Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Што бараш ти на овој форум?
Дискутирам највеќе за Православното Христијанство. Ако некој постави прашање до Христијаните, се обидувам да одговорам. Или ако нешто ме интересира, прашувам овде. Ете од Мики1 научив многу работи. Тоа дибек, а не како тебе “да работам на бесмртноста“.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Аман бре, само 4000 години? Еми нели луѓето постојат веќе 100000 и повеќе години? Тоа атеизмот значи ептен е некоја новотарија. Што се случувало претходните 100000 години пред да се појави атеизмот? Се што тие верувале/знаеле било грешка?
Ето ти. Брза кучка слепи кучиња раѓа. ...а ти не читаш внимателно, па затоа и се бламираш, Боби.

Атеизмот е стар најмалку 4000 години.

Јас сум внимателен постер, па коа постирам, постирам проверени информации. Линкот го имаш во постот, кој не си го прочитал, безобразнику еден, ти го цитира изворот на проверената информација. Инаку, да, лично сметам дека атеизмот претходи на сите религии.

А ти пак не одговоараш, туку се криеш. Оти море, среќо?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако некој постави прашање до Христијаните, се обидувам да одговорам.
Ете јас поставив прашање што претставува поимот "душа" во христијанството? Дали под тој поим се подразбираат карактерот и меморијата на луѓето?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ето ти. Брза кучка слепи кучиња раѓа. ...а ти не читаш внимателно, па затоа и се бламираш, Боби.

Атеизмот е стар најмалку 4000 години.
Најмалку 4000, не е воопшто блиско до 100000. Така да, во што верувале луѓето за сите тие 100000 (ваши) години? Или остај тоа него кажи ми како може атеизмот да им претходи на сите религии. Како може некој да тврди дека не постојат богови, пред некој воопшто и да верува во нив? Дали тоа атеистите сами си измислиле некои антички божества и самите си ги негирале истите? Дибек, прво треба некој да поверува во Бог, а потоа да се јави некој атеист.
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
Edno prasanje do hristijanite...protestanti, pravoslavni, katolici

Dali e vistina deka veruvate ko Makedonci, Srbi, Rusi, Germanci a terate biznis ko Arapi

I neli e toa nekoj vid bogohulenje.
 
Н

нихилист

Гостин

Ако атеизмот се дефинира како неверување во божества тогаш атеизмот постоел пред религијата зошто боговите се човекова измислица, или па ако си верник атеизмот постоел пред доаѓањето на господовите пророци. Како и да е, атеизмот е најверојатно постар од религијата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Кои се тие „сите цркви„? Симболот од верата јасно укажува на „..една. света, соборна и Апостолска Црква...„
Абе една е, ама која е? МПЦ вика дека е една и дека тоа е она. И СПЦ вели дека е една и дека тоа се тие, но вие добивте анатема од СПЦ и не може да сте дел од „едната“.
И Католиците велат дека е една, ама дека тоа е Католичката црква, а не православните отцепници.
И адвентистите велат дека е една и дека тоа се тие. Итн.

Погрешно: само Цркватаа, која зад себе има колективно сеќавање од 2 000 г., може да каже дека е формирана на Педесетница!
А што е со „црквите“ како МПЦ за кои нема трага пред 50тина години? „Колективно сеќавање“ пффф какви ли се не фрази нема да измислите. Бар да се однесуваа за вас.

ОА е возобновњена во ликот од МПЦ. Никаде не напишав дека МПЦ постоела пред 20от век.
Убаво и фер од тебе што признаваш дека МПЦ не постоела пред 20ти век.
Тоа што МПЦ тврди дека е „возобновената„ ОА не значи дека тоа навистина е така. Зошто на пример црквата на Јован Вранишковски да не се смета за возобновината ОА? Кажи ми една причина зошто вие имате право да се сметате за возобновената ОА, а Јован нема? Јован барем има благослов од матичната црква СПЦ, за разлика од вас кои бунтовнички и без благослов се отцепивте од СПЦ.

Начелно, секоја новотарија и секоја промена во Црквата и нејзниното учење, не е враќање на изворот, туку отстапување од изворот!
Амин! Тоа значи дека МПЦ е мнооооогу далеку од изворот заради многубројните новотарии што ги накалемила низ вековите: икони, свети водички и други „осветени“ реликвии, принесување свеќи за живи, мртви, здравје, бериќет, обожавање светци, обожавањето на Богородица, воздигање култни личности, правење разни курбани, митарства, поклониение на мошти, монаштво, прекрстување со рака, национализам и етнофилетизам во црквата, побратимување со власта и мешање во политика, ценовници, бизнис со хотели и земјишта итн.

А Библијата веќе е дел од Црквата, така да нема(ме) страв од „библиска неписменост„. Библијата е ВО Црквата а не Црквата ВО Библијата!
Залудно е присутна Библијата во некоја градба со крст на врвот ако истата не се чита, не се поучува и не се применува од верниците. Залудно е дури ако Библијата е во рацете на свештеникот, ако тој само си го пее текстот во неа, а си проповеда човечки преданија и бабини деветини.
А дека 99.9% од нашиов народ се Библиски неписмени, тоа не е никаква тајна, а најмалку пак моја лична констатација. Стани од пред мониторот и прошетај малку меѓу народот и направи една анкета (формална или неформална) и ќе видиш дека мнозинството не можат да набројат ни 4 од 10-те Божји заповеди (обично ги кажуваат само не лажи не кради и не убивај), не знаат ни зошто дошол Исус за Земјата, мислат дека Христос е презимето на Исус, мислат дека Библијата на долго и широкот зборува за иконите (не знаат дека единствена икона спомната во Новиот завет е иконата на Ѕверот), не знаат ни каде е роден Исус, а некои дури велат дека Александар Македонски бил православен македонец :)

Возобновената МПЦ доби благослов и преемство од СПЦ, за да се запази редот и континуитетот.
МПЦ не добила благослов од СПЦ, освен ако анатемата не ја сметаш за благослов :)
Ќе се запазеше православниот ред и православниот континуитет ако МПЦ добиеше благослов и автокефалност од СПЦ. Но таа не доби и затоа самата си се отцепи и самата бунтовнички спротивно на православните канони си самопрогласи автокефалност. Тоа не е редот (православен). Тоа е безредието.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
....:pos:....
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:13 PM ---
Атеизмот постои најмалку колку ведите (то му доџе, друже, бар 4000 години)
.
Dream on...
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:14 PM ---
Абе една е, ама која е? МПЦ вика дека е една и дека тоа е она. И СПЦ вели дека е една и дека тоа се тие, но вие добивте анатема од СПЦ и не може да сте дел од „едната“.
И Католиците велат дека е една, ама дека тоа е Католичката црква, а не православните отцепници.
И адвентистите велат дека е една и дека тоа се тие. Итн.

А што е со „црквите“ како МПЦ за кои нема трага пред 50тина години? „Колективно сеќавање“ пффф какви ли се не фрази нема да измислите. Бар да се однесуваа за вас.

Убаво и фер од тебе што признаваш дека МПЦ не постоела пред 20ти век.
Тоа што МПЦ тврди дека е „возобновената„ ОА не значи дека тоа навистина е така. Зошто на пример црквата на Јован Вранишковски да не се смета за возобновината ОА? Кажи ми една причина зошто вие имате право да се сметате за возобновената ОА, а Јован нема? Јован барем има благослов од матичната црква СПЦ, за разлика од вас кои бунтовнички и без благослов се отцепивте од СПЦ.

Амин! Тоа значи дека МПЦ е мнооооогу далеку од изворот заради многубројните новотарии што ги накалемила низ вековите: икони, свети водички и други „осветени“ реликвии, принесување свеќи за живи, мртви, здравје, бериќет, обожавање светци, обожавањето на Богородица, воздигање култни личности, правење разни курбани, митарства, поклониение на мошти, монаштво, прекрстување со рака, национализам и етнофилетизам во црквата, побратимување со власта и мешање во политика, ценовници, бизнис со хотели и земјишта итн.

Залудно е присутна Библијата во некоја градба со крст на врвот ако истата не се чита, не се поучува и не се применува од верниците. Залудно е дури ако Библијата е во рацете на свештеникот, ако тој само си го пее текстот во неа, а си проповеда човечки преданија и бабини деветини.
А дека 99.9% од нашиов народ се Библиски неписмени, тоа не е никаква тајна, а најмалку пак моја лична констатација. Стани од пред мониторот и прошетај малку меѓу народот и направи една анкета (формална или неформална) и ќе видиш дека мнозинството не можат да набројат ни 4 од 10-те Божји заповеди (обично ги кажуваат само не лажи не кради и не убивај), не знаат ни зошто дошол Исус за Земјата, мислат дека Христос е презимето на Исус, мислат дека Библијата на долго и широкот зборува за иконите (не знаат дека единствена икона спомната во Новиот завет е иконата на Ѕверот), не знаат ни каде е роден Исус, а некои дури велат дека Александар Македонски бил православен македонец :)

МПЦ не добила благослов од СПЦ, освен ако анатемата не ја сметаш за благослов :)
Ќе се запазеше православниот ред и православниот континуитет ако МПЦ добиеше благослов и автокефалност од СПЦ. Но таа не доби и затоа самата си се отцепи и самата бунтовнички спротивно на православните канони си самопрогласи автокефалност. Тоа не е редот (православен). Тоа е безредието.
И така натаму...
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:20 PM ---
урова ти била црквата твоја благородна.
Еден од најпознатите и најцитираните атеисти во човековата историја, Епикур, добри 300 години пред „наводниот“ Исус, раскрстил со идиотското тврдење за семоќен, сезнаен, сеприсутен Бог и го поставил Проблемот на злото во светот. Секој обид да се зборува за Бог после овој 2000 и кусур години стар цитат е ин-фан-тил-но. ...ок, или игнорантно.
Вадиш „нешто„ од контекст, тврдиш дека си ја открил вистината а всушност, наликуваш на протестант, кој „...зема само колку му треба...„. Чисто информативно: тргни го Ти настрана Епикур, оти и пред него и после него, имаше елиниски философи. Во т.н. „систематски период„ од елинската философија, Бог и тоа како фигурира, особено кај Аристотел. Богословите веќе претпоставуваат дека подоцнежните елински философи, од Платона па на даље, го имале при рака Петокнижието Мојсеево!

Разбира се, ако се повикаш на излоран случај, како на пример со Анаксимандер, ќе го видиш чак и зачетокот на еволуцијата, оти Анаксимандер велеше дека „..човекот настанал од риба...„ :icon_lol:
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:25 PM ---
Ете јас поставив прашање што претставува поимот "душа" во христијанството? Дали под тој поим се подразбираат карактерот и меморијата на луѓето?
Не. Карактерот е одлика на човекот како комплетно битие а меморијата е спосбност од мозокот да памети. Духот човеков, после телесната смрт, е целосно свесен за себе и ги памети сите настани од овоземниот живот.

Душата е понизок (сеуште нематеријален) дел од човековиот дух, кој е „спона„ меѓу телото и духот човеков. Душата чуствува и умува, а духот е нематеријален, бесмртен, разумен и слободно волен.
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:28 PM ---
Стравот не е мала заебанција.
Стравот Божји е почетокот на мудроста...ама за кого-како.
А световната мудрост, пред Бога е лудост.
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:31 PM ---
Инаку, да, лично сметам дека атеизмот претходи на сите религии.
А освен што „..лично сметаш...„ (што е теееежок субјективизам..) што друго ќе наведеш како поткрепа за „долготрајноста„ од атеизмот?
 
Н

нихилист

Гостин
Вадиш „нешто„ од контекст, тврдиш дека си ја открил вистината а всушност, наликуваш на протестант, кој „...зема само колку му треба...„
Мики1, ме интересира, како ти би го објаснил или оправдал проблемот со злото. Значи од една страна го имаме Бог кој е сезнаен, семоќен и добар а од друга страна злото. Логички е да претпоставиме дека дури и пред креацијата на овој универзум Господ знаел дека 13тина милијарди години подоцна (или 6 илјади години ако си young earth creationist) одреден човек наречен Хитлер ќе дојде на власт и ќе го однесе светот во 6 годишна војна во која ќе загинат милиони. Тој истотака со својата сезнајност знаел уште пред самиот акт на креација дека јас на 15 годишна возраст ќе станам атеист и со тоа ќе си ја запечатам својата судбина со вечно проклетие, иста судбина делат милиони неверници. Знаел дека (повторно да напоменам, И ПРЕД создавањето на универзумот) дека по некое време Адам и Ева ќе заебат работа и ќе гризнат од јаболкото со што ќе го турнат човештвото во мизерија.

Господ кој е надвор од времето и е сезнаен и семоќен морал да знае за секоја лоша работа која се случила, се случува и ќе се случи пред самата креација на универзумот, тоа и се подразбира под сезнајност. Е сега прашањето е зошто воопшто не создал кога го поседувал тоа знаење или кога веќе не создал зошто не ги спречил сите злодела ако навистина е "љубов". Кое е твоето мислење?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не. Карактерот е одлика на човекот како комплетно битие а меморијата е спосбност од мозокот да памети. Духот човеков, после телесната смрт, е целосно свесен за себе и ги памети сите настани од овоземниот живот.
Епа тогаш зошто си пишал не? Ако е целосно свесен за себе, значи дека ги препознава карактеристиките што ги имала личноста (карактерот), а ако ги памети сите настани од овоземниот живот, значи дека има меморија - сеќавања!
Е сега, кажи ми што е со оние што ги снаоѓа трајна или тотална амнезија? Тие индивидуи, ги губат токму овие две нешта! Целосната свесност за себе и сеќавањето на предходните настани!
Што значи тоа? Дека сега имаат нова душа?
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:37 PM ---
Стравот Божји е почетокот на мудроста...ама за кого-како.
А световната мудрост, пред Бога е лудост.
It is not the fear of god that is the beginning of wisdom, but the knowledge of self, wich is tne wisdom itself - H.P. Blavatsky
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Edno prasanje do hristijanite...protestanti, pravoslavni, katolici

Dali e vistina deka veruvate ko Makedonci, Srbi, Rusi, Germanci a terate biznis ko Arapi

I neli e toa nekoj vid bogohulenje.
Вистина е.
Не е.
--- надополнето: Sep 6, 2011 3:41 PM ---
Епа тогаш зошто си пишал не? Ако е целосно свесен за себе, значи дека ги препознава карактеристиките што ги имала личноста (карактерот), а ако ги памети сите настани од овоземниот живот, значи дека има меморија - сеќавања!
Е сега, кажи ми што е со оние што ги снаоѓа трајна или тотална амнезија? Тие индивидуи, ги губат токму овие две нешта! Целосната свесност за себе и сеќавањето на предходните настани!
Не е ист светогледот, кога си и кога не си инкарнат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мики1, ме интересира, како ти би го објаснил или оправдал проблемот со злото. Значи од една страна го имаме Бог кој е сезнаен, семоќен и добар а од друга страна злото. Логички е да претпоставиме дека дури и пред креацијата на овој универзум Господ знаел дека 13тина милијарди години подоцна (или 6 илјади години ако си young earth creationist) одреден човек наречен Хитлер ќе дојде на власт и ќе го однесе светот во 6 годишна војна во која ќе загинат милиони. Тој истотака со својата сезнајност знаел уште пред самиот акт на креација дека јас на 15 годишна возраст ќе станам атеист и со тоа ќе си ја запечатам својата судбина со вечно проклетие, иста судбина делат милиони неверници. Знаел дека (повторно да напоменам, И ПРЕД создавањето на универзумот) дека по некое време Адам и Ева ќе заебат работа и ќе гризнат од јаболкото со што ќе го турнат човештвото во мизерија.

Господ кој е надвор од времето и е сезнаен и семоќен морал да знае за секоја лоша работа која се случила, се случува и ќе се случи пред самата креација на универзумот, тоа и се подразбира под сезнајност. Е сега прашањето е зошто воопшто не создал кога го поседувал тоа знаење или кога веќе не создал зошто не ги спречил сите злодела ако навистина е "љубов". Кое е твоето мислење?
Јас тоа го имам прашано Мики неколку пати, дури и посебна тема му отворив.

http://forum.kajgana.com/threads/Христијанството-и-проблемот-на-злото.48517/

Бега Мики од тоа прашање како рогатиот од крстот...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Pa dobro ova e poznato use antickite ateisti isto razmisluvale ako moze a ne saka e los bog ako saka a ne moze ne e bog i jasno e Bog ne pomaga posto saka da te iskusa ti da pomognes, toa ti e kako na primer ti mi baras pomos a jas mozam da ti pomognam no ne ti pomagam oti sakam da go stavam na iskusenie Trpe za da ti pomogne iako znam deka ni on nema da ti pomogne. A za hristijanstvoto ima edno malo knivce Razgoleno Hristijanstvo od Pol Holbah go pravi lom hristijanstvoto, ustvari site religii se isti kurac samo u razlivni pakuvanja posto edino gi razlikuvaat ritualite dogmite estetikata ikonografijata arhitekturata terminologijata i sl....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom