, освен иднината?...„

„Сеќавањето„ на убавата иднина е својствено за лево ориентираните идеологии, не за религијата.
Сеќавањето на минатото е својствено за десно оринетираните идеологии, а во добар дел и за религијата.

А за тоа дали иднината е наша, знае само Господ Бог. а Ти самиот не можеш да дадеш апсолутно никаква гаранција дека ќе го дочекаш наредниов ден, а не дека ќе ја дочекаш „светлата„ и никад недочекана иднина.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е ајде, дај посочи од кое прашање сум избегал, а на кое ми е познат одговорот, кога веќе 3,5 години сум на форумов?
На ова:
Епа тогаш зошто си пишал не? Ако е целосно свесен за себе, значи дека ги препознава карактеристиките што ги имала личноста (карактерот), а ако ги памети сите настани од овоземниот живот, значи дека има меморија - сеќавања!
Е сега, кажи ми што е со оние што ги снаоѓа трајна или тотална амнезија? Тие индивидуи, ги губат токму овие две нешта! Целосната свесност за себе и сеќавањето на предходните настани!
Што значи тоа? Дека сега имаат нова душа?
--- надополнето: Sep 9, 2011 12:35 PM ---
Да, Он знае што ќе направиме во иднина. но еден современ богослов вели дека Бог ги знае идните настани слично на нашето сеќавање на минатото: ние го паметиме минатото само како точен настан а не како редослед/збирка од настани, кои произвеле одредена последица, која ни останала во сеќавање. Така, Бог ги знае идните настани не како стек од околности, т.е. однапред предодреден редослед од настрани кои ќе произведат одреден настан/последица, туку Он го „гледа„ само настанот, како потенцијална можност, а не како нужно/неизбежно предодреден настан, кој може но и не мора да се случи онака како што Бог го видел.

Бог Е дарител на слободната волја и Он не врши притисок на она кое самиот ни го дал.

Богословите велат: вчерашноста (минатото) можеме само да ја паметиме, но не и да ја промениме, утрешнината (иднината) е Божја а не наша, а само денешнината (сегашноста) е наша, а наша е затоа што денес можеме да почнеме со покајание и со добродетели.
Па исти к*рац, друга димензија! Ако идните настани се потенцијална можност која може НО И НЕМОРА да се случи, зошто бог не интервенира и не превземе нешто за да не се случи?!
Ако одговорот на тоа ти е дека така треба да се случи и дека тоа има некоја цел која ние не ја разбираме, тогаш што мајка бараат казната и наградата, т.е пеколот и рајот?!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Проф. Ферид Мухиќ, во една своја книга вели: „..А што друго ни преостанува, освен иднината?...„

„Сеќавањето„ на убавата иднина е својствено за лево ориентираните идеологии, не за религијата.
Сеќавањето на минатото е својствено за десно оринетираните идеологии, а во добар дел и за религијата.

А за тоа дали иднината е наша, знае само Господ Бог. а Ти самиот не можеш да дадеш апсолутно никаква гаранција дека ќе го дочекаш наредниов ден, а не дека ќе ја дочекаш „светлата„ и никад недочекана иднина.
Јас само изведов логичко следство од твојот пост.
Утрешниот ден е на Бог според тебе, но веќе утре ова време ќе биде мој.

Остави ги идеологиите - прашањето е дали навистина Бог учествува во твојата (нашата) иднина и со колкав процент.

Реалноста покажала дека е се помала неговата улога, и дека се повеќе ги откриваме неговите тајни.

И пак по не знам кој пат ќе посочам: СИТЕ СМЕ ЧЕДА НЕГОВИ, ПА ДАЈ НЕКА ДАДЕ НЕКОЈ ЗНАК ЗА НЕГОВАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕШТВОТО И ОЛЕСНУВАЊЕТО НА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА ХОМОСАПИЕНСОТ КАКО НЕГОВА НАЈМИЛА ТВОРБА. ВЕРУВАЈ МИ СИТЕ ЌЕ ГО ПРИФАТАТ ТОЈ ЗНАК И ЌЕ МУ СЕ ПОКЛОНАТ.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На ова:
Ако идните настани се потенцијална можност која може НО И НЕМОРА да се случи, зошто бог не интервенира и не превземе нешто за да не се случи?!
Бог интервенира на два начини:
- благоволи да се случи добар настан, како активен Божји принцип, во кој Бог учествува лично,
- допушта да се случи лош настан, како пасивен Божји принцип, во кој Бог не учествува лично.

Ако Бог учествува во се и сешто, тогаш ние би биле неслободни битија, обични малоумници, на кои треба се‘ да им се кажува, во текот од целиот нивен живот.

А која е волјата Божја, и што Бог очекува од нас, тоа е одредено во црковното учење. Надвор од тоа учење, постои своеглавоста човекова, која за последици ги има сите зла, познати во историјата.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Бог интервенира на два начини:
- благоволи да се случи добар настан, како активен Божји принцип, во кој Бог учествува лично,
- допушта да се случи лош настан, како пасивен Божји принцип, во кој Бог не учествува лично.

Ако Бог учествува во се и сешто, тогаш ние би биле неслободни битија, обични малоумници, на кои треба се‘ да им се кажува, во текот од целиот нивен живот.

А која е волјата Божја, и што Бог очекува од нас, тоа е одредено во црковното учење. Надвор од тоа учење, постои своеглавоста човекова, која за последици ги има сите зла, познати во историјата.
Нели ти се чини дека болдот е реалност за многумина:confused:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако одговорот на тоа ти е дека така треба да се случи и дека тоа има некоја цел која ние не ја разбираме, тогаш што мајка бараат казната и наградата, т.е пеколот и рајот?!
Напротив: волјата Божја е објавена, Христос лично дојде и се вмеша во човековата историја, така да смислата и целта веќе ни‘ се познати. Навистина, постојат нешта и категории, кои се недостапни и неразбриливи за човековиот ум, но за нас е сосема доволно ако ја следиме волјата од нашиот Творец, кој не‘ покани да бидеме Негови пријатели и богови по благодат, во Неговото Царство Небесно, оти така Он сака.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Бог интервенира на два начини:
- благоволи да се случи добар настан, како активен Божји принцип, во кој Бог учествува лично,
- допушта да се случи лош настан, како пасивен Божји принцип, во кој Бог не учествува лично.

Ако Бог учествува во се и сешто, тогаш ние би биле неслободни битија, обични малоумници, на кои треба се‘ да им се кажува, во текот од целиот нивен живот.

А која е волјата Божја, и што Бог очекува од нас, тоа е одредено во црковното учење. Надвор од тоа учење, постои своеглавоста човекова, која за последици ги има сите зла, познати во историјата.
Значи ако е добро е активен Бог, додека ако е лошо е пасивен истиот.

Многу лесно за памтење било, ефектот на Бог е обратен од вирусот на сида
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Напротив: волјата Божја е објавена, Христос лично дојде и се вмеша во човековата историја, така да смислата и целта веќе ни‘ се познати. Навистина, постојат нешта и категории, кои се недостапни и неразбриливи за човековиот ум, но за нас е сосема доволно ако ја следиме волјата од нашиот Творец, кој не‘ покани да бидеме Негови пријатели и богови по благодат, во Неговото Царство Небесно, оти така Он сака.
А тоа се?....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јде мој.
Остави ги идеологиите - прашањето е дали навистина Бог учествува во твојата (нашата) иднина и со колкав процент.
Да, Бог учествува во сечиј живот, некаде повеќе, некаде помалку, зависно од тоа дали Го прифаќам(е) или не, така што ги уредува околностите од нашиот живот, преку ко (околности) не‘ вразумува и не‘ упатува кон својата Црква, оти Он сака сите да се спасат.

Ова може да Ти го посведочи секој верник, дури и верник-почетник, кој поверувал и Го прифатил Бога, откако верникот се оддал на Богобарање и конечно, Го нашол Бога и се сретнал со Него.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бог интервенира на два начини:
- благоволи да се случи добар настан, како активен Божји принцип, во кој Бог учествува лично,
- допушта да се случи лош настан, како пасивен Божји принцип, во кој Бог не учествува лично.

Ако Бог учествува во се и сешто, тогаш ние би биле неслободни битија, обични малоумници, на кои треба се‘ да им се кажува, во текот од целиот нивен живот.

А која е волјата Божја, и што Бог очекува од нас, тоа е одредено во црковното учење. Надвор од тоа учење, постои своеглавоста човекова, која за последици ги има сите зла, познати во историјата.
Ова би имало некоја смисла, но проблемот што тука е судењето на бог....кој го допуштил тоа што на крај ќе го суди?!
Тоа не се совпаѓа во вашите верувања. Значи имаш бог кој допушта да се случи нешто и кој создава карактеристики и особини, за кој потоа суди и казнува или наградува.

-Ако бог мисли дека е добра идеа да ги допушти тие нешта, која е смислата на неговиот суд?!
-Ако пак за бог настанот кој го допуштил не е добра идеа, и порaди тоа им суди на другите и ги казнува, знчи дека не е совршен и дека прави грешки. Значи дека не е ништо подобар од обичен човек.

П.С. Пак го премолче првото прашање:
Епа тогаш зошто си пишал не? Ако е целосно свесен за себе, значи дека ги препознава карактеристиките што ги имала личноста (карактерот), а ако ги памети сите настани од овоземниот живот, значи дека има меморија - сеќавања!
Е сега, кажи ми што е со оние што ги снаоѓа трајна или тотална амнезија? Тие индивидуи, ги губат токму овие две нешта! Целосната свесност за себе и сеќавањето на предходните настани!
Што значи тоа? Дека сега имаат нова душа?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ј
Реалноста покажала дека е се помала неговата улога, и дека се повеќе ги откриваме неговите тајни.
Реалноста ни покажува нешто друго: дека колку е човекот (како род) по непобожен, дотолку е поголема оддалеченоста на човекот од Бога а не обратно. А Неговите тајни, никој жив не ги осознал во целина, туку само онолку колку Он дозволува и ни се објавува.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да, Бог учествува во сечиј живот, некаде повеќе, некаде помалку, зависно од тоа дали Го прифаќам(е) или не, така што ги уредува околностите од нашиот живот, преку ко (околности) не‘ вразумува и не‘ упатува кон својата Црква, оти Он сака сите да се спасат.

Ова може да Ти го посведочи секој верник, дури и верник-почетник, кој поверувал и Го прифатил Бога, откако верникот се оддал на Богобарање и конечно, Го нашол Бога и се сретнал со Него.
Мојот пост, и воедно прашање се однесуваше на дискриминацијата на своите чеда од страна на Отецот, при прифаќање на молитвите и при негово активно учество во креирањето на иднината, како и на тоа дека не им дава на сопствените чеда валиден и видлив доказ за неговата љубов.

Многу јасно напишано. Многу јасно побарано.

Но нема јасен одговор.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ј.
И пак по не знам кој пат ќе посочам: СИТЕ СМЕ ЧЕДА НЕГОВИ, ПА ДАЈ НЕКА ДАДЕ НЕКОЈ ЗНАК ЗА НЕГОВАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕШТВОТО И ОЛЕСНУВАЊЕТО НА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА ХОМОСАПИЕНСОТ КАКО НЕГОВА НАЈМИЛА ТВОРБА. ВЕРУВАЈ МИ СИТЕ ЌЕ ГО ПРИФАТАТ ТОЈ ЗНАК И ЌЕ МУ СЕ ПОКЛОНАТ.
Нема поголем знак, од првото Христово доаѓање и основањето на Црквата. Денес и тековно, веќе 2 000 г., Црквата е гласот Божји на Земјава. Бог не дојде за да ни понуди комфор и лесен живот, туку не повика на покајание и на напор, преку кој (напор), секој од нас може да заработи свое место во Рајот.
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:03 PM ---
А тоа се?....
Да го одживееме времево кое Он ни го дарува, но во покајание, во добродетел и, како што вели Црквата на секоја литургија: „...добар одговор на Страшниот Христов Суд да дадеме...„.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Реалноста ни покажува нешто друго: дека колку е човекот (како род) по непобожен, дотолку е поголема оддалеченоста на човекот од Бога а не обратно. А Неговите тајни, никој жив не ги осознал во целина, туку само онолку колку Он дозволува и ни се објавува.
Одамна ми стана јасно дека не можеме да докажеме дали Милан, Интер или Јувентус е најдобар италијански клуб, ама би требало да се сложиме околу некои факти.
Повторно наведуваш некои работи како вистини и велиш БОГ така сакал, Бог толку дозволил, Бог ова, Бог она.

Како очекуваш дискусија во која едниот соговорник вели Бог не постои, а ти сите факти му ги нудиш со реченицата БОГ САКА, БОГ ДОЗВОЛУВА итн..

Замисли сега некој од навивачите на Интер да го негира постоењето на Милан како клуб. Каде би одела дискусијата за тоа кој е подобар?

Дај затоа во сите свои објаснувања исклучи ја терминологијата Црквата вели вака, Бог вели вака и слично.
Пробај на друг начин.
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:06 PM ---
Нема поголем знак, од првото Христово доаѓање и основањето на Црквата. Денес и тековно, веќе 2 000 г., Црквата е гласот Божји на Земјава. Бог не дојде за да ни понуди комфор и лесен живот, туку не повика на покајание и на напор, преку кој (напор), секој од нас може да заработи свое место во Рајот.
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:03 PM ---

Да го одживееме времево кое Он ни го дарува, но во покајание, во добродетел и, како што вели Црквата на секоја литургија: „...добар одговор на Страшниот Христов Суд да дадеме...„.
Ок, пак истиот муабет. Ако веќе дошол зашто да не ни понуди комфор бе?????
ТИ на своето дете ќе му понудиш комфор ако можеш????

Или НЕ САКА ДА НИ ПОНУДИ, или НЕ Е МОЌЕН ДА ГО СТОРИ ТОА:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom